Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува кампањата „Внеси боја во сивата економија“

0
By Ivana on December 8, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 8, 2021 13:44

Со симболично боење сива инсталација поставена на плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска беше означен почетокот на кампањата „Внеси боја во сивата економија“, чија цел е да се подигне свеста кај граѓаните за последиците од нерегистрираните економски субјекти и да се поттикне намалувањето на сивата економија.

Кампањата ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за финансии. Главното мото е дека секој граѓанин може да придонесе во намалување на сивата економија на тој начин што ќе ги поддржи легалните бизниси и нема да користи производи и услуги за кои не се плаќа данок. Еден од начините е барање фискална сметка како гаранција дека данокот е платен.

Сивата економија претставува една третина од економијата на земјава и има неколку негативни последици. Влијае врз приватниот сектор и се создава нелојална конкуренција, а од друга страна се намалуваат и јавните приходи што значи помалку буџетски средства за изградба на јавни добра.

Според министерот за финансии Фатмир Бесими, не е едноставно да се измери сивата економија, а борбата со сузбивањето на неформалната економија е процес што трае. Изминатата година, како што посочи на денешниот почеток на кампањата, се работи на Акциониот план за сузбивање на сивата економија.

– Преминот од неформален во формален сектор, би ја намалил нелојалната конкуренција, би создал услови за рамноправен натпревар меѓу бизнисите, би го зајакнал даночниот морал и би повлекол зголемување на бруто домашниот производ. Ова кажува колку е важно да преземеме итни мерки и акции за сузбивање на неформалната економија. За таа цел во Акцискиот план за сузбивање на сивата економија, се опфатени неколку приоритети: унапредување на процесот на мерење, следење и детектирање на сивата економија, стимулативни активности за формализација на сивата економија, јакнење на свеста за сивата економија и јакнење на даночниот морал, зајакнување на инспекциските служби, унапредување на законската регулатива, како и спроведување мерки во делот на Царинската управа каде ќе бидат опфатени и производите од е-трговијата, рече Бесими.

Од УНДП велат дека се потребни координирани активности и оти е потребно секој чинител во општеството да го даде својот придонес.

– Ова е комплексен проблем кој не може да се реши само од една грѕпа, вели заменичката на постојаниот претставник на УНДП во земјава Сања Бојаниќ.

Владата, смета Бојаниќ, треба да обезбеди еднакво поле за натпревар, каде што правилата конзистентно ќе бидат спроведувани, а ресурсите ќе се трошат на отчетен и ефективен начин, а приватниот сектор треба да ги почитува правилата и да се однесува на одговорен начин кон вработените, потрошувачите и општеството. Граѓаните, пак, треба активно да се вклучат и да ги поддржат бизнисите кои работат одговорно.

– Кога граѓаните плаќаат без да побараат фискална сметка, тие всушност ја поддржуваат сивата економија и стануваат дел од проблемот. Наједноставниот, но многу важен прв чекор кој може да го направат граѓаните е промена во начинот на кој се однесуваат во нивните секојдневни економски интеракции, истакна Бојаниќ.

Повеќе информации може да се најдат на линкот vnesiboja.mk, a граѓаните не само што ќе можат да се информираат, туку ќе може да пријавуваат и случаи на сива економија

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.