Author: Ivana

Мрежата за спречување и заштита од дискриминација во целост ги поддржува предложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести во делот за спречување на ширењето на КОВИД-19 вирусот. Како организации кои се посветени на заштитата на човековите права, сметаме дека построгите мерки за обезбедување поголем опфат на имунизацијата се неизбежни доколку целиме кон заштита на животот и здравјето на луѓето. Потсетуваме дека индивидуалните права можат и треба да бидат предмет на ограничување кога зад целта на ограничувањето стои повисока вредност, како во случајот заштита на здравјето и животот на сите. Напротив, непреземањето на мерки од страна на властите со…

Read More

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество упати писмено барање до  Владата на Република Северна Македонија во кое што се бара Владата да ја преиспита и промени својата одлука за планирањето средства за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации во Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година и во Предлог-Буџетот, во Раздел 040.01 – Влада на Република Северна Македонија, Потпрограма 10 – Администрација, ставка 463 – Трансфери до невладини организации, да предвиди 30.000.000 денари, наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации. Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како советодавно тело на…

Read More

Во петокот и саботата аплицирани се вкупно 5.611 дози вакцини, од кои 2.387 се аплицирани како прва доза, 1.163 се ревакцинирани, а 2.061 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 21 ноември вкупно се вакцинирани 822.751 граѓани, ревакцинирани се 789.905, а трета доза примиле 63.137 граѓани. 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58% , а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39%…

Read More

Денес, се проценува дека во нашата држава секое трето лице кое има ХИВ, не го знае својот ХИВ-позитивен статус, односно не е свесно дека е ХИВ-позитивно. Да се знае својот ХИВ-статус што порано е важно, затоа што денес благодарение на терапијата за ХИВ, која е достапна и бесплатна кај нас, луѓето со ХИВ може да живеат квалитетно и долго.  Луѓето што живеат со ХИВ имаат речиси изедначен животен век со лицата кои немаат ХИВ, доколку добиле навремен третман. Од друга страна, редовното земање на терапијата за ХИВ е и еден од најефективните начини на превенција на вирусот, бидејќи терапијата го…

Read More

Го честитам празникот – Ден на албанската азбука на сите припадници на албанската заедница и на сите граѓани. Да го прославуваме заеднички и да ги славиме постоењето и зближувањето на културните традиции, кои на овие простори опстојувале заедно со векови, наведува премиерот Зоран Заев во честитката по повод Денот на албанската азбука. – Заедништвото и грижата која си ја пружаме едни на други се гаранцијата за нашата сигурна и просперитетна, европска иднина. Да ги празнуваме и чествуваме етничките и јазичните различности на нашето општество како наша предност. Како наше заедничко богатство, посочува Заев. Со прогласувањето на 22 ноември за Ден…

Read More

Полицијата во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрекла вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 18 за возење без возачка дозвола, десет мерки за возење под дејство на алкохол, седум за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР, информираат дека продолжуваат со засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.

Read More

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”-Скопје на 30 ноември онлајн, преку платформата Мајкрософт тимс, ќе организира „Отворен ден на УКИМ” наменет за учениците во завршна година од средното образование. На настанот, на кој ќе се обрати ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера. – Матурантите ќе имаат можност да се запознаат одблиску со професорите и студентите, да прашаат сè  што ги интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, да ги слушнат  искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, да дознаат за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот,…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.938 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 190, Битола – 43, Прилеп – 27, Кавадарци – 19, Кочани – 16, Велес и Струмица – по 15, Охрид и Берово – по 13, Ресен – 11, Куманово и Штип – по 10, Тетово, Кичево, Гевгелија и Делчево – по 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Валандово – 4, Неготино, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Радовиш и Пробиштип – по 2,…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот на улицата „Кленоец“, на 17 ноември, биле пронајдени 15 стаклени тегли и една зипер-ќесичка со вкупно 1.017,52 грама марихуана. Притоа биле пронајдени и повеќе дигитални ваги со остатоци од дрога. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност за…

Read More

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска порача дека будно ја следат состојбата со електрична енергија и ценовните шокови и ако има потреба со финансиски средства ќе интервенираат. – Будно следиме, ако има потреба на почетокот на следната година со интервенирање со финансиски средства, имаме предвидено средства во буџетот, и тоа ќе го направиме, затоа што сметаме дека само така знаеме кога на граѓаните и на стопанството им е потребна помош од страна на Владата, рече Битиќи на новинарско прашање на отворањето на Центарот за поддршка на социјални претпријатија и на првиот Национален саем…

Read More

Република Полска ја покажува својата солидарност кон Македонија на патот кон нејзиното членство во ЕУ. Двете држави како членки на НАТО заеднички споделуваат и покажуваат солидарност, но нашата поддршка продолжува и понатаму, истакна полскиот претседател Анджеј Дуда на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателот Стево Пендаровски. Дуда искажана благодарност за солидарноста од С Македонија и од претседателот Пендаровски во делот на проблемите на границата со Белорусија со кои во моментов се соочува Полска. -Ваквата солидарност има свои историски корени, најпрво во времето на Граѓанската војна во Грција кога голем број бегалци беа примени во мојата држава, а исто така и…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска во Мадрид беше говорник на настанот „Идното проширување на ЕУ: изгледи и замки“. Дискусијата се фокусираше на придобивките од проширувањето како од аспект на регионот, така и од аспект на Европската Унија и земјите членки, како и важноста на трансформативната моќ во пристапниот процес за што предуслов е објективното вреднување на критериумите за членство. Вицепремиерот Димитров истакна дека процесот на проширување всушност е процес на комплетирање на Европа и заокружување на проектот за обезбедување траен мир и просперитет на континентот. – Со проширувањето на ЕУ со земјите од регионот,…

Read More