Author: Ivana

Десет болници се целосно уништени од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари, информираше украинскиот министер за здравство Виктор Лашко, во своја изјава на националната телевизија. Други болници, додаде Лашко, не можеа да добијат лекови и други работи, поради борбите во близина. Светската здравствена организација соопшти за 62 различни напади врз здравствени установи во Украина, откако почна конфликтот, при што, евидентирани се 15 загинати и најмалку 37 повредени лица.

Read More

Почина Ристо Стефановски, театролог, долгогодишен театарски работник, театарски историчар и долгогодишен директор на Драмскиот театар Скопје (1957-1983). Од Драмскиот театар соопштија дека за датумот на комеморацијата дополнително ќе информираат. Ристо Стефановски е роден 1928 година во Скопје. По завршувањето на Државната театарска школа во родниот град, две години студирал глума на Театарската академија во Белград. Од 1951 до 1960 година бил актер во Народниот театар во Скопје. Од пролетта 1957 година раководел со Куклениот театар во Скопје кој подоцна се трансформирал во денешниот Драмски театар. Го обмислува, реализира и уредува театарското списание „Театарски гласник“ од 1977 година. Во меѓувреме дипломирал…

Read More

Во услови на војната во Украина, австриската министерка за европски прашања Каролине Едштадлер денеска се заложи за напредок во процесот на пристапување во ЕУ на земјите од Западен Балкан – Токму сега не треба „да направиме грешка и да ги заборавиме земјите од Западен Балкан“. Напротив, треба да ги „врземе за ЕУ уште побрзо и поблиску, рече Едштадлер. – Овие земји припаѓаат на Унијата не само географски, туку и според нивната вредносна конструкција, изјави Едштадлер денеска во Брисел пред средбата со нејзините колеги од ЕУ. – Тоа е прашање на безбедност на Европа, но е и прашање на кредибилитет, нагласи…

Read More

Кристијано Роналдо сака со Португалија да се пласира на Светското првенство во 2022 година. Тој најави максимална борбеност на неговата репрезентација во плејофот за пласман на фудбалскиот Мундијал во Катар. – Целосна концентрација на Светското првенство во 2022 година. Како и секогаш, горд што ја претставувам Португалија. Знаеме дека патот нема да биде лесен. Имаме голема почит кон противниците со кои се соочуваме кои имаат иста цел како нас. Но, заедно ќе се бориме Португалија да го заземе заслуженото место. Ајде да го направиме тоа! – напиша напаѓачот на Манчестер Јунајтед на Инстаграм. Португалија на 24 март ќе игра на…

Read More

Објавен е нов конкурс за издавање на учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование, за повеќе струки – геолошка, рударска, металуршка, градежно – геодетска, графичка, економско – правна, трговска, електротехничка, здравствена, земјоделско – ветеринарна, лично услуги, машинска, сообраќајна, текстилно – кожарска, угостителско – туристичка, шумарско – дрвопреработувачка и хемиско – технолошка струка, информира Министерството за образование и наука (МОН). Како што посочуваат од МОН, право на учество на конкурсот имаат сите автори кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование. -Притоа, на конкурсот може да учествува автор на учебник само…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера присуствуваше на јавна дебата по повод 21 Март- Меѓународниот ден на лицата со Даунов Синдром, организирана од Здружението на граѓани „Исчекор- Општество за сите”, во Домот на културата 25 мај- Валандово. „Меѓународен ден на лицата со Даунов Синдром, го одбележуваме не само со пораката дека интензивно вложуваме во идејата едно општество за сите, туку дека градиме еднаквост и рамноправност за сите наши граѓани преку нашите лични примери, преку донесените и применети социјални политики,“ истакна министерката Тренчевска. Таа се осврна на воведувањето и примената на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ)…

Read More

Спасувачките екипи не пронајдоа преживеани меѓу остатоците на авионот на „Чајна истерн ерлајнс“, кој вчера се урна во планините во јужниот кинески регион Гвангши, што е најтешката авионска несреќа во Кина во последните десетина години. Во седум години стариот авион „Боинг 737-800“ имало 123 патници и девет члена на посадата. „Остатоци од авионот се пронајдени на местото на падот, но досега не е пронајден никој од оние кои биле во авионот“, соопшти државната телевизија „ЦЦТВ“. Авионот кој патувал од Кунминг до Гвангжу се урнал во близина на градот Вужу, предизвикувајќи голем пожар кој бил видлив на сателитските снимки на НАСА.…

Read More

Јакуб Котович е ветеринар од Полска кој за многумина стана херој оти патува ширум Украина и спасува животни најдени среде воените зони. Тој досега со три конвои спасил над 200 мачки и 60 кучиња од градот Лавов. Јакуб (32) веќе 15 години има и добротворна организација за спасување животни, наречена „Фондација АДА“, па сега ја користи за да ги спаси погодените и настраданите во војната. Тој се надева дека ќе купи уште едно возило и ќе формира прифатилиште за животни покрај склад за храна. Раскажа и како две мачки веќе стигнале кај своите семејства кои се вон Украина. – Сите…

Read More

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден  продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за непочитување на првенство на минување, пет мерки за некористење сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 41 за непрописно паркирање. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да…

Read More

Владимир Машков, познат руски актер, на светската јавност познат и по неговата улога во филмот “Невозможна мисија” настапи на големиот митинг кој го организираше Владимир Путин во Москва во знак на подршка на руските сили ангажирани во инвазијата на Украина. Од говорницата изрази поддршка за руската армија и Путин. – Ние сме за свет без нацизам – рече Машков на митингот. Ден потоа на СИ ЕН ЕН јавно истапи неговата ќерка Мариа Машкова, исто така актерка која живее шест години во САД и има две ќерки со нејзиниот сопруг Украинец. – Не можам да зборувам за татко ми кој е…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака рече дека украинската армија им пружа жесток отпор на руските сили и го забавува нивниот напредок. Тој додаде дека руски авион се урна над Харков, вториот по големина град во Украина. Зеленски потенцира дека нема намера да попушти пред Русија, и покрај продолжувањето на нападите и влошувањето на хуманитарната ситуација. Тој ги повика сонародниците да продолжат да ја бранат земјата Украина нема да прифати руски ултиматуми за запирање на војната, изјави украинскиот претседател. Русија ја следи шемата: „Ние поставуваме ултиматум, ова се точките кои вие треба сите да ги исполните, па војната ќе…

Read More

Украинската армија денеска соопшти дека населението треба да биде подготвено за неселективно руско гранатирање на виталната цивилна инфраструктура. Украинските вооружени сили соопштија дека се очекува руските сили да продолжат со нападите врз виталната инфраструктура користејќи „оружје со висока прецизност и неселективна муниција“. Генералштабот на украинските вооружени сили, исто така, објави дека руските трупи го окупирале копнениот коридор кон Крим и го блокирале пристапот на Украина до Азовското Море. Украинската армија во редовен извештај наведува и дека руските си ли „го загубиле офанзивниот потенцијал“ и дека биле „принудени да повикаат засилување од Русија“, пренесува Би-би-си. Во соопштението се тврди и дека…

Read More