Author: Ivana

Проблемите со образовната, личната асистенција, пристапот до социјалните услуги, поддршката која треба да ја имаат заедно со неусогласеноста на голем број на закони со Конвенцијата за права на лица со попреченост се слабостите кои граѓанските организации за и на лица со попреченост и на родителските организации ги посочуваат во своите дописи или излагања до народниот правобранител, изјави државната советничка Васка Бајрамовска-Мустафа на настанот на кој 23 граѓански организации кои се дел од Националниот механизам за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, со Народниот правобранител потпишаа меморандум за соработка. Сите забелешки на невладините, како што информира…

Read More

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија пристигнаа, а останките во моментов ги пречекува висока државна делегација. На церемониата присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, пратеници, како и поглаварот на Исламската верска заедница. Полетувањето на авионите доцнеше поради лошите временски услови.

Read More

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски оствари средба со  в.д. амбасадорот на Украина, Наталиа Задорожнику, Витали Загајниј, заменик на началникот на Лавовската обласна државна управа и претставници на секторот туризам и меѓународна соработка од истата област. На средбата се презентираа туристичките потенцијали на двете земји, целите и идеите, се разменија искуства и начини за продлабочување на соработката преку туристичката индустрија иницијално, а потоа и на други полиња. При нивната прва посета на РС Македонија се договорија идните чекори за развој на активниот, културниот и гастрономскиот туризам во двете земји и овозможување на поголема поддршка…

Read More

Двата воени авиона полетаа од софискиот аеродром со посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани, јави дописникот на МИА од Софија. Авионите ќе бидат придружувани од министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, кој за таа цел отпатува во Софија. Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија. На Скопскиот аеродром останките ќе ги пречека висока државна делегација, а на плоштадот  „Скендербег“ во Скопје веќе се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во несреќата. Поворката со останките која требаше да помине низ главниот град е откажана на барање на…

Read More

Судскиот совет сè уште ги нема добиено одлуките на Врховен суд кои се однесуваат на два предмета, а со кои се опфатени тројца судии, и нема податок дали се укинати само одлуките за разрешување на судиите или се укинати и решенијата за суспензија, изјави денеска порптаролот на Судскиот совет Љубиша Арсиќ. Арсиќ, во соопштение до медиумите, напоменува дека откако ќе пристигнат одлуките на Врховниот суд, согласно законот, постапките за судиите ќе бидат повторени. -Како и да е, според Законот за судски совет, откако ќе пристигнат одлуките на Врховен суд, а праксата вели дека одлуките стигаат за неколку седмици, постапките за судиите…

Read More

Седницата на Централниот совет на партијата Алтернатива на која треба да се одлучи дали ќе биде дел од Владата одложена за утре.  Седницата првично беше планирана за вечерва. Од партијата, според Радио слободна Европа појаснуваат дека одложувањето се должи на тоа што денес ќе бидат погребите на 45-те настрадани луѓе во сообраќајната несреќа во Бугарија. Партискиот портпарол Орхан Муртезани соопшти дека седницата на Централниот совет на Алтернатива ќе се одржи в сабота во 18 часот во партиското седиште во Тетово. Лидерот на партијата Африм Гаши досега имаше три средби со претседателот на СДСМ Зоран Заев на кои се дискутираше за…

Read More

Актуелните правила и мерки за влез во Грција, кои важат и за државјаните на Северна Македонија, се непроменети и продолжени за уште една седмица, а и понатаму задолжителен е документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција стапи во сила утрово и важи до следниот петок, 10 декември 2021 година, во шест часот наутро. Документот за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест или негативен ПЦР/рапид тест, заедно со…

Read More

Венци свежо цвеќе по повод пристигнувањето на 45-те жртви во страшната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија веќе се поставени на плоштадот Скендербег во Скопје. За граѓаните кои сакаат да оддадат почит, се уште останува можноста тоа да го сторат на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот. Министерството за надворешни работи синоќа информираше за измена на саатници при пречекот и испраќањето на загинатите од автобуската несреќа во Бугарија до нивните домови и вечни почивалишта. Посмртните останки на 45 македонски граѓани кои загинаа во сообраќајната несреќа во Бугарија на 23 ноември се очекува денеска во девет часот да…

Read More

Лицата со попреченост можат и го менуваат светот. Тие се подеднакво активни учесници во општествените процеси и промени. Овој 3 Декември, испраќаме силна порака дека сите ние, лично и институционално, треба да се бориме против стереотипите дека попреченоста е бариера за поединецот да поставува лични цели, да се стреми кон нивно остварување и да дава придонес кон развојот на државата, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во обраќањето по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Таа посочи дека МОН и Владата направија значаен исчекор во унапредувањето на правата и можностите за квалитетно образование на децата со попреченост.…

Read More

Кај нас првпат се случува некој инвеститор да нуди фер обесштетување и ние сме задоволни од понуденото. Не знам каде тука гледаат урбана мафија, вели Игор Стојанов, претставник на жителите на Ново маало кое со години е во распад, а сега е во центарот на вниманието поради градењето на просторот на паркингот на Холидеј ин. Тој за Утрински брифинг вели дека  овој план сегашен е претставен уште од времето на Кензо Танге кој предвидел 30-катници, додавајќи дека тука сега ќе се направи најголемиот парк во Македонија. – Одамна се организираме, а сега повторно се појавуваат луѓе кои се против градба…

Read More

Лицата кои прележале ковид не се заштитени од инфицирање со новиот корона-сој, Омикрон, велат од Светската здравствена организација. -Сметаме дека претходна инфекција не штити од Омикрон, изјави денеска инфектологот Ане фон Готберг од јужноафриканскиот Национален институт за преносливи болести (НИЦД). Овој проблем и натаму се истражува, рече Фон Готберг на прес-конференција, но додаде и дека првичните набљудувања говорат дека со Омикрон може да се заразат и да заболат и лица кои веќе прележале Ковид. Нивните симптоми, меѓутоа, се помалку тешки. Во меѓувреме присуството на Омикрон е докажано во повеќе од 20 земји, меѓу кои и Германија. Првите Омикрон-случаи денеска ги…

Read More