Author: Ivana

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт (НДИ) од САД. На средбата, министерот Османи ја поздрави соработката и ангажманот на НДИ во Северна Македонија, оценувајќи ги како особено значајни за зајакнување на демократските процеси во земјава. Воедно, соговорниците разменија мислење за состојбите во Авганистан, при што претседателот Мичел изрази благодарност за обезбедениот времен престој на авганистанските бегалци во Северна Македонија, кои претходно биле ангажирани во канцеларијата на НДИ во Кабул и други меѓународни организации во земјата.

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, татко и син, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик. При претрес во домот на двајцата осомничени, на улицата „Методија Митревски“ во Скопје, биле пронајдени поголемо количество оружје, различна муниција и делови за оружје во импровизирана работилница. Претрес бил извршен и во викенд куќа на семејството во селото Раштак, каде било пронајдено дополнително количество оружје и муниција. За осомничените на возраст од 73 и 46 години, надлежниот…

Read More

Најмалку 20 лица ги загубија животите при уривањето на зградата во изградба во Лагос, Нигерија, соопштија денеска спасувачките служби, 24 часа по несреќата, но многу работници сè уште се заробени под урнатините. Зградата од 21 кат во изградба во луксузниот кварт Икоји во Лагос се урна вчера. Вкупно девет работници се извлечени од под урнатините, соопшти претставник на Националната агенција за управување со вонредни состојби. Тој рече дека денеска се извлечени уште пет тела и оти вкупниот број на загинати се искачи на 20.

Read More

Се повторува ситуацијата во есенскиот период, водата во Тетово да добие невообичаен вкус и мирис за што и доцна вечерва се правени анализи во тетовскиот Центар за јавно здравје при што првичните параметри се во ред, но се вршат и дополнителни анализи. Оваа појава првпат беше забележана во 2017 година кога Центарот за јавно здравје утврди дека непријатниот мирис и вкус доаѓа од вегетацијата, односно најмногу од лисјата од дрвјата што паѓаат во зафатот на водата кај месноста Лешница, од каде се зема вода за новиот водоснабдителен систем. -Првичните анализи се добри, но годинава е најинтензивна промената на вкусот. Препорака е, но не е…

Read More

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во недела ќе пристигне во официјална посета на Босна и Херцеговина, јави порталот Кликс.ба. Долгоочекуваната посета на Ескобар ќе се случи кон крајот на оваа недела и почетокот на следната недела. За време на престојот во БиХ, американскиот функционер ќе оствари бројни разговори со политичките лидери во земјата. Оваа посета се очекува по седницата на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ, која најверојатно ќе се одржи утре. Многумина очекуваат тој да излезе со конкретни решенија за актуелната политичка криза, односно да создаде процес на деблокирање на институциите и да го спречи…

Read More

Во Албанија во последното деноноќие забележан е висок раст на новозаразени со Ковид-19. -Во изминатите 24 часа опасниот вирус е потврден кај 725 лица од направените 3.273 тестови, што е над 22 отсто од тестираните. Споредено со претходниот ден инциденцата е зголемена за 12 отсто. Најголемиот број од новозаразените се во Тирана 289. Во исто време во списокот на закрепнати се внесени 604 а починале шест лица на возраст од 57 до 81-годишна возраст, информираше министерството за здравство. Во двете ковид болници хоспитализирани се 157 лица од нив 14 се во критична состојба. Од почетокот на пандемијата во оваа земја направени се 1.311.540 тестови, позитивни биле 186.222, закрепнале 175.451, починале 2.937 при…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повика најголемите светски загадувачи веднаш да почнат да ги исполнуваат своите обврски за намалување на емисиите на јаглерод. Макрон го бранеше наследството од Парискиот договор од 2015 година, но исто така призна дека земјите се далеку од исполнување на нивните ветувања да го задржат глобалното затоплување на 1,5 степен од индустриската ера. – Знаеме дека сè уште не сме таму, рече тој на конференцијата за клима на Обединетите нации во Глазгов. Според него, клучно за следните 15 дена е најголемите загадувачи да ги зголемат своите амбиции. – Тоа е единствениот начин да ја направиме нашата стратегија кредибилна … и…

Read More

Британската кралица Елизабета Втора ги повика светските лидери на климатскиот самит COP26 да постигнат вистински државнички дух и да создадат побезбедна и постабилна иднина за планетата. Таа во видеопорака рече дека многу луѓе се надеваат оти времето на зборови сега поминало во време за акција. Британската кралица порача дека тие треба да се издигнат над политиката на моментот. Таа истакна дека е многу горда на нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип и другите членови на семејството поради поттикнување на заштитата на животната средина. Кралицата Елизабета Втора требаше да присуствува на конференцијата на Обединетите нации во Глазгов, но претходно го сними своето обраќање минатата недела во замокот Виндзор, откако и беше советувано да се одмори по лекарски прегледи.

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција порача дека партијата извојувала голема победа и оти денешниот е денот кога почнуваат промените за подобра Македонија. Тој се заблагодари на поддршката од сите опозициски партии и додаде дека со соработката покажале оти е возможен еден широк опозициски фронт со кој се воспоставуваат основи за идна соработка и идна владина коалиција врз база на принципи и вредности на спојување и меѓусебна почит и разбирање. Од лидерот на СДСМ побара да ја прими пораката од народот и да замине.  – Македонијо, од вечерва почнуваш да го живееш нашиот голем сон за нова иднина, надеж…

Read More

Кирил Пецаков, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид прогласи победа над Константин Георгиевски од СДСМ, со разлика од повеќе од 4.200 гласови. – Почнуваат нови и прекрасни денови, како за Охрид, така и за Македонија, порача Пецаков. Пецаков во текот на изборната кампања најави реализација на повеќе капитални и инфраструктурни проекти, ефикасна локална администрација, ликвидни јавни претпријатија, многу работа и отчетност. – Чесни, со крената глава и достоинствено, ја побаравме поддршката на охриѓани и ја добивме. Народот е свесен дека на Охрид и Македонија им се потребни промени. Ова е победа на сите што заслужуваат заедничка иднина. Охриѓани јасно…

Read More