Author: Ivana

Денеска до Централната изборна комисија, кандидатура за претседател на партијата за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември поднесе Властимир Алексовски. Властимир Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово. – По анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата. Секако, ова се однесува на сите поднесени кандидатури, се вели во соопштението на СДСМ.

Read More

Посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќаната несреќа во Бугарија се очекува утре во 9 часот да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје, соопшти попладнево Министетството за надворешни работи.  По пристигнувањето, како што наведува МНР,  поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.  Во периодот од 10 до 13 часот граѓаните ќе може да оддадат последна почит и да поожат цвеќе на плоштадот „Скендербег“ и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот веднаш до плоштадот, во периодот меѓу 11 и 12 часот. На самиот плоштад ќе биде поставен и видеоѕид, од каде…

Read More

Претседателот на Бугарија Румен Радев и неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер одржаа работна средба во Стразбур, на која разменија мислења за безбедносната средина во соседните региони на ЕУ и европската перспектива на Република Северна Македонија, соопштија од прес-службата на претседателот на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев го изразил очекувањето на Бугарија за активен билатерален дијалог на високо ниво со Република Северна Македонија, во кој ќе се решат спорните прашања во билатералните односи. Радев, на својот германски колега, му посочил дека Северна Македонија мора да покаже европска зрелост и почит кон вредностите на ЕУ со преземање конкретни…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19: Скопје – 154, Битола и Прилеп – по 23, Кавадарци – 22, Куманово – 16, Охрид – 15, Штип – 9, Струмица – 8, Велес – 7, Тетово – 6, Делчево и Валандово – по 5, Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 4, Кочани, Струга , Гевгелија и Неготино – по 3, Радовиш, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Крушево – по 2, Гостивар, Кичево, Свети Николе, Виница, Македонска Каменица и Пехчево…

Read More

Ние сме се уште оптимисти за старт на преговорите на Северна Македонија. Има можност за одлука во декември која би можело да се формализира во јануари, само доколку Бугарија состави влада, вели  словенечкиот амбасадор во државава Милан Предан. -Ние како претседателство го делиме мислењето со мнозинството земји во ЕУ дека не треба да има раздвојување меѓу Северна Македонија и Албанија бидејќи тоа ќе биде лоша порака за регионот. Ние сме се уште оптимисти и мора да признаеме дека се уште нема влада во Бугарија, но и јасно парламентарно мнозинство тука. За да се дојде до решение треба двете земји да…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска и утре учествува на Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан што во организација на словенечкото Претседателство со ЕУ се одржува во Брдо кај Крањ во Република Словенија, каде во текот на трите работни сесии посветени на миграцијата, борбата против тероризмот и справувањето со организираниот криминал, ги презентираше стратешките цели и активности на нашата земја од сферата на безбедноста и спроведувањето на законите. Форумот има за цел да поттикне дискусија на теми од областите внатрешни работи и правда, од поглавјата 23 и 24 од скринингот за предпристапниот процес за членство во Унијата. Во рамки на сесијата…

Read More

Луѓето веројатно ќе треба да се вакцинираат против Ковид-19 во годините што доаѓаат, изјави за Би-Би-Си шефот на Фајзер, д-р Алберт Бурла. Тој верува дека ова ќе биде неопходно за да се одржи „многу високо ниво на заштита“. Велика Британија веќе обезбеди дополнителни 114 милиони дози вакцини од Фајзер и од Модерна кои ќе бидат испорачани во следните две години. Бурла ја даде изјавата за Би-Би-Си пред појавата на Омикрон, првпат идентификуван во Јужна Африка, и пред објавата дека владата во Лондон има потпишано договори за купување на 54 милиони дополнителни дози Фајзер и 60 милиони дози Модерна за 2022…

Read More

Лидерот на Народна партија на Австрија (ОВП), поранешниот канцелар Себастијан Курц се повлекува од политиката, објавија австриските медиуми. 35-годишниот Курц, кој сè уште е лидер на конзервативната Народна партија (ОВП), беше канцелар од 2017 до 2019 година и повторно од 2020 до 2021 година. Тој ја напушти функцијата претходно оваа година кога беше осомниче во истрага за корупција . Неговиот прв мандат исто така заврши на сличен начин, по таканаречениот скандал „Ибица“. Курц стана татко минатиот месец и рече дека тоа ја поттикнало неговата одлука. Поранешниот канцелар рече дека имал Богојавление кога го видел својот син за прв пат. ОВП…

Read More

Она што е многу важно и што мора сите заедно да го правиме, секој ден, без исклучок, за време на целиот работен век е да ја држиме политиката што подалеку од армиските редови. Вие морате да и служите на државата, независно од политичките гарнитури на власт и независно од вашите лични и политички убедувања. Затоа што тоа е фундаментот на секоја професионална армија, политиката мора да биде надвор од војската, порача врховниот командант и претседател Стево Пендаровски на свечената церемонија за промоција на нови офицери – потпоручници од 21-та класа и заклетва на 25-тата класа на питомци на Воената академија…

Read More

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска го презентира Предлог-буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација за 2022 година, кој изнесува 1.323.684.000 денари, од кој најголемиот дел се наменети за Националната радио-телевизија, националната радиодифузија и Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. –Првиот и најголемиот дел од овие пари, односно 900.000.000 денари се одвојуваат за финансирање на Националната радио-телевизија, националната радиодифузија и Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На овој начин граѓаните се ослободени од трошоци, а од друга страна овие институции добиваат редовни и предвидливи средства, односно овозможуваме нивна автономност и независност. Вториот столб во буџетот…

Read More

Преку сеопфатни политики и мултинституционален пристап градиме инклузивно општество во кое лицата со попреченост ќе имаа еднаков пристап за напредок и развој. Создаваме услови за нивна целосна инклузија во областа на образованието, здравството, локалните услуги, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, во денешното обраќање на меѓународната конференција за демографска отпорност што се одржува во Софија, Република Бугарија, во организација на УНФПА и Владата на Република Бугарија. Министерката Шахпаска презентираше дел од проектите на Министерството за труд и социјална политика во насока во делот на инклузијата на лицата со попреченост, но и политики за спречување на сите форми…

Read More

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана неопходен е системски пристап и инклузивност на процесот на носење на одлуки со вклучување на сите засегнати страни, како и предвидување на соодветен период на прилагодување кон новите законски решенија. Секој друг пристап нема да донесе  имплементација на одржливи решенија за заштита на животната средина, туку само ќе ја загрозат егзистенцијата и опстојувањето на голем број деловни субјекти, реагира Групација на производители и преработувачи на пластични маси при Сојузот на стопански комори на Македонија. Во таа насока Групацијата истакнува барање…

Read More