Author: Ivana

Додека идните противници ги одмеруваат меѓусебно силите, Емануел Макрон освојува поени во јавното мислење. Според анкетата на БВА-Оранж-РТЛ,  46 отсто од Французите имаат добро мислење за Претседателот на француската република, јави дописникот на МИА од Париз. Ова претставува значително зголемување (+6 поени) откако се најде на околу 40 отсто од поволните мислења во истиот барометар во претходните месеци. Шефот на француската држава напредува во сите категории на население, дури и во оние што традиционално се понеповолни за него, како што се службениците и работниците (40 отсто, +7 поени). Тој, исто така, останува многу добро позициониран во богатите социјални категории: 52…

Read More

„Јас одговорно тврдам, дека поставените функционери кои ги поставуваме врз основа на политички договор е со цел да преземаат политичка одговорност за спроведување на тоа изборните програми коишто подоцна станува исполнување на Владина програма, која се спроведува директно од политичките претставници кои се избрани од мнозинството избрано од граѓаните“, истакна премиерот Зоран Заев во емисијата „24 анализа“ на Телевизија 24, одговарајќи на прашањето за причините поради кои се менуваат директорите на државните институции. „Во случајот со разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски се работеше за спроведување на Законот за спроведување на К-5 Програмата, односно за распоредување на…

Read More

Јас сум убеден дека проевропските манири и решенија ќе преовладаат и ќе градиме пријателство без да се чепкаат болните работи за народите од двете страни, рече Заев во интервју за ТВ 24 Никој не може да го избрише фактот за тоа кои држави учествувале во фашизмот. Нема дилема за тоа. Во тоа споменување ќе се кажува дека тогашното уредување во Бугарија било фашистичко. Против тој факт не се може, но прашањето е за наративот, дали фрламе тежина на една цела нација или не, кажа премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „24 анализа“ на ТВ 24. – Сепак и бугарската…

Read More

Двајца полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал вчера биле фатени со дрога во Албанија, при влез во Црна Гора. Од МВР го потврдија случајот, но тврдат дека станува збор за претходно запленета марихуана која останала во возилото, скриена во бункер под седиштата. Од министерството додаваат дека двајцата службеници веќе се вратени во Скопје. Вработените во МВР немаат никаква поврзаност со дрогата и тоа го потврдило и албанското јавно обвинителство и тие се веќе вратени во Скопје, а за целиот случај го известивме и нашето Јавно Обвинителство за натамошно постапување и расчистување на случајот, соопштија од МВР. Според објаснувањето на…

Read More

Амазон објави дека планира да инвестира 7,5 милијарди новозеландски долари (5,3 милијарди американски долари) во изградба на нови центри за податоци во Нов Зеланд. Веб сервисите на Амазон ќе изградат нови центри за податоци, што ќе резултира со отворање илјада нови работни места во следните 15 години, соопшти американскиот гигант. – AWS поддржува илјадници организации низ Нов Зеланд во нивните напори да иновираат, успеат и да растат на глобално ниво. Возбудени сме што ќе изградиме нова инфраструктура од светска класа на локално ниво, ќе ги научиме Новозеланѓаните за потребните дигитални вештини и ќе продолжиме да им помагаме на локалните организации…

Read More

Денеска попладне завррши големата меѓународна вежба „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“ во организација на НАТО ЕАДРЦЦ – Евроатлантскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центар за управување со кризи (ЦУК) од областа на кризниот менаџмент. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со директорите на вежбата од НАТО страна, Вим Ванхеим, а од змјата домаќин, Урим Вејсели, одржаа кратки поздравни говори и ги доделија сертификатите на земјите учеснички. Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство во којашто, покрај Република Северна Македонија, учествуваат 27 земји…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се 526 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 245, Куманово – 43, Велес – 22, Прилеп и Охрид – по 19, Штип – 18, Кавадарци – 17, Струмица – 16, Крива Паланка – 15, Битола – 12, Тетово – 11, Гостивар и Кочани – по 10, Кичево и Гевгелија – по 9, Свети Николе – 8, Виница и Валандово – по 6, Струга и Ресен – по 5, Кратово – 4, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3,…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи за време на посетата на Њујорк во рамките на неговото учество на 76 заседание на Генералното Собрание, го посети Националниот меморијален музеј за 11 септември, каде положи свежо цвеќе во сеќавање на жртвите од терористичкиот напад од 2001 година. Споделувајќи ја тагата за загубените човечки животи, Османи изрази сочувство кон загинатите и нивните семејства, како и поддршка за САД и американскиот народ. „На 20 годишнината од овој трагичен настан, Република Северна Македонија силно ги поддржува заложбите на меѓународната заедница за зачувување на универзалните цивилизациски вредности – мирот, безбедноста, демократијата и укажува на потребата од…

Read More

Претседателот на Собранието, Талат Џафери утре ќе учествува на десеттиот состанок на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа, посветен на проширувањето на Европската унија. Состанокот, како што соопшти секторот за односи со јавност на Собранието, се одржува во Будимпешта, и традиционално се организира од страна на Собранието на Република Унгарија на секои две години. На состанокот, покрај претседателите на парламентите од земјите од Југоисточна Европа, ќе учествуваат и претседателите на парламентите на земјите од Вишеградската група. Предвидено е во воведниот дел на состанокот, свои излагања да имаат премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан, европскиот комесар за соседство и…

Read More

Полициски службеници од СВР – Куманово, вчера во 18:45 часот на Граничниот премин „Табановце“ го привеле кумановецот О.Џ. (27), бидејќи кај него бил пронајден кокаин. – При контрола извршена од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи кај О.Џ. бил пронајден кокаин. Исто така, при пасошка контрола тој приложил фалсификуван негативен ПЦР тест, информира МВР. По целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со Валтер Камп, регионален директор за Југоисточна Европа на Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал, на која се разговарало за активностите на Министерството за внатрешни работи во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Како што соопштија од МВР, на средбата било разговарано за зајакнување на соработката на МВР со организациите од граѓанскиот сектор, од аспект на постигнување обединетост во напорите и на овие организации и на државните институции, со оглед на фактот дека кога се работи за борбата против организираниот криминал и корупцијата, неопходна е заедничка позиција и соработка. Министерот…

Read More

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска повторно ги повика пратениците да престанат со политичките игри и да ги изгласаат измените на Законот за работни односи со кои недела треба да биде прогласен за неработен ден. – Апелираме пратениците да се пребројат и прекалкулираат уште еднаш, што тие губат и каква штета на работникот му прават, а воедно каква штета си прават и тие самите. Ги повикуваме сите кои му мислат лошо на работникот да престанат со политичките игри и пресметки на грбот на оние кои ги гласаат, се вели во денешното соопштение од ССМ. Измените на Законот за работни…

Read More