Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Министерот за правда Бојан Маричиќ смета дека до крајот на следната недела успешно ќе финишира попишувањето на населението. Според него, добро е што апелите за бојкот не наидоа на поддршка кај граѓаните, кои се свесни за значењето на оваа голема статистичка операција. – Задоволени сме што пописот тече успешно. Досега 1.400.000 граѓани се попишаа. Сигурен сум дека до крајот на идната недела кога завршува пописот ќе имаме покомплетна бројка. Имаме потоа неколку месеци за сумирање на резултатите. Овој попис се прави по методологија на Евростат, подготвуван е многу долго и се спроведува по 20 години. Ова е натпартиска операција и навистина…
Претседателот на Владата Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера, кој го завршува својот мандат во Република Северна Македонија. – На средбата, беше изразено задоволство од посетата на премиерот Заев на Кралството Шпанија во мај годинава, оценувајќи ја како исклучително важна како прва посета на оваа земја на премиерско ниво, при што беа остварени средби со шпанскиот премиер Педро Санчез и со Пилар Лоп Куенка, претседателка на шпанскиот Сенат, соопштија од Влада. Премиерот Заев изразувајќи почит и признание, на амбасадорот Лоренцо Сера му врачи благодарница за личниот посебен придонес на амбасадорот кон зајакнување на…
Џафери: Потребна е кредибилна европска перспектива за Западен Балкан, заснована на систем на заслуги
Доколку Европската Унија сака поголема стабилност во своето соседство, тогаш потребна е кредибилна европска перспектива за Западен Балкан, заснована на систем на заслуги. Таа перспектива ризикува да стане заморна и неатрактивна за нас како земји кандидати доколку потфрли и не ги испочитува темелните вредности врз кои е градена Унијата кои во прв план го ставаат просперитетот, мирот и безбедноста на сите граѓани на континентот. Ова го истакна претседателот на Собранието Талат Џафери во своето обраќање на 10-ти Состанок на спикери на парламенти од земјите од Југоисточна Европа за проширувањето. Џафери изрази благодарност за традиционалното одржување на овој настан на највисоко…
Односот со Бугарија се измести отако таа го прекрши членот 2 од Договорот за добрососедство, којшто зборува дека Софија ќе ни помага на европскиот пат, нема да ни одмага, најмалку пак ќе не блокира. Ние доживеавме две вета и проблематизирање на нашиот јазик. Нема напредок во атмосфера на уцена. Потребна е заемна доверба и почит за напредок во дијалогот за сите прашања, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. – Во принцип на Договорот за пријателство со Бугарија беше владите, политичките лидери да се бават со сегашноста и со иднината, а историчарите да се бават со историјата. Тоа што политиката може…
Во рамката на овој меморандум за соработка со Естонскиот центар за меѓународен развој ќе започнеме во областа на дигитализацијата, но веќе разговаравме со нашите експерти дека нема да ја исклучиме соработката и проширувањето на таквата соработка и во други области во иднина, истакна амбасадорката на Естонија, Кристи Карелсон. – Навистина би биле среќни тоа да се случи и сигурна сум дека двете страни Естонија и Северна Македонија навистина се подготвени да ја проценат ваквата опција во иднина, меѓутоа ова не е ништо премногу конкретно. Што се однесува до другите земји членки на ЕУ, секако дека тие за себе да зборуваат,…
Привремена Комисија на јавното обвинителство ќе следи евентуални изборни нерегуларности на претстојните локални избори, закажани за 17 октомври 2021 година. -Настаните поврзани со претстојните локални избори, закажани за 17 октомври 2021 година, се од општ интерес на јавноста. Оттука, јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите, соопшти ЈОРСМ. Формираната комисија на јавното обвинителство проактивно ќе ги следи…
Еден од основачите на талибанците и главен иницијатор за строго толкување на исламскиот закон за време на последното владеење на Талибанците во Авганистан кон крајот на 1990 -тите, Мула Норудин Тураби, рече дека движењето повторно ќе врши егзекуции и отсекување на раце, иако можеби не во јавност. Во интервју за Асошиејтед Прес, Тураби го отфрли гневот поради егзекуциите што талибанците ги вршеа во минатото, кои понекогаш се случуваа пред толпа луѓе на стадион и го предупреди светот да не се меша во работата на новите владетели на Авганистан. – Сите не критикуваа за казните на стадионот, но ние никогаш не…
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе одржи прес-конференција за претставување на трилатералниот проект за унапредување на дигитализацијата во Северна Македонија. Проектот ќе го спроведува Секретаријатот за европски прашања, со финансиска поддршка од САД и Естонија и експертска поддршка од Естонскиот центар за меѓународен развој. По тој повод, на прес-конференцијата, покрај вицепремиерот Димитров, ќе се обратат и амбасадорките на САД и Естонија во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз и Кристи Карелсон, а ќе се потпише и Меморандум за соработка со Естонскиот центар за меѓународен развој. https://www.youtube.com/watch?v=20yB3UU1i9U
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против жителка на Куманово, на возраст од 51 година, поради постоење на основано сомневање дека сторила едно продолжено кривичнo делo – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 2 во врска со став 1, а во врска со член 45 став 1 и едно продолжено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со сатав 2 во врска со член 45 став 1 од Кивичниот законик. На 22.09.2021 година во временски период од 07,00 до 14,00 часот, искористувајќи ист траен однос, во…
Под мотото „Доверете ни го вашето здравје“, на 25 септември се одбележува Светскиот ден на фармацевтите. Годинашното мото е избрано токму поради фактот што во оваа ера на пандемија, токму довербата што пациентите ја имаат кон здравствените работници, меѓу кои и фармацевтите како едни од најдостапните, е таа што ни помага полесно да се соочиме со КОВИД -19 вирусот. Довербата е клучен сегмент од човечките односи и основен елемент од социјалниот капитал. Довербата е, исто така, од суштинско значење во процесот на здравствената грижа. Постои значајна корелација помеѓу довербата во здравствените работници и резултатите од лекувањето на пациентите. Анкетите покажале…
Здравствената заштита (85%) и економско- социјалната стабилност (82%) се најважните теми од интерес на општата популација што живее во земјава, и преземањето специфични прагматични активности за подобрување на квалитетот на животот е клучна мотивација за луѓето да станат општествено и политички активни – ова го покажува сеопфатната анализа за „Влијанието на демографските фактори врз учеството на граѓаните во јавниот живот и едукацијата на гласачите во Северна Македонија“, изработена во рамки на Проектот „Поддршка на изборни реформи“ имплементиран од страна на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Истражувањето, како што информираат од…
Големите домашни извозни компании со доминантна приватна сопственост кои реализирале најмалку 30 проценти од своите приходи од извоз во последната фискална година можат да добијат гаранција до 50 проценти од износот на кредитот за извоз. Од Развојната банка денеска информираа дека со гаранцијата може да бидат покриени кредити чиј износ се движи од 3.075.000 денари до 30.000.000 денари. Барањето за издавање на индивидуална гаранција може да се поднесе директно до Развојната банка, а достапно е и на веб страницата на банката под Производи – Гаранции. По добивање на барањето, тоа се процесира и се издава индивидуална гаранција од Гарантниот фонд…