Author: Ivana

Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 8 037, од кои најголем број, 3 826 се во Скопје, покажуваат вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје. Регистрирани се нови 342 случаи на Ковид-19, од направени 2.349 тестирања, седум починати и 348 оздравени пациенти. Од Министерството за здравство апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2. -Во период од 6 август до вчера на територијата на државата 60 772 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од кои 31 отсто биле целосно вакцинирани, односно 19.025…

Read More

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со поголема облачност во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал 1 до 7, а максималната од 8 до 14 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 12 степени. Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите најпрвин ќе почнат утре попладне, а ќе бидат…

Read More

Истече рокот за поднесување кандидатури за претседател на СДСМ, а во трката за прв човек на “тронот” во владеачката партија и заменик на сеуште актуелниот лидер, Зоран Заев, влегуваат четворица кандидати. Кандидатури во СДСМ стигнаа од поранешната потпретседателка на партијата Фросина Ременски, заменик министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски, Властимир Алексовски кој е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово, а денес само неколку часа пред истекот на рокот, кандидатура за претседател на СДСМ поднесе и Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски. До Централната изборна комисија, Деспотовски ја достави и…

Read More

На 10 декември започнува да се украсува градот Скопје за Нова година. На повикот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, до компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза, се јавија компании заинтересирани да помогнат. – Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без финансиски импликации по градот„ изјави градоначалничката Арсовска по средбата со компанијата Линк Медиа.…

Read More

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 2 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 02.12.2021 на територија на државата 60.772 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 19.025 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе месеци, 41.747, граѓани, односно 69% од позитивните на Ковид 19 не…

Read More

Вкупно 73 проценти од децата на возраст од 1 до 14 години биле подложени на некој насилен метод на дисциплинирање, наспроти само 22 проценти кои биле дисциплинирани без насилство. Околу 67 отсто од децата биле подложени на психолошка агресија, покажува Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) на Државниот завод за статистика, спроведено во текот на 2018-2019 година, како дел од Глобалната програма за состојбата на децата и жените. Вкупно 45 проценти од децата на возраст од 1 до 14 години биле подложени на какво било физико казнување во текот на изминатиот месец, од кои седум отсто на тешки форми на физичко казнување.…

Read More

Денеска во седиштето на СДСМ, кандидатура за внатрепартиските непосредни избори поднесе Јован Деспотовски. До Централната изборна комисија, Деспотовски ја достави и неговата програма „Концепт 28“ во која според Деспотовски фокус се луѓето. Основната цел е обезбедување на повисок квалитет на живот за сите наши сограѓани, а програмата „Концепт 28“ нуди поинаков пристап во креирањето и во спроведувањето на политиките и мерките. Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од „Кој“, туку од „Како“ и „Каков човек/луѓе“ ни се потребни. Концепт што, преку конкретни и мерливи резултати, ќе ја зацврсти СДСМ како водечка политичка организација во Северна Македонија и по…

Read More

По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни почивалишта. Поворката тргна од Скопскиот аеродром каде последна почит на загинатите со положување венци им оддадоа претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев. На испраќањето присуствуваа и пратеници, како и претставници на верските заедници. Последна почит оддадоа и претседателката на Косово Вјоса Османи и претседателката на албанското Собрание Линдита Никола. Венец положи и бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов, а по него во знак на почит се поклонија и првиот вицепремиер Артан…

Read More

 Амбасадорот на Чешката Република Мирослав Томан, денеска имаше проштална средба со министерката за култура Ирена Стефоска на која, како што информира ресорното министерство, беше изразено задоволство за досегашната плодна и успешна соработка, која резултираше со многубројни гостувања на македонски и на чешки уметници на реномирани фестивали и манифестации во двете земји. – Министерката Стефоска му се заблагодари на амбасадорот за неговиот ангажман околу подготовките на Деновите на македонската култура во Чешката Република во втората половина од следната година, во периодот кога Чешката Република ќе претседава со Советот на ЕУ, информира Министерството за култура. Амбасадорот Томан ја информираше министерката Стефоска дека…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово ја посети нашата Амбасада во Република Словенија, каде што на покана на амбасадорката Сузана Зеленковска, се запозна со работата на базната станица за мобилно издавање и достава на патни исправи за државјаните на Република Северна Македонија, кои живеат и работат во странство. Како што објави на неговиот фејсбук профил, министерот Спасовски од страна на амбасадорката Зеленковска бил информиран дека базната станица во Словенија е пуштена на 27 септември годинава и досега за патни исправи се фотографирани 249 лица, до Амбасадата се доставени 187 изработени патни исправи, 137 се веќе издадени, а 62 се…

Read More

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја разреши од функцијата Тина Петрушевска и за в.д. директор на јавното претпријатие „Лајка“ го назначи Воислав Димитровски. Како што соопшти Град Скопје, Димитровски е предлог на здруженијата за заштита на животните, како најдобро решение за претпријатието што извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување систем за контрола на популацијата на кучиња. – Димитровски по професија е ветеринар, магистер во областа на ветеринарното јавно здравство, национален консултант на ФАО за благосостојба на животните, проект лидер на УНДП за решавање на проблемот со бездомните кучиња на територијата на…

Read More

Апелираме што поскоро Европската Унија да донесе одлука за првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија и да ги почнеме преговорите час поскоро за да можеме да дадеме и подобри резултати и поефикасни реформи во брз рок, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ пред почетокот на Конференцијата на министри за правда ЕУ- Западен Балкан во Брдо кај Крањ, Република Словенија. Според Маричиќ, настанот во овој формат, каде што работат заедно министрите за правда и внатрешни работи од Западен Балкан и претставниците на Европска Унија, е вистински начин како да се отворат важни прашања и како да се размени…

Read More