Седницата на Централниот совет на партијата Алтернатива на која треба да се одлучи дали ќе биде дел од Владата одложена за утре.  Седницата првично беше планирана за вечерва.

Од партијата, според Радио слободна Европа појаснуваат дека одложувањето се должи на тоа што денес ќе бидат погребите на 45-те настрадани луѓе во сообраќајната несреќа во Бугарија.

Партискиот портпарол Орхан Муртезани соопшти дека седницата на Централниот совет на Алтернатива ќе се одржи в сабота во 18 часот во партиското седиште во Тетово.

Лидерот на партијата Африм Гаши досега имаше три средби со претседателот на СДСМ Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на нивните четворица пратеници.