Author: Ivana
Собранието во рамките на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 57-та седница без расправа, едногласно со 62 гласа „за“ го донесе Законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Финансискиот договор наменет за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, дел на Северна Македонија“, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје, во државна сопственост. Во рамките, пак, на 51-та седница пратениците го разгледаа Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, во…
Премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ во авторска статија за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), ја повикаа новата германска влада да ја поддржи иницијативата Отворен Балкан, јави дописиникот на МИА од Белград. -Се надеваме дека новата влада во Германија ќе ја прифати и поддржи иницијативата Отворен Балкан како придонес за целосно спроведување на Берлинскиот процес, изјавија тројцата лидери, а пренесува Дојче веле. Во текстот тие истакнаа дека Европа не е само континент, туку и визија, но оценија дека граѓаните на Западен Балкан „кои се значаен дел од континентот…
Францускиот медицински регулатор ХАС (Haute Autorite de Sante) денеска ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на Фајзер/Бионтек за деца на возраст од 5 до 11 години. – ХАС сугерира дека сите родители кои сакаат да го направат тоа да можат да ги вакцинираат своите деца на возраст од 5 до 11 години, рече докторка Лиз Алтер, која е задолжена за проценка на ризикот од нови лекови. Таа додаде дека вакцината што ќе им се дава на децата покажала висока ефикасност на таа возраст. Минатата недела Франција почна да ги вакцинира децата со здравствени проблеми за кои е потребна посебна заштита. Францускиот претседател Емануел…
Правиме уште еден исчекор кон унапредување на работничките права и социјалната правда, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук откако во Собранието денеска беа изгласани измените на Законот за работни односи со кои од 1 јануари 2022 недела станува неработен ден односно ден на неделен одмор. – Со ова законско решение се овозможува воспоставување рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот. Оваа рамнотежа придонесува работникот да биде поефикасен и помотивиран на работното место, а од друга страна да има и приватен живот – семеен и социјален, што ги задоволува неговите потреби и потребите на неговите блиски. Им честитам на сите…
Властите во Германија планираат да воведат „лесен локдаун“ од 28 декември, и покрај прелиминарни планови да не ги заоструваат ограничувањата за вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19. Според порталот Фокус онлајн, кој имал увид во предлогот за новите мерки, тие се очекува да бидат усвоени на утрешната владина седница. Германскиот канцелар Олаф Шолц и лидерите на 16 германски сојузни покраини утре попладне треба да разговараат за планираните мерки. Германија планира да ги ограничи приватните собири на максимум 10 лица кои биле вакцинирани или прележале Ковид-19, а истите ограничувања ќе важат и на отворен и на затворен простор, со тоа што децата помали од…
Министерството за образование и наука објави повторен конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година. Конкурсот е за вкупно 1205 места во девет студентски домови во Скопје, Битола, Охрид, Штип, Прилеп и Тетово. Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. Рокот за пријавување почнува денеска и ќе трае до 31декември 2021. Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk. Доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната…
Во овој момент имаме потврдени 26 случаи на варијантата Омикрон, но да не се задржиме на оваа бројка, бидејќи се очекува да видиме повеќе случаи, рече претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција Теоклос Заути, јави дописничката на МИА од Атина. Заути објасни дека поголемиот број од овие случаи не се поврзани со патување во некоја од земјите каде што е раширен новиот сој. -Ова ни покажува дека вирусот е присутен во нашето општество, истакна претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција и додаде дека случаите се регистрирани на Крит, во областа Атика, поширокиот регион на…
Бугарскиот претседател Румен Радев за време на разговорите со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Софија повикал Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и Препсанскиот договор меѓу Грција и Северна Македонија да бидат вклучени во преговарачката рамка за членство на Северна Македонија во ЕУ, соопшти прес-центарот на бугарскиот претседател. Како што јави дописникот на МИА од Софија, заедничкиот став на двајцата бил дека европската интеграција на Република Северна Македонија е во интерес на целиот регион, но процесот треба да се поврзе со почитување на европските вредности и преземените обврски во билатералните договори. Друга тема на…
Германија се соочува со огромен петти бран на пандемијата на коронавирусот предизвикана од варијантата омикрон, што ќе го стави здравствениот систем под сериозен притисок, изјави министерот за здравство Карл Лаутербах, јави ДПА. – Претпоставувам масивен петти бран, рече Лаутербах во Хановер. – Мораме да претпоставиме дека бранот со омикрон варијантата, со кој сега се соочуваме, а кој според мене не можеме да го спречиме, ќе претставува огромен предизвик за нашите болници, нашите единици за интензивна нега и за општеството како целина. – Тој предизвик може да биде поголем од кој било досега, рече министерот, посочувајќи на британското искуство со бранот…
И покрај тоа што до Нова Година не делат неполни две недели, засега не се најавуваат нови рестриктивни мерки за заштита од новиот сој на Ковид-19 наречен омикрон. Имено, министерот за здравство, Венко Филипче пред извесен период изјави дека на сила остануваат сегашните мерки кои според него, се добро димензионирани и се става акцент на вакцинацијата. – Некаква рестрикција во однос на затворање на границите, карантин за патниците кои доаѓаат од одредени земји нема да даде ефект поради тоа што е очигледно дека кога ќе се појави нов сој не може да се ограничи само на една територија. Остануваме со…
Најмалку 22 луѓе починаа во Истанбул, а 16 се хоспитализирани и се во тешка здравствена состојба откако пиеле илегален алкохол, соопшти денеска Канцеларијата на локалниот гувернер. Турските власти ги интензивираат мерките против фалсификуваните пијалоци ширум земјата пред Нова година. Единаесет од починатите и петмина од хоспитализираните се странци. Полицијата уапси четири лица под сомнение дека се поврзани со производство и продажба на алкохол. Во изминатите четири дена од труење до метил алкохол починаа 26 луѓе во девет турски провинции, вклучително и Истанбул. Властите извршија рација на околу 300 локации низ Турција и запленија илјадници литри нелегален алкохол со цел да…
На 20 и 21 декември во Тирана ќе се одржи средба во рамки на иницијативата Отворен Балкан, на која е најавено присуство на македонскиот премиер Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама. Меѓу другото, на оваа средба, се очекува да биде потпишан Меморандум за работни визи меѓу трите земји. Веднаш по веста за средбата поранешниот претседател и експремиер, Сали Бериша, повика на национални протести, кои, како што изјави, се први во рамките на „револуцијата“ и имаат две главни цели, против Отворен Балкан и против националната кражба, односно според него, обидите на Рама и Вучиќ за…