Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Односот со Бугарија се измести отако таа го прекрши Договорот за добрососедство

0
By Ivana on September 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 24, 2021 12:43

Односот со Бугарија се измести отако таа го прекрши членот 2 од Договорот за добрососедство, којшто зборува дека Софија ќе ни помага на европскиот пат, нема да ни одмага, најмалку пак ќе не блокира. Ние доживеавме две вета и проблематизирање на нашиот јазик. Нема напредок во атмосфера на уцена. Потребна е заемна доверба и почит за напредок во дијалогот за сите прашања, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

– Во принцип на Договорот за пријателство со Бугарија беше владите, политичките лидери да се бават со сегашноста и со иднината, а историчарите да се бават со историјата. Тоа што политиката може да го прави е да создаде поволна клима – општествата, академските кругови, членовите на комисијата за историски развојни прашања да разговараат слободно и отворено. Тоа што се случи е – односот се измести бидејќи Бугарија го прекрши членот 2 од Договорот којшто зборува дека Софија ќе ни помага на европскиот пат, нема да ни одмага, најмалку пак ќе не блокира. Ние доживеавме две вета, доживеавме и проблематизирање на нешто што е многу внатрешно, нашиот јазик – македонскиот јазик на европско ниво и во таа смисла овие чекори го направија вистинскиот искрен дијалог многу тежок. Тоа е главниот проблем во овој момент. Ние ќе продолжиме да настојуваме тој проблем да го решиме. Колку повеќе ќе има доверба и почит кон другиот и прашањата што се важни за другиот толку полесно ќе оди дијалогот за сите прашања што се важни за двете страни, изјави Димитров.

Тој посочи дека „големиот проблем за напредок и во разговорите околу историјата и во разговорите за другите теми каде имаме разлики е атмосферата на уцена“.

– И македонскиот народ и бугарскиот народ и многу други балкански народи имаат една изрека која што вели „со сила нема убавина“. За вистинска блискост и за вистински напредок не може да стане збор ако опстане оваа атмосфера на уцена. Мора да има меѓусебна почит, мора да има поголемо разбирање на чувствителноста на другиот. Не може да се создаде блискост и пријателство без таква елементарна почит и никако не може да се создаде блискост и пријателства кога се уценува, потенцира Димитров.  

Тој повтори дека одговорноста на политиката е да создаде атмосфера, одговорноста на експертите, академската заедница е да ги адресираат историските прашања.

– Во моментов таа атмосфера е нарушена поради двете вета – прекршувањето на членот 2 од Договорот кој вели дека Бугарија ќе не поддржува и ќе ни помага одејќи напред кон заедничката европска иднина и што побргу се вратиме во една позитивна атмосфера да обезбедиме разликите да ги разговараме, толку поголем прогрес ќе направиме.  

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.