Author: Ivana

Директорот на Културниот центар на Македонија во Р. Албанија, Златко Ориѓански во интервју за НОВА зборува за култуно општествените односи меѓу Македонија и Албанија. – Колку во Албанија знаат за Македонија и колку ние тука во Македонија знаеме што е Албанија? Десет месеци живеам во Тирана и мојот заклучок е дека воопшто не се познаваме, не ја знаеме историјата, културата и поврзаноста  на двете земји. Имам впечаток дека не си го познаваме менталитетот, начинот на живот, та дури и климата, храната, музиката. Малкумина знаат дека во едно училиште во Тирана, уште далечната 1840 предаваше Григор Прличев, на пример, или дека…

Read More

Изборната кампања за седмите локални избори во земјава заврши. На 30 октомври на сила стапува молкот, кога паузираат активностите на политичките партии и кандидатите за градоначалници, а и медиумите имаат забрана и се воздржуваат од пренесување на партиско-политички ставови. Правилата за изборниот молк траат до 19.00 часот на 31-ти октомври, односно до затворање на гласачките места. Ден пред одржувањето на вториот круг за локалните избори, гласаат лицата во изолација, болните и немоќни лица, како и притворениците и затворениците. Денешното гласањето на болните и немоќните ќе го спроведуваат избирачките одбори, додека за гласањето на лицата со ковид-19 и во изолација се…

Read More

На Универзитетската клиника за Неврохирургија е воведена нова метода во лекување на лекување на пациенти со мозочно крвавење – објави денеска министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на „Фејсбук”. – Утрово на УК за Неврохирургија, воведовме нова метода во лекување на пациенти со мозочно крвавење. Операцијата ја направивме со новиот иновативен уред-дволуменски систем кој истовремено овозможува следење на интракранијалниот притисок, испирање на коморниот систем на мозокот и дренажа на цереброспиналната течност – информира Филипче. Според него, овој систем веќе континуирано се употребува во секојдневната клиничка пракса во неколку земји во светот како САД, Германија, Португалија и Холандија. – Од денеска…

Read More

Педесет годишен кумановец синоќа бил лишен од слобода на наплатната рампа Смоквица, затоа што во неговото возило биле пронајдени четири лица – мигранти од Куба, информира МВР. -Синоќа, во 22,00 часот на наплатна рампа Смоквица од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица бил лишен од слобода Б.Б.(50) од Куманово, затоа што при контрола на патничко моторно возило “пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки биле пронајдени четири лица-мигранти од Куба, соопштуваат од МВР. Тие биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против Б.Б. ќе…

Read More

На Клиниката има хоспитализирано 16 годишна пациентка од тетовско која има развиено тешка клиничка слика, изјави директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ за ТВ Сител. Таа има 16 години и развива една тешка ковид-презентација. Во моментов немаме сознанија дека има хронички болести, рече Стевановиќ. Државниот санитарен и здравствен инспекторат почна постапка за да се утврди начинот на кој била лекувана 17-годишната девојка од демирхисарското село Сопотница, која вчера почина на Инфективната клиника од ковид-19. Малолетничката лекувањето го почнала со матичниот лекар во Демир Хисар, по што била хоспитализирана во Битола, а починала на Инфективната клиника во Скопје каде…

Read More

По неколку третмани во Франција и еден со матични клетки во Турција, состојбата на петгодишната Елеонора Тодоровска е подобрена. Ова е и причината поради која се бара втор третман за справување со леукодистрофијата, а тој можеме да го овозможиме само со ваша помош. Докторите од „Лив хоспитал“-Турција сметаат дека шансите за Елеонора да има подобро утре се големи. Затоа ја бараме вашата помош, крајната цел се собирање на 21.000 евра за петгодишната Елеонора ги надмине секојдневните болки, да ја врати насмевката, а болничките ходници да бидат минато. Борбата е секојдневна и тешка, бидејќи Елеонора не говори, не може да оди,…

Read More

Претставниците на деловната заедница на државите од Г-20 стравуваат дека тековниот економски раст што се случи откако пандемијата стивна може да биде бесмислен без координирана политика за обезбедување инвестиции и енергетска транзиција, изјави Ема Маркегалија – претседателка на Б-20 (Бизнис 20), која нагласи дека бизнисмените очекуваат политичарите да обезбедат одржлив раст. – Главната грижа е дека сегашното економско закрепнување што го гледаме по неверојатната рецесија во 2020 година ќе биде краткотрајно. Она што е важно не е сегашниот економски раст што се проектира за оваа година (до 6 отсто во Италија), туку потребата да се задржи овој раст на долг…

Read More

Ловџија застрелал друг ловџија при лов во атарот на село Габреш, соопшти денеска СВР Куманово. – Утрово во 08:00 часот во СВР Куманово педесет и деветгодишниот И.С. од Куманово пријавил дека во село Габреш во месноста Островица, пукајќи во лов го застрелал Ч.Р.(67) од село Лопате. Од страна на Брза помош е констатирано дека лицето починало, а увидот е сè уште во тек, информираа денеска од СВР Куманово. Од полицијата најавија повеќе информации за случајот по завршување на увидот.

Read More

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека во недела, 31 октомври 2021 година, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден, со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на вториот круг од локалните избори. Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот, која се наоѓа на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83 во Скопје и преку телефонските броеви 02 3119 073 и 072 278 436. Покрај личното и телефонското пријавување, овозможена е и пријава…

Read More

Во пресрет на одржувањето на вториот круг од Локалните избори, што ќе се одржи утре, Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да подигнат лични карти. Одделот за граѓански работи, односно отсеците за управни работи на оваа организациона единица при МВР во Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици во нивни состав, на денеска ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот, соопштија…

Read More

Вчера беа регистрирани нови 417 случаи на Ковид-19 од 2.964 тестирања или 14 отсто, вкупно пријавени десет починати и 329 оздравени пациенти. Во моментот во државата има 6.576 активни случаи. Во последните три месеци, 73 отсто од позитивните случаи на Ковид-19 не биле вакцинирани. Тој процент кај хоспитализираните е 75, а кај починатите 82, покажа анализата на Министерството за здравство. Вкупниот број на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 201.708 од направени 1.378.530 тестирања. Оздравени се 188.024 пациенти, починати 7.108. Во периодот од 6 август до завчера, на територија на државата се потврдени 45.621 граѓанин позитивни…

Read More

Лидерите на земјите од Групата 20 , кои денеска и утре во Рим првпат ќе се сретнат лично од почетокот на пандемијата, ќе разговараат за глобалното закрепнување, кое е попречено од низа пречки: енергетска криза што поттикнува повисоки цени на горивото и комуналните услуги, нови жаришта на Ковид-19 и пречките во синџирите на снабдување со стоки за потрошувачите. Самитот ќе им овозможи на лидерите на 20 земји кои претставуваат 80 отсто од глобалната економија да разговараат – и да вршат притисок – за сите овие прашања. Аналитичарите прашуваат колкав напредок можат да направат за веднаш да го олеснат товарот на…

Read More