Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шаќири: Буџетот на МИОА за 2022 изнесува 1.323.684.000 денари

0
By Ivana on December 2, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска го презентира Предлог-буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација за 2022 година, кој изнесува 1.323.684.000 денари, од кој најголемиот дел се наменети за Националната радио-телевизија, националната радиодифузија и Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

–Првиот и најголемиот дел од овие пари, односно 900.000.000 денари се одвојуваат за финансирање на Националната радио-телевизија, националната радиодифузија и Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На овој начин граѓаните се ослободени од трошоци, а од друга страна овие институции добиваат редовни и предвидливи средства, односно овозможуваме нивна автономност и независност. Вториот столб во буџетот на МИОА е буџетот на МАРнет кој изнесува 15.254.000 денари. Со одвојување на средства во буџетот, а и како дел од Националниот оперативен бродбенд план, продолжуваме да инвестираме во поврзувањето на универзитетите и сите останати образовни и истражувачки установи во мрежата на МАРнет, што ќе придонесе кон реализација на целите поврзани со зголемување на потребите по користење на бродбенд услуги и нивна промоција како и намалување на дигиталниот јаз, рече Шаќири, додавајќи дека со поврзувањето на образовните и научните институции во мрежата на МАРнет ќе им биде овозможено на сите институции, студенти и истражувачи во Република Северна Македонија да ги користат сервисите на GEANT.

Тој посочи дека, од останатиот дел од предлог буџетот за 2022 година, односно третиот столб со буџет од 277.532.000 денари, голем дел од овие средства се предвидени за дигитализација на услугите и полесен, побрз, поефикасен пристап до нив за граѓаните и бизнисите.

-Системот за управување со документи, кој сега е проширен на 20 институции главно од централната власт, од 1 јануари ќе се прошири и кон него ќе се вклучат уште 300 други институции, а тоа се сите органи на државна управа и единици на локална самоуправа, односно општините. Со тоа ќе се стави крај на употреба на печатена хартија и меѓуинстутиционалната комуникација ќе се врши по електронски пат. Ова директно влијае на заштеда на средства и време, зголемување на транспарентноста и намалување на нивото на корупција. Тоа влијае и на зелената агенда, истакна Шаќири.

Тој нагласи дека сите услуги, достапни до сите граѓани се приоритетна цел на МИОА за наредната 2022 година.

-Затоа, вложуваме во доближувањето на услугите до граѓаните на два начини: преку центрите за „Една точка за услуги“ и преку набавка на хардверско и софтверско решение за издавање на документи. Отворени се првите четири канцеларии „Една точка за услуги“, во Куманово, Охрид, Тетово и Битола. Со ова, освен во Скопје, овозможуваме и граѓаните од други градови на едно место да добијат услуги и информации од различни државни и јавни институции, нагласи Шаќири, и додаде дека транспарентноста и отвореноста во работењето и редовната консултација со граѓаните е основа за креирање на политики и носење на одлуки кои се во интерес на сите граѓани.

–Дигитализацијата уште еднаш се покажа дека не само што го олеснува нашиот секојдневен живот, туку и го поттикнува економскиот раст. Затоа, сега кога го гледаме крајот на пандемијата на Ковид-19, уште повеќе сме фокусирани да го искористиме моментот да инвестираме во дигитализација и да ја достигнеме целта да се ослободиме од употребата на печатена хартија до 1 јули 2022 година, што е и цел на Владата, рече министерот за информатичко општество и администрација Шаќири.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

December 10, 2025

Запалена колата на обвинителка што води случај за брутално претепан активист во Србија

December 10, 2025

Огромен пожар во станбена зграда во Кина – има загинати

December 10, 2025
ФОКУС

Конференција на Цивил: Хоризонти на слободата – војната во Украина, хибридната војна во Европа и глобалната борба за демократија

ВЕСТИ December 12, 2025

„Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, ЦИВИЛ – Центар за слобода со деветдневна стратешка, граѓанска…

СДСМ со нова бомба: Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски

December 12, 2025

Јануари по комотен за возачите – „Сејф сити“ од 1-ви февруари

December 12, 2025

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите

December 11, 2025
ТИКЕР

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

December 10, 2025

Запалена колата на обвинителка што води случај за брутално претепан активист во Србија

December 10, 2025

Огромен пожар во станбена зграда во Кина – има загинати

December 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.