Author: Ivana

Членките на Платформата за родова еднаквост бараат медикаментозниот абортус освен на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, да биде достапна здравствена услуга и во болниците во другите градови низ земјата, да се осигури регистрација на лековите за него, за да се обезбеди негова примена како на болничко ниво, така и во гинеколошките ординации на примарно здравствено ниво. Медикаментозниот абортус, соопштија од Платформата, во моментов е достапен само во една здравствена институција и како последица на тоа девојките и жените кои живеат надвор од Скопје немаат можност да изберат како ќе ја прекинат бременоста, што значително ја ограничува нивната репродуктивна слобода.…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.820 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.207 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.505.469 дози вакцини, а ревакцинирани се 721.156 граѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани. Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 32% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се…

Read More

Барањето за изземање на јавниот обвинител Лиле Стефанова од случајот „Плацеви на Водно“ се одбива како неосновано. Ова е решението донесено од Основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, на барањето поднесено од одбраната на обвинетиот Јордан Камчев, се вели во писмениот допис од ОЈО до Судот. Според бранителот на Камчев, адвокатот Еленко Миланов, ова барање за изземање го поднеле врз основа на поднесена кривична пријава во однос на застапникот на обвинението. Пријавата се однесува на постоење на основано сомнение за кривично дело несовесно работење во службата како и поднесување лажни…

Read More

84-годишен пациент кој имал корона, вчера попладне избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. – На 26.09.2021 во 15.47 часот во СВР Штип, од модуларната болница при Клиничка болница Штип било пријавено дека 84 годишен пациент ја напуштил болницата. Од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип лицето било пронајдено на градскиот плоштад во Штип и со возило на Итната медицинска помош вратено во болницата, велат од МВР.

Read More

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека  Буџетот е во одлична кондиција и оти ќе нема потреба од поголемо задолжување до крајот на  годинава. -Последните податоци се навистина одлични од аспект на приходи во Буџетот, во сите ставки имаме зголемување, ако се направат споредби со истиот период во 2019 година, а да не споредуваме со 2020 година, кога имавме криза. Еве во делот на придонеси, каде некои велат дека е лошо, ние во Владата велиме има подобрување, има зголемување од 400 милиони денари, во споредба со 2020 и 2019 година и некаде зголемување од околу 7 проценти. Во делот…

Read More

Големите прашања и дилеми од раните 1990-ти кога ја стекнувавме независноста, денес, не се повеќе на дневниот ред. Најголемиот наш национален проект, создавањето на сопствена, независна држава е завршен. Членството во речиси сите за нас битни меѓународни организации, исто така, со влезот во Северно атлантската алијанса како круна на децениските напори да обезбедиме гаранција за територијалниот интегритет. Можеме да ја продолжиме нарацијата за историски губитници, поделено национално ткиво, народ историски онеправдан, ембарга и санкции, за Лисабонската декларација, за условите да станеме членки на Обединетите нации со услов каков што реално не бил поставен пред никого претходно, но, сето тоа припаѓа…

Read More

За успесите кои беа постигнати, но уште повеќе и за грешките кои беа направени во периодот додека бев премиер, носам целосна одговорност – изјави денеска поранешниот премиер и претседател на државата, Бранко Црвенковски. Тој призна дека за време на неговиот мандат се направиле крупни грешки, додавајќи дека со сознанијата кои сега ги има, многу работи би ги направил сосема поинаку. „За жал како во приватниот живот така и во политиката, времеплов не постои. Без разлика што ниедна од тогашните одлуки не беше донесена со лоши намери, туку верувајќи во тие и такви околности дека се правилни од денешен аспект гледано,…

Read More

„Денес на Република Македонија повеќе од кога и да е и се потребни луѓе, кои со гордост ќе се изјаснуваат дека се Македонци. Дека се македонски народ. Сега ни се потребни луѓе кои допрва ќе ја градат Република Македонија како држава заснована врз самодоверба, самопочит, себеспознавање и љубов кон татковината“. Ова го порача во поздравното ведео обраќање на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941 – 1991 / 1991 – 2021 година“, поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Демократијата, нагласи Иванов, не може да се увезува – единствена вистинска демократија е демократијата…

Read More

Премиерот Зоран Заев на денешниот прв ден од почетокот на кампањата за претстојните локални избори вети дека како партија и коалиција ќе водат позитивна кампања која ќе биде насочена кон она што било направено досега, но и кон идните планови за поддршка на локалните самоуправи и за поголем локален економски развој. -Овие избори се избори на личност, програми, проекти, идеи, и во едни такви околности должност е за сите е да водиме позитивна кампања. Нашата земја оваа година слави 30 години од независност и колку сме навистина созреани и колку сме општествено одговорни сите ние со секоја година и со…

Read More

Нова пратка на уреди за биометриска идентификација на гласачите се очекува попладне да пристигне во земјава. Државната изборна комисија соопшти дека пратката ќе биде пречекана пред Домот на АРМ во 13 часот. Првите уреди за биометриска идентификација пристигнаа на почетокот на месецов и со нив се обучуваат избирачките одбори. Уредите за биометриска идентификација или уште познати како фингерпринт се набавени од германската фирма „Дермалог“. За првпат ќе се користат на претстојните локални избори со цел да се зголеми довербата во изборниот процес и да се елиминираат досегашните сомневања во изборните резултати.

Read More

Туризмот ги даде очекуваните резултати. Сезоната беше успешна благодарение на владините мерки и политики, креирани заеднички со приватниот сектор, беше речено денеска, на настанот по повод Светскиот ден на туризмот, 27 Септември. Како што истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, кампањата „Дома си е дома“ и ваучерите за поттикнување на туризмот ги привлекоа домашните туристи, а безбедносниот печат значително придонесе за странските гости. Бектеши најави дека дигитализацијата и промоцијата на земјава како атрактивна дестинација, ќе бидат меѓу приоритетните активности во областа на туризмот. -Туризмот во светски рамки беше еден од најпогодените сектори. Владата го поддржа со конкретни мерки и активности.…

Read More

 Во Гевгелија, во близина на граничната линија со Република Грција, вчеравечер се приведени 15 мигранти од кои три малолетници, сите од Куба, затоа што осум од нив илегално влегле од државата, а седум се обиделе нелегално да ја преминат државната граница. Како што соопшти МВР, сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Read More