Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Талибанските власти ги прекинаа демонстрациите на десетици жени во Кабул, кои бараат права по преземањето на талибанците на Авганистан. Групата вели дека талибанците ги нападнале со солзавец додека се обидувале да одат од мост до претседателската палата Според талибанците, протестот излегол од контрола, пренесе авганистанскиот медиум „Толо њуз“. Ова е најновиот од серијата протести на жени во Кабул и Херат. Тие бараат право на работа и вклучување во владата. Талибанците велат дека во наредните денови ќе го објават составот на нивната власт. Велат дека жените може да бидат вклучени во владата, но не и да извршуваат министерски функции. Многу жени…
Министерот за правда Бојан Маричиќ во својата видео-порака по повод почетокот на теренскиот дел од пописот, кажа дека ова претставува најважната статистичка операција спроведена од осамостојувањето до сега – Попис не е спроведен речиси 20 години. Ваквата состојба едноставно повеќе е неодржлива и тоа не смееме да го толерираме. Државите членки на Обединетите Нации се обврзани да спроведуваат попис, но можеби уште поважно, тоа е обврска која ја имаме кон државата и пред се кон граѓаните, кажа Маричиќ и додаде дека пописот ќе биде спроведен безбедно, почитувајќи ги највисоките стандарди за спречување на ширењето на Ковид-19. Маричиќ на Државниот завод…
Уште од утринските часови ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Позастапена нестабилноста ќе биде во јужните делови од земјава каде локално врнежите ќе бидат пообилни (над 15 л/м2), проследени со почести грмежи и засилен ветер Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Тензично е во Цетиње утрово каде полицијата фрли солзавец врз граѓани на повеќе локации кои протестираат против најавеното устоличување на митрополитот Јоаникиј во манастирот Цетиње. Од раните утрински часови се слушаат полициски сирени Устоличувањето на митрополитот на СПЦ Јоаникиј, беше планирано за денеска во 8 часот во манастирот Цетиње, јавија црногорски медиуми. Во Инцидентите повредени се четири лица соопштија од Општата болница во градот. https://www.youtube.com/watch?v=Msa80Qa669o Големи полициски сили се распоредени во Цетиње за да пробијат барикади и да им овозможат на свештеници од СПЦ да сигнат до Цетињскиот манастир. Граѓаните порачуваат дека тоа нема да го дозволат. Според РТЦГ врз…
Сообраќајниот режим во централното градско подрачје во Скопје денеска поради генерална проба на централната прослава „30 години независност“, закажана за 8 септември е изменет од 07:30 до 12:30 часот и од 15:30 до 20:00 часот Во тој период затворени за сообраќај ќе бидат: – бул. „Кочо Рацин“ на потег од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до ул. „Кирил и Методиј“. – ул. „11 Октомври“ на потег од ул. „Крушевска Република“ до ул. „Димитрие Чуповски“. – ул. „Филип Втори“ на потег од бул. „Гоце Делчев“ до ул. „11-ти Октомври“. – кеј „13–ти Ноември“ на потег од ул. „Филип Втори“ до…
Во 50 пописни реони во Северна Македонија денеска почнува Пописот на население, домаќинства и станови. Статистичката операција официјално стартуваше утринава во 8 часот, а ќе трае до 30 септември, до кога ќе трае и онлајн пописот на дијаспората, што почна на 1 март. Досега во дијаспората се попишани приближно 191.000 граѓани. Во земјава по 20 години се спроведува попис. Последен пат ваква статистичка операција се спроведе во 2002 година, а надлежните сега уверуваат дека се е подготвено за пребројувањето на населението, домаќинствата и становите, со што ќе се добие точна бројка за населението, каде точно е распоредено, слика за половата,…
Седумстотини и осум нови случаи на заболени од Ковид-19, 573 оздравени и 32 починати лица се регистрирани во изминатите 24 часа Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, како што соопшти Министерството за здравство во изминатите 24 часа направени 7.174 тестирањe, а од новозаболените 708 лица во Скопје се 315, Куманово – 53, Тетово – 38, Струмица – 33, Штип – 24, Струга – 23, Кичево -21, Битола -19, Прилеп, Велес и Охрид – по 18, Гостивар и Кавадарци – по 17, Берово – 14, Дебар – 13, Делчево – 9, Крива Паланка – 8, Кочани, Неготино и Радовиш – по…
Невработеноста за вториот квартал од 2021 година е на историски најниско ниво од 15,9 отсто, во споредба со истиот период во 2020 година, истата е намалена за 4,8 отсто, објави денеска на Фејсбук премиерот, Зоран Заев – Стапката на вработеност од крајот на 2020 година наваму расте со темпо како и пред пандемијата, со раст од 1,5 отсто во последните три квартали. И понатаму стапката на вработеност е доста висока кај мажите, на ниво од 55,8 отсто и е многу блиску до просекот на ЕУ (60 отсто), за разлика од жените кај кои оваа стапка изнесува 38,7 отсто, нагласува Заев…
Кичеец во моментов има 30-дневен прекин во издржувањето на затворската казна од здравствени причини, велат од Управата за издржување санкции Осудениот во случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец, бил еден од учесниците во тешката сообраќајка што се случи попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Засега нема информации дали тој управувал со некое од возилата и дали е повреден. Кичеец, кој призна вина во „Рекет“, издржува тригодишна затворска казна во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга. Директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски вели дека осуденикот во моментов се наоѓа на 30 дневен прекин на издржување на казната од здравствени причини. Решението…
Во Подгорица се одржува литургија пред свечениот чин предводен од патријархот на Српската православна црква Порфириј, приодите кон Цетиње се блокирани од граѓани незадоволни што устоличувањето на митрополитот Јоаникиј утре ќе се одржи во Цетинскиот манастир На литургијата присуствуваат партијархот Порфириј, митрополитот Јоаникиј, црнопгорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, министрите, како и владици, епископи и други гости. Претходно, поради немирите во Цетиње пред утрешното устоличиување на митрополитот Јоаникиј се огласи претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ. #cetinje #barikada pic.twitter.com/VQQ6lXYP37 — DipchE⚠️ (@dipche84) September 4, 2021 Ги повикувам сите граѓани, сите религии и нации и политички опции, како што сум правел секогаш, заедно…
На граничниот премин Табановце за излез од државата има задржување од 60 до 90 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта, како што наведе АМСМ, се одвива непречено по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево
Повредените лица се пренесени во гостиварската болница за укажување лекарска помош, а патот Гостивар-Кичево од 15:30 часот е затворен за сообраќај во двете насоки Тешка сообраќајка се случила попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево во која има една жртва, а неколку лица се пренесени во гостиварската болница за укажување помош. Според извори на Нова ТВ, Во сообраќајката учествувал и Зоран Милески-Кичеец, осуден во случајот Рекет. Од МВР велат дека според пријавата во СВР Тетово сообраќајката се случила околу 15:30 часот во близина на Новоселските гробишта и во неа учествувале три возила. – Денеска околу 15 часот и 30 минути во СВРТетово…