Author: Ivana

Претседателот на Бугарија Румен Радев за време на престојот во Брисел за европското електронско издание Еуроактив изјави дека Република Северна Македонија мора да го промени својот Устав. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Радев ова би бил чекор кон решавање на спорот меѓу Софија и Скопје. Според Радев, се смета дека Бугарија и Република Северна Македонија се во процес на повторно преговарање за Договорот за пријателство и добрососедство, но тоа не е така. -Ние сме во процес на барање начин за подобро спроведување на овој договор. Договорите треба да се почитуваат. Ова е главен предуслов за да…

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,  очекува веќе следната година да има парламентарни избори на кои, како што вели, ВМРО-ДПМНЕ со големо мнозинство ќе ја формира идната влада.-Во 2022 година очекувам предвремени парламентарни избори, и ќе работиме да има предвремени парламентарни избори, а потоа очекувам со големо мнозинство ВМРО-ДПМНЕ да формира нова, стабилна влада која ќе може да се справи со предизвиците кои оваа влада не може да ги реши, истакна Мицкоски вчера во гостување на ТВ21.Мицкоски објасни дека предизборното коалицирање со некои од албанските партии како можност зависи од многу фактори кои се пред се заедничките интереси и заедничката платформа…

Read More

Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има повремен локален снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени. Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 8 степени. Во сабота ќе дува засилен северен ветер и ќе има повремени локални врнежи од снег.…

Read More

Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија и заменик амбасадорот Џулијан Васало денеска ќе го посетат Југозападниот плански регион. – Прва станица ќе биде општина Кичево, со посета на градоначалникот Фатмир Дехари и министерот за здравство Венко Филипче на Општата болница, каде што е обезбеден скенер за компјутерска томографија (КТ) од Европската Унија. Следна станица ќе биде болницата „Свети Еразмо“ во општина Охрид каде на амбасадорот Гир, министерот Филипче и на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп ќе им биде претставен апаратот за магнетна резонанца (МРИ) набавен од Европската Унија. Амбасадорот Гир заедно со градоначалникот Кирил Пецаков попладне ќе ги посетат просториите на поранешната армиска…

Read More

Целта да се обезбедат стабилна Влада и стабилно парламентарно мнозинство кои дејствуваат исклучиво во интерес на граѓаните и на државните интереси е исполнета, порачаа по вчерашната работна средба во Владата премиерот Зоран Заев, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ДУИ Али Ахмети. Следните парламентарни избори, како што информираа од владината прес-служба, се очекува да бидат редовни и да се одржат во 2024 година, а дотогаш Владата ќе испорача економски резултати, брзи и квалитетни услуги кон граѓаните и успешно справување со пандемиската и со енергетската криза. – Заев, Ахмети и Ковачевски се согласни дека новата Влада ќе биде целосно…

Read More

Власта уверува дека цената на електричната енергија по Нова Година нема да се поскапи повеќе од 10 проценти, иако некои од медиумите објавија дека новата цена на струјата ќе биде повисока за 38 проценти. Економските министри уверуваат и дека ќе се обезбеди доволно количина на електрична енергија за нормално функционирање на домаќинствата. Министерот за економија Крешник Бектеши останува на веќе изнесениот став дека поскапувањето на струјата ќе биде најмногу до 10 отсто.  – Ние ги направивме сите анализи, и не само јас како министер за економија, туку и другите институции беа вклучени како што се ЕСМ, ЕВН, МЕПСО, и согласно нашите анализи…

Read More

Втората епидемија на болеста ебола оваа година во Демократска Република Конго и официјално е прогласена за завршена, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), пренесе ДПА. Источната провинција Северен Киву, каде што на 8 октомври беше пријавен првиот случај, беше зафатена од епидемијата, а во овој период вкупно 11 лица се разболеа од ебола, додека уште три се воделе како сомнителни случаи. Шест од пациентите, меѓутоа, починале од ебола, пренесе ДПА. Претходната епидемија во Северен Киву беше официјално прогласена за завршена во мај. Сите случаи се регистрирани во близина на градот Бени, каде што епидемија на ебола веќе имаше од 2018 до…

Read More

Европската комисија денеска соопшти дека склучила договор со американската фармацевтска компанија Модерна за забрзување на испораката на нејзината вакцина против Ковид во обид побрзо да го запре ширењето на омикрон варијантата. Голем број земји-членки на Европската унија, особено Германија, се соочуваат со краткорочна потреба поради брзото ширење на високо заразниот сој, објави Гардијан. Модерна се согласи да испорача 10 милиони дози во Германија во декември и 25 милиони дополнителни дози во првиот квартал од 2022 година. Студијата објавена од Медицинскиот факултет LKS на Универзитетот во Хонг Конг вели дека омикрон расте 70 пати побрзо во бронхиите од варијантата делта, но…

Read More

На неколку дена пред католички Божик, шестмина баратели на азил денеска ќе пристигнат од Кипар во Италија, каде се надеваат дека ќе започнат нов живот. Тие доаѓаат на покана на папата Франциск, кој на почетокот на декември го посети медитеранскиот остров. Извор од Ватикан соопшти дека првата група мигранти од Кипар треба да пристигне во Рим денеска. Трансферот го координира Заедницата Свети Егидиј, која редовно организира ваков вид на акции преку хуманитарни коридори. Мигрантите утре ќе бидат примени во Ватикан на приватна аудиенција. Кипарските власти објавија дека „12 од 50-те баратели на азил што ги избра папата Франциск за време…

Read More

Курсот на Украина за влез во НАТО останува непроменет, а поддршката за тоа во заедницата расте, изјави денеска украинскиот претседател Владимир Зеленски, шпо средбата во Брисел со со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. -Нашиот евроатлантски курс останува непроменет, а поддршката за тоа во украинското општество расте, кажа Зеленски на прес-конференцијата по средбата со Столтенберг, пренесоа агенциите. Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, претходно изјави дека никој не треба да одлучува за перспективите за членство на земјата во ЕУ и НАТО, освен украинскиот народ и самите асоцијации. Украинскиот Парламент во февруари 2019 година усвои амандмани на Уставот, со што беше…

Read More

 НАТО верува дека Русија се однесува како агресор кон Украина и тоа мора да се промени, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата во Брисел, по средбата со претседателот на Украина Володимир Зеленски. -Гледаме значителна акумулација на воени сили околу Украина, тенкови и многу опрема. Тоа е неоправдано и ја поткопува безбедноста на Украина и Европа, рече Столтенберг, пренесен од агенциите. Генсекот на НАТО нагласи дека Алијасната нема да прави компромиси „за правото на Украина да го избере својот пат, ниту пак за правото на Алијансата да ги штити и брани своите сојузници“. Тој додаде дека соработката…

Read More

 Кралицата Елизабета Втора го откажа предбожиќниот ручек со своето семејство поради претпазливост бидејќи расте бројот на заразени со коронавирус во Велика Британија, откри извор од Бакингемската палата. – Одлуката е мерка на претпазливост бидејќи се верува дека премногу луѓе ќе бидат загрозени доколку се остварат божиќните планови. Иако постои жалење поради откажувањето, сепак, владее убедување дека тоа е вистинската одлука за сите, рекол изворот, пренесува Хина. Шефот на англискиот институт за јавно здравје Крис Вити ги повика луѓето да избегнуваат собири кои не се неопходни во пресрет на Божиќ, откако вчера Велика Британија регистрираше рекорден број на новозаразени од почетокот…

Read More