Author: Ivana

Бундестагот ја одобри одлуката за задолжителна вакцинација на здравствените работници. Долниот дом на германскиот парламент усвои нацрт-закон со кој се бара здравствените работници и војниците да се вакцинираат против Ковид-19, што е првиот чекор кон можни задолжителни вакцини за сите возрасни лица. Големо мнозинство пратеници во Бундестагот гласаа за мерката со која се бара персоналот во болниците, лекарските ординации и домовите за стари лица да бидат целосно вакцинирани. Бундесратот или Горниот дом на парламентот се очекува да го усвои законот подоцна денеска, откако слични чекори презедоа Франција, Италија, Велика Британија и Грција. За другиот, поконтроверзен закон, со кој вакцината ќе…

Read More

Во Собранието на Северна Македонија се доделува државната награда „Мето Јовановски“. Станува збор за  највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Како што соопштија од Одборот за доделување на наградата, главни добитници годинава се Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски.

Read More

Централната изборна комисија, задолжена за спроведување на вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, коишто ќе се одржат в недела, на 12 декември, информира дека согласно Правилникот за постапката и роковникот активно се регистрирани 51.228 членови на СДСМ а пријави се пристигнати и по истекување на предвидените рокови. -Од овие причини, имајќи го предвид краткиот временски рок за активна регистрација, но и интересот на членовите на СДСМ, Централната изборна комисија донесе одлука да им се овозможи на сите членови кои поседуваат електронска членска картичка да може да се регистрираат на самото гласачко место и да гласаат на вонредните внатрепартиските избори, се наведува во соопштението од…

Read More

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е се поблиску до екстрадиција од Велика Британија во САД откако американската Влада денеска го доби случајот за екстрадиција во Лондон, јавува Би-Би-Си. Високиот суд на Обединетото Кралство ја одобри жалбата на американската Влада на претходната одлука на понискиот Окружен суд да го одбие екстрадирањето на Асанж, отворајќи ја вратата за неговото евентуално судење на американска територија под обвинение за шпионажа. Случајот сега повторно ќе биде вратен на понискиот суд, каде повторно ќе се расправа. Окружниот суд во јануари го одби американското барање за екстрадиција, наведувајќи ја како причина неговата ранлива психичка состојба, но и…

Read More

Германските пратеници денеска расправаат за нацрт-законот со кој задолжителната вакцинација на вработените во болниците и домовите за стари лица ќе биде услов за работа во тие институции. Министерот за здравство Карл Лаутербах во парламентот изјави дека е несовесно што луѓето кои работат со особено ранливи луѓе се уште не се вакцинирани. Предлог-законот, кој најверојатно ќе биде усвоен, е првиот од двата закони со кои ќе се воведе задолжителна вакцинација во Германија. За другиот, поконтроверзен закон, со кој вакцината ќе биде задолжителна за сите, парламентот веројатно ќе расправа следниот месец. Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија се противи на задолжителна вакцина…

Read More

Мнозинство од 102 пратеници денеска гласаа „против“ зелениот сертификат да биде задолжителен документ за влез во Народното собрание на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, воведувањето на документот е предложено од опозициската коалиција ГЕРБ-СДС, а идејата претходно била разгледана на две средби неделава. Против се изјаснија БСП, „Има таков народ“ и антиваксерската партија „Препород“ која има најмал број пратеници во 47. Народно собрание. Со ваквиот исход од гласањето истовремено се прифати предлогот на најбројната партија во бугарскиот Парламент „Промените продолжуваат“, пратениците кои се во каранатин да можат да учествуваат во работата на парламентот од дома. Пратеникот од…

Read More

Израел одлучи да ги продолжи за уште 10 дена строгите ограничувања за патување, вклучително и забрана за влез на странски државјани, во обид да го запре влезот во земјата на лица заразени со новиот сој на коронавирус омикрон. Во соопштението објавено синоќа од израелскиот премиер Нафтали Бенет и министерот за здравство Никан Хоровиц, ограничувањата за патниците кои пристигнуваат на меѓународниот аеродром Бен Гурион ќе траат најмалку до 22 декември. Според сегашните мерки, сите Израелци кои се враќаат од странство мора да одат во изолација додека не добијат потврда за негативен ПЦР тест, додека оние кои доаѓаат од земји со висок…

Read More

Соочени со предизвиците на денешнината, мора да застанеме во одбрана на човековите права повеќе од кога и да е, и да обезбедиме целосна имплементација на Европската конвенција и пресудите на Европскиот суд за човекови права, изјави генералната секретарка на Советот на Европа по повод Денот на човековите права, кој се одбележува на 10 декември. „Човековите права, демократијата и владеењето на правото се под голем притисок. Сега повеќе од кога било мораме да останеме верни на нашите вредности, кои се отелотворени и во Конвенцијата за човекови права, и да обезбедиме брза и ефективна имплементација на пресудите на Европскиот суд“, рече Марија…

Read More

Изминативе 20 години постојано работевме на подигнување на нашите капацитети меѓутоа и на капацитетите на работодавачите и на целокупната економија. Сметаме дека тоа е една визија која ја негуваме со години наназад, дека мораме да ја спроведеме низ една системска мисија, а тоа е исклучиво работа, посветеност кон подобрување на економската состојба, подобрување на животниот стандард на луѓето и нормално човековите и работничките права, истакна Миле Бошков претседател на Бизнис конфедерација на Македонија, на денешното одбележување „20 години БКМ во функција на бизнисот”. Тој посочи дека во текот на изминатите години настојувале да одржат ниво на сериозен партнер. – Низ…

Read More

Најмалку девет лица загинаа, а десетици други се ранети во напад врз џамија во северна Нигерија, за време на утринска молитва, соопшти локалната полиција. Полицискиот комесар Бала Курјас потврди дека нападот се случил во селото Бааре, во областа Машегу, јавуви Анадолија. -Командата на државната полиција веќе ангажираше безбедносни сили во погодената област за натамошна заштита на животите и имотот во оваа заедница, рече Курјас. Полицијата е во потрага по осомничените напаѓачи, кои наводно нападот го извршиле кога локалното население било на утринска молитва. Очевидецот Ахмад Јау изјави дека ранетите се префрлени во болницата Контагора. Нападот се случува на помалку од…

Read More

Готови се финалните текстови од коалицискиот договор за формирање влада меѓу четирите партии Промената продолжува (ПП), БСП, ИТН и ДБ. Коалицискиот договор се очекува да биде одобрен до крајот на денот, јави БГНЕС. Сегашната верзија на договорот вели дека ќе има 4 вицепремиери, ИТН без вицепремиер, но со 4 министерства. Премиерот ќе биде од ПП. Партијата ќе предложи вицепремиер и министер за финансии. ПП ќе предложи и министри за образование, здравство, внатрешни работи, одбрана, транспорт, како и министер за раст и иновации и министер за култура. БСП ќе предложи министер за социјала, вицепремиер и министер за економија, како и министер…

Read More

Родителите на децата од пет до 11 години во Грција, од денеска можат да закажат термин за вакцинација на нивните деца, која ќе започне следната среда, јави дописничката на МИА од Атина. Платформата за пријавување и закажување термин е веќе отворена, се очекува во понеделник во земјата да пристигнат вакцините на Фајзер наменети за децата, со оглед на тоа дека дозите се помали, а вакцинацијата ќе започне во среда. Вакцинацијата ќе биде во болниците, во првата фаза ќе бидат отворени центри за детска  вакцинација во 75 делови на Грција, додека пак за островите и за оддалечените места предвидени се мобилни…

Read More