Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Холандскиот премиер Марк Руте утре ќе престојува во посета на Северна Македонија, потврдија од Владата за МИА. Ова е прва посета на холандски премиер на државава, а се случува во момент кога земјата е соочена со политичка криза и ден пред гласањето доверба на Владата. Руте доаѓа во Скопје и во време на блокада од Бугарија на евроинтеграцијата на Северна Македонија. Холандија поддржува старт на преговорите со Скопје и Тирана, и како што истакна Руте на неодамнешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брдо, очекува надминување на блокадата по изборите во Бугарија, а Хаг ќе помогне за што побрзо почнување на пристапните…
Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) соопшти дека подготвува почеток на имплементација на системот кој овозможува регионална интероперабилност со земјите од Западен Балкан, како чекор кон подобра интеграција со земјите од регионот и кон Европската Унија. – Како дел од овој процес, од суштинско значење е да се вклучат и компании кои работат во софтверската индустрија како дел од дигиталната трансформација, при што ни помогнаа експерти на Атлантскиот совет во обид да продолжиме со дигиталната трансформација што е можно поскоро. Ги забрзуваме напорите за поголема стапка на раст, побрз економски развој, затоа што заостануваме зад развиените европски земји и…
Прекин на водоснабдувањето од 11:30 часот ќе имаат дел од корисниците во општините Чаир и Центар. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради уличен дефект 5/4 на улица „Џон Кенеди“ број 58, а со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од улиците „Џон Кенеди“, „Јоаким Крчовски“, „Банатска“ и дел од улица „Самоилова“.
Медиумите во Грција, во изминатите денови активно ги следат случувањата во Северна Македонија, почнувајќи од најавената оставка на Зоран Заев минатата седмица, до вчерашното доставено барање од опозицијата и закажаната седница за гласање недоверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина. Освен информативните портали и онлајн изданијата на грчките медиуми, внатрешно – политичките случувања кај нас, се дел и од вестите на телевизиите. Новинарите во Грција, акцентот го ставаат на ставовите на лидерот на ВМРО- ДПМНЕ за Договорот од Преспа, распоредот на силите во Собранието во пресрет на гласањето во четврток, но коментираат дека земјата може да падне во…
ВМРО-ДПМНЕ е таа која се закануваше кон пратеници, дури и потписите за недоверба на Владата се собрани преку лаги и измами, реагира СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Зоран Заев и тие околу него вршат притисок на пратениците кои се приклучија на мнозинството за уривање на владата. – Расте нервозата во ВМРО-ДПМНЕ откако станува јасно дека на Христијан Мицкоски му испарува мнозинството во Собранието, па затоа денеска од Белиот дворец се обидуваат да најдат алиби во наводни закани кон пратеници. Пратеници од опозицијата самите признаваат дека потписите за Иницијативата за недоверба на Владата се собрани преку меѓусебни лаги и измами – велат…
Државната награда „22 Ноември“ оваа година им се доделува на проф. д-р Илбер Села, политиколог и на писателот Фејзи Бојко, информира Министерството за култура. -Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2021 за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале…
Цената на гасот во Европа, на отворањето на берзите денеска, се намали за 4,5 отсто поради обновеното транспортирање на гас во Германија преку гасоводот Јамал-Европа и поради плановите за зголемување на транзитот преку Украина до Словачка, покажуваат податоците на берзата ICE. Цената на декемвриските фјучерси за центарот TTF во Холандија падна под 900 долари за 1.000 кубни метри – на 899,6 долари или 75 евра за MWh (врз основа на тековниот курс EUR/USD, цените на ICE се претставени во евра по MWh). Синоќа, директните испораки на гас за Германија беа обновени преку гасоводот Јамал-Европа, а до утринава обемот се зголеми…
Сите радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (електронските портали) во Република Северна Македонија кои имаат земено учество во медиумското покривање во вториот круг на изборниот процес за Локални изборите 2021 година дека се должни до 13 ноември 2021 година да поднесат Извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа согласно одредбите од член 85-а од Изборниот законик, извести Државниот завод за ревизија. Од ДЗР информираат дека образецот за извештајот е пропишан со Правилникот за образецот на извештајот за рекламен простор искористен од секој од организаторите на…
На граѓаните кои аплицирале за субвенции за велосипеди, како и за парична помош за првачиња и новороденчиња, средствата ќе им бидат исплатени веднаш по конечното завршување на локалните избори, информираат од Општина Аеродром. Граѓаните чии барања се прифатени на последниот јавен повик за субвенции за велосипеди ќе добијат поврат на средствата во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3 000 денари, со вклучен персонален данок на доход. Дополнуваат дека по конечното завршување на локалните избори, ќе им бидат исплатени по 8 000 денари на оние родители што поднеле барање за новороденчиња, како и по…
Неколку улици од скопските општини Ѓорче Петров, Кисела Вода, Карпош, Гази Баба и Аеродром утре ќе останат без струја. Од ЕВН Македонија информираат дека утре без струја од 09 до 13 часот ќе бидат корисниците од стопанските објекти Регенератор, асфалтна база Дарс, МВМ Компани, Гранит Лепенец и асфалтна база Гранит кај Лепенец до село Орман, како и дел од корисниците од улица „Мариовска“ во општина Кисела Вода и улица „Трнодол“ во општина Карпош. Исто така, ќе има прекин на електричната енергија во периодот од 08 до 13 часот за корисниците од улица „Лазар Поп Трајков“ бр.20 и бр.22, во општина…
Во текот на изминатата недела ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционирале 178 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. -Во периодот од 01.11. до 07.11.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 96 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 82 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ПОЦ. ЈП ПОЦ и Општина Центар потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник…
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски оствари работен состанок со директорот на ЈП „Паркинзи на општина Центар“ Васко Кичевски, околу новата дополнителна дејност која треба да ја добие претпријатието. Герасимовски, како што соопшти Општина Центар, во текот на изборната кампања неколкупати повтори дека ЈП ПОЦ настрана од дејноста за организирање, управување, уредување и одржување на јавните паркиралишта ќе добие дополнителна комунална дејност за одржувањето на јавната хигиена на целата територија на Општина Центар. – На денешниот состанок разговаравме за првичните постапки кои треба да се направат во ЈП ПОЦ за да се одвои и зајакне секторот јавна хигиена во посебен…