Author: Ivana

Kомпанијата Фајзер денеска соопшти дека засилувачката доза на нејзината анти-ковид вакцина може да заштити од Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, иако првите две дози се чини дека се значително помалку ефикасни. Фајзер и неговиот партнер Бионтек соопштија дека лабораториските тестови покажуваат дека бустер дозата ги зголемува таканаречените неутрализирачки антитела против Омикрон за 25 пати. Фајзер објави прелиминарни лабораториски податоци во соопштение за печат, но тие сè уште не поминале научен тест. Компаниите веќе работат на правење вакцина против Омикрон во случај да има потреба. Научниците шпекулираат дека високиот скок на антителата што се појавуваат со третата доза на анти-ковид вакцини може да…

Read More

Со симболично боење сива инсталација поставена на плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска беше означен почетокот на кампањата „Внеси боја во сивата економија“, чија цел е да се подигне свеста кај граѓаните за последиците од нерегистрираните економски субјекти и да се поттикне намалувањето на сивата економија. Кампањата ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за финансии. Главното мото е дека секој граѓанин може да придонесе во намалување на сивата економија на тој начин што ќе ги поддржи легалните бизниси и нема да користи производи и услуги за кои не се плаќа данок. Еден од начините…

Read More

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград расветлија повеќе кривични дела „тешки кражби“ и приведоа тројца државјани на Северна Македонија, од кои едниот има и српско државјанство јави дописникот на МИА од Белград. Полицијата ги уапси Б.С. (24), Б.Н.(31) и А.К. (23), кои се сомничат дека во текот на ноември и декември годинава провалиле во станови и куќи на територијата на Белград од каде со специјален алат за отворање блиндирани врати украле пари, накит, часовници и други вредни предмети. На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во Третото основно…

Read More

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска беше врачена државната награда „Св. Климент Охридски” за  2021 година. Добитници годинава се универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи за остварување во областа на воспитанието и образованието, писателот Јован Павловски, музичкиот уметник Снежана Анастасова-Чадиковска и Елена Дончева, академски сликар – костимограф во областа на културата и уметноста. Наградите им ги врачи академик Газанфер Бајрам од Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски”, кој  истакна дека оваа висока државна награда се доделува секоја година на овој ден, на светецот кој што длабоко е вграден во културата и историјата на нашата држава. – Климент Охридски во нашата меморија се поврзува…

Read More

Заменик-министерот за правда Агим Нухиу потврди дека утре ќе има средба со неговиот косовски колега Блерим Салаху, но дека не е предвидена средба со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“. Во изјава за МИА, Нухиу попладнево рече дека ќе се сретне со Салаху и оти е предвидена средба со раководството на затворот „Идризово, но не и со затворените лица.

Read More

Владина делегација составена од министерот за правда, Бојан Маричиќ, министерката за култура, Ирена Стефоска и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи положи цвеќе и се поклони пред споменикот на Св. Климент Охридски кај Националната и универзитетска библиотека која го носи неговото име по повод 8 Декември, државниот празник во негова чест. Како основоположник на македонската духовност и патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Св. Климент Охридски, спаѓа во редот на македонските великодостојници кој ја продолжи мисијата на светите браќа Кирил и Методиј за продлабочување и унапредување на духовната и просветната дејност меѓу словенските народи. Свети Климент е…

Read More

Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ го повикува членството но и сите граѓани да достават свои предлози за идните носители на функции во партијата, но и во државата. „Време е заедно да го креираме новиот тим на СДСМ. Ги поканувам сите членови на СДСМ, но и сите наши сограѓани да достават свои предлози за тоа КАКОВ заменик на Претседател, Генерален секретар и потпретседатели ни се потребни. Какви особини, карактер, биографија треба да имаат. На СДСМ и државата не и требаат готови, туку чесни и успешни кадровски решенија,” порача Деспотовски. „Започнуваме со практична реализација на еден од основните столбови на…

Read More

Понудата што ЕСМ треба да ја даде кон универзалниот снабдувач ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на електрична енергија, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Во одговор на новинарско прашање, Бесими, не сакаше да калкулира со бројки, посочувајќи дека тоа ќе го каже Регулаторната комисија за енергетика. – Во однос на цената на електричната енергија и имаме дадено на ЕСМ скоро пет милијарди за обезбедување на дополнителни ресурси за производство на електрична енергија или снабдување со електрична енергија за регулираниот пазар. Како што беше најавено, ќе има понуда од ЕСМ кон универзалниот…

Read More

Стопанската комора на Северна Македонија најавува неколку стратешки промени во работењето со кои компаниите во Комората треба да препознаат силен партнер кој ќе ги имплементира современите трендови и практики на дејствување. Новиот концепт на работа насловен како „Комора на иднината“, како што информираат од Комората, е на барање на компаниите. Клучната промена е функционирањето на четири нови совети фокусирани на развој, иновации и знаење, кои треба да креираат алатки за таа цел како што се Институт за извоз, Школа за бизнис лидери, Клуб на извозници, Клуб на старт ап компании, Модули за поддршка на мали и средни претпријатија, Берза на…

Read More

16-годишното владеење на Ангела Меркел заврши со преземање на функцијата од нов канцелар – социјалдемократот Олаф Шолц. Поранешниот министер за финансии во најновата влада на Меркел денеска е официјално избран од пратениците. Новиот канцелар доби 395 гласа за својата кандидатура. На Шолц му требаше поддршка од најмалку 369 пратеници – апсолутно мнозинство – од 736 пратеници во Бундестагот. Трипартиската владина коалиција што тој ја предводи зазема 416 места во Долниот дом на германскиот парламент. Неговиот избор претставува голема пресвртница во политичкиот пејзаж на Германија, по 16-годишното непречено владеење на конзервативниот блок на Меркел, на кој му се приклучуваа или социјалдемократите…

Read More

Специјалниот преговарач во разговорите со Бугарија, Владо Бучковски, смета дека мора да се искористи „прозорецот на можности“ декември- јануари за постигнување договор со Бугарија и старт на преговорите со Европската Унија. Тој во изјава за Дојче веле вели дека е можна нова неизвесност ако не се искористи периодот во кој Заев е се уште на чело на владиниот кабинет. „Ако не се договориме сега, додека Заев е премиер, ќе влеземе во нова неизвесност. Ќе изгубиме пак многу време, а ние веќе немаме време за чекање! Предолго ја чекавме Бугарија да има политичка Влада. Премиерот Заев останува на позицијата за да го затвори…

Read More

Заменикот министер за правда на Косово, Блерим Салаху најави дека утре ќе ги посети косовските државјани кои се осудени за случајот „Диво насеље“, кои ги служат казните во македонските затвори за настаните од мај 2015 година во Куманово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за телевизијата Т7, Салаху рече дека, по воспоставената комуникација со Министерството за правда на Северна Македонија, добил дозвола за во четврток да ги посети затворениците осудени за споменатиот случај. – Како Министерство, имајќи го предвид Законот за државјанство, во кој се нагласува јасно дека државјанинот има тесни врски со државата, ние имаме обврски…

Read More