Полицијата во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрекла вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 18 за возење без возачка дозвола, десет мерки за возење под дејство на алкохол, седум за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР, информираат дека продолжуваат со засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.