Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа.

Двата авиона од Софија пристигнаа, а останките во моментов ги пречекува висока државна делегација.

На церемониата присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, пратеници, како и поглаварот на Исламската верска заедница.

Полетувањето на авионите доцнеше поради лошите временски услови.