Author: Ivana
Три кандидатури за претседател на СДСМ се прифатени, а една е одбиена поради неосполнување на правилата и условите кои биле распишани, соопшти пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска. – Рокот за поднесување на кандидатури за претседател истече вчера, поднесени се четири кандидатури. Денеска согласно правилата заседаваше Централната изборна комисија и одлучија дека три кандидатури се целосни со сите потребни документи и услови согласно правилата и условите кои беа распишани, а една кандидатура не е и таа е отфрлена со одлука на Централната изборна комисија и кандидатот кој ја поднесе е известен за тоа, рече Петровска. До истекот на рокот беа доставени четири…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: • Направени се 3.042 тестирања, а регистрирани се 355 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 152, Битола – 38, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Куманово и Охрид – по 17, Велес – 14, Радовиш – 9, Делчево – 6, Штип и Ресен – по 5, Тетово, Струмица, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 4, Неготино, Виница, Пробиштип и Валандово – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2, Кичево, Свети Николе, Кратово, Богданци, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по…
Една од првите задачи на новиот министер за надворешни работи на Бугарија и идниот бугарски премиер е да се формираат работни групи меѓу Бугарија и Северна Македонија кои ќе опфатат различни области. Ова го коментираше Кирил Петков, копретседавач на „Продолжуваме со промената” која победи на парламентарните избори во Бугарија, во програмата „Седмицата“ на бугарското приватно национално радио „Дарик“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, овие работни групи треба да бидат слични на оние во преговорите меѓу идните коалициски партнери во Бугарија. Да има работни групи за економија, инфраструктура, култура, историја, човекови права и да почнат да…
Најмалку 30 лица загинаа при напад, најверојатно извршен од џихадистите, врз транспортно возило во централниот дел на Мали, соопштија денеска локалните власти. – Терористите во петокот убија најмалку 30 цивили во транспортно возило во близина на Бандијагара во центарот на Мали. Патниците беа застрелани, а возилото било запалено“, соопштија локалните власти, додавајќи дека меѓу жртвите има деца и жени. Засега никој не презеде одговорноста за нападот. Од 2012 година, Мали е цел на напади на џихадистички групи поврзани со Ал Каеда. Мировната мисија на ОН е во земјата од 2013 година.
На Германците им е ветена нова влада до католичкиот Божиќ, а додека празничниот декор ги разубавува улиците на Берлин и другите германски градови, ветувањето се чини дека ќе бидат исполнети. Под услов на конечно одобрување од членовите на трите партии, оваа прилично различна политичка групација ќе положи заклетва во среда, кога ерата на Ангела Меркел и официјално ќе го отстапи местото на новата ера на социјалдемократот Олаф Шолц. Коалицијата „Семафор“ е именувана по боите на вклучените партии – социјалдемократите (црвено) кои се залагаат за праведно општество, либералите или ФДП (жолта) кои се залагаат за бизнис и индустрија и зелените, кои…
Светските економии се во голема неволја затоа што работниците почнаа масовно да даваат откази од нивните сегашни работни места, најмногу во продавниците и услужниот сектор. Фактот што работниците почнаа да ги откажуваат договорите за работа во потрага по подобро вработување ја искомплицира и онака затегнатата ситуација во светската трговска мрежа, па менаџерите и работодавците мора да се справат со две кризи. Од една страна им станува сè потешко и поскапо да добијат средства за бизнис, а од друга страна работниците се селат на други работни места. Феноменот е најраширен во САД, но се прошири и во остатокот од светот, иако…
Владата на денешната седница ги утврди дополнувањата на Предлог-буџет на Република Северна Македонија за 2022 година, кои произлегоа од амандманската расправа во комисиите во Собранието. Со овие измени, дополнетиот Предлог-буџет за 2022 се враќа на усвојување на пленарна седница на Собранието. Како што соопштија од владиониот Сектор за односи со јавноста, утврдено е дека од вкупниот број амандмани, прифатени се 23 во вкупен износ од околу 382 милиони денари. – Дополнително, на денешната седница на предлог на Министерството за финансии Владата на Република Северна Македонија да ги усвои и следните измени како дополнување на Буџетот за идната година: Зголемување на…
Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервјуто за Радио телевизија Словенија истакна дека во овој момент е потребен силен ангажман од сите за брзо отпочнување на преговорите со Европската Унија. –Важно е час поскоро да се почнат преговорите со ЕУ. Наша должност е да работиме на решавањето на проблемот со Бугарија. Од наша страна има подготвеност, но тоа треба да се базира на меѓусебна почит и европските вредности, рече Маричиќ. Според него во интерес на и на ЕУ и на Бугарија и другите членки е датум за отпочнување на преговорите, затоа што во спротивност кредибилитетот на Унијата и нејзината политика, не само во нашата земја…
Владата на денешната 124-та редовна седница донесе одлука за определување највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало. Владината прес-служба соопшти дека цените ќе бидат на висина од 1 декември 2021, а одлуката ќе важи до 31 јануари 2022, со можност за продолжување доколку тоа и натаму ќе го бара состојбата на пазарот. -Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на основните прехранбени производи: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти; свежо месо…
Двете магнетни резонанци 3Tesla на Универзитетскиот Институт за Радиологија во Скопје, значително ќе придонесат во дијагностичките третмани на пациентите, како и за унапредување на услугите и оптимализација на термините за закажување за овие услуги, вели во изјава за НоваТВ министерот за здравство д-р Венко Филипче. – Овие две магнетни резонанци се од вкупно петте магнети кои се монтираат ширум државата. Освен на Институтот за радиологија во Скопје, кој е водечки во државата по дијагностицирање на најкомплексни состојби во медицината, вакви најмодерни апарати веќе се инсталираат во Кавадарци, Охрид и Кичево. Со ваквата најсовремена медицинска опрема како и со голема стручност…
Буџетот за земјоделството за 2022 година има развојна компонента со фокус на капитални водостопански инвестиции. Вупниот буџет, кој опфаќа неколку институции, изнесува 9,13 милијарди денари наменети за основните буџети на МЗШВ, Платежната агенција, Агенција за поттикнување и развојот на земјоделство, Агенција за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Управтаа за хидрометереолошки работи. Заменик-министерот Трајан Димковски денеска на прес-конференција соопшти дека најголема сума во износ од 1,27 милијарда денари од буџетот на МЗШВ е наменет за Управата за водостопанство затоа што, рече, веќе неколку години го потенцираме значењето на обезбедување услови за развој на…
58-годишен скопјанец утрово во сообраќајна несреќа во Скопје го загубил животот. Во него удрило возило, при што починал на местото на несреќата, известува Министерството за внатрешни работи. – На 04.12.2021 година било пријавено дека на улица “Маџари” во Скопје патничко возило форд фокус со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (25) удрил во велосипед управуван од А.А.(58) од Скопје. Велосипедистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, се вели во соопштението од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за…