Двете магнетни резонанци 3Tesla на Универзитетскиот Институт за Радиологија во Скопје, значително ќе придонесат во дијагностичките третмани на пациентите, како и за унапредување на услугите и оптимализација на термините за закажување за овие услуги, вели во изјава за НоваТВ министерот за здравство д-р Венко Филипче.

– Овие две магнетни резонанци се од вкупно петте магнети кои се монтираат ширум државата. Освен на Институтот за радиологија во Скопје, кој е водечки во државата по дијагностицирање на најкомплексни состојби во медицината, вакви најмодерни апарати веќе се инсталираат во Кавадарци, Охрид и Кичево. Со ваквата најсовремена медицинска опрема како и со голема стручност на нашите лекари нема повеќе непозната дијагноза, а што е исто така важно пацинетите нема повеќе да чекаат за снимање – изјави министерот за НоваТВ.