Author: Ivana

Франција објави дека замрзнала речиси 850 милиони евра руски имот, откако работната група ги идентификуваше клучните личности од списокот објавен од Брисел како резултат на војната во Украина. „Замрзнавме приватни сметки и кредитни линии во Франција и во француските институции во вредност од 150 милиони евра, како и недвижен имот во вредност од 539 милиони евра на француска територија, што одговара на околу 30 имоти или станови, и имаме замрзнати две јахти вредни 150 милиони евра“, изјави францускиот министер за финасии. Покрај тоа, Франција, исто така, замрзна 22 милијарди евра од средствата на руската централна банка, рече тој. Замрзнувањето на…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, одржаа координативен онлајн состанок со Секторска работна група за програмирање на Инструментот на ЕУ за претпристапна помош (ИПА) во областа на земјоделството и руралниот развој. Вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор, Маричиќ, на состанокот ја потенцираше дека секторските групи треба да ги имаат предвид реформите поврзани со интеграцијата во ЕУ, планирани во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, како најсеопфатен национален стратешки и програмски документ за водење на процесот на европска интеграција, како и Националниот план за развој…

Read More

Со посета на Шуто Оризари, денеска почна караванот за вакцинација против Ковид-19, кој во следните две недели ќе опфати 14 општини низ државата. На настанот присуствуваше министерот за здравство, Беким Сали, заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани, како и претставници од СЗО и УСАИД. – Ја приближуваме вакцинацијата до граѓаните кои се уште не се вакцинирани, поблиску до местото на живеење, со прецизно време и локација, согласно однапред направен распоред. На секое од овие места граѓаните покрај можноста да се имунизираат, тука може да се информираат и за придобивките од имунизацијата против Ковид-19, рече…

Read More

Потврда дека во денешно време сѐ уште постојат хумани луѓе, кои го прават светот поубаво место за живеење е групата преведувачи и толкувачи кои нудат бесплатен превод за медицинска документација. Стефанија Маџоска, Светлана Наумовска и Љубинка Брашнарска преку  својата група на фејбук насловена како „Превод – кога е најпотребен“,  досега на голем број граѓани им имаат преведено над 1​.​000 страници медицинска документација. Групата постои 3 години и е наменета за целосно бесплатен превод на медицинска документација наменета за лекување или консултации со медицински установи надвор од државава. Во групата членуваат професионални преведувачи со голем број јазични комбинации и помал број…

Read More

Авион Боинг 737 со 133 патници на кинеската авиокомпанија China Eastern Airlines се урна на југот на Кина, јавуваат кинеските джавни медиуми. Бројот на жртвите и причината за падот се уште не се познати, а падот на авионот Боинг 737, во планински регион, доведе до пожар во шумата. Сајтот за следење летови известуваат дека авионот бил во воздух нешто повеќе од еден час. Според досегашните информации, авионот на летот МУ735 на Кина Истерн ерлајнс летал од Кунминг за Гуангжу. We are following multiple unconfirmed reports about a possible accident involving China Eastern Airlines flight #MU5735 a Boeing 737-89P (B-1791) en…

Read More

По повод одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателот Пендаровски ја упати следнава порака: Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21-от ден од третиот месец, како симбол за трите копии на 21-от хромозом што ги носат лицата со Даунов синдром, е само еден од низата поводи кој нè потсетува што сме направиле за лицата кои живеат со оваа состојба и кои се идните чекори кои треба да ги преземеме за обезбедување на нивен рамноправен и квалитетен живот. Уверен сум дека со континуирано подигање на јавната свест и јакнење на инклузивните услуги, можеме да им овозможиме на…

Read More

Европската унија работи на петтиот пакет санкции против Русија поради ситуацијата околу Украина, соопштија денеска дипломатски извори. „Работиме на петтата рунда санкции и даден е предлог со многу имиња“, изјавил извор за Ројтерс. Дипломатите посочуваат дека балтичките земји, вклучително и Литванија, вршат притисок врз Русија да воведе ембарго, додека Германија предупреди да не реагира набрзина поради и онака високите цени на енергијата во Европа. Министрите за надворешни работи и за одбрана на европскиот блок ќе разговараат за ситуацијата во Украина подоцна во текот на денот, откако високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел ја претстави својата…

Read More

Актуелните правила за патување во Грција, односно задолжителниот документ за Ковид-19, но без ПЛФ- формуларот што е укинат од 15 март, мерки кои меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, се непроменети и продолжени за уште две седмици, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила утре наутро, а ќе важи до 4 април 2022 година. Пополнувањето на ПЛФ формуларот (Пассенгер Лоцатор Форм) што 20 месеци беше задолжително за патување кај јужниот сосед, како што…

Read More

Мојата телевизија лажеше за војната, сакав да ја разоткријат пропагандата што се емитува, изјави Руската новинарка која беше уапсена откако протестираше против војната во Украина во ТВ емисија во живо. „Можам да му покажам на рускиот народ дека ова е само пропаганда, да ја разоткрие оваа пропаганда каква што е“, рече уредничката на државниот Канал 1, Марина Овсјаникова. Зборувајќи за американскиот ABC во неделата, Овсијаникова рече дека чувствува дека нејзината сега поранешна телевизија шири лаги за војната во Украина. „Можев да видам што навистина се случува во Украина. Она што го прикажувавме во нашите програми беше многу различно од она…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја презема одговорноста за убедливиот пораз (0:4) од Барселона синоќа на домашен терен. – Почетокот на натпреварот беше добар, но при 0:1 ја загубивме контролата, Барса најде простор и ни зададе проблеми. Почнавме со тројца одбранбени играчи, се обидовме да играме еден на еден, но не успеа. Имаме предност во првенството. Сега треба да се одмориме и добро да се подготвиме за следните две недели. Во вториот дел сакав да притиснам малку повисоко, но не успеа. Тоа е моја грешка. Ова е тежок пораз бидејќи е „Класико“. Но, ние имаме предност во Ла Лига…

Read More

Координациското тело на финансиските регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, десетта година по ред ја одбележуваат Глобалната недела на парите од 21 до 27 март 2022 година. Годинешнава тема „Градете ја својата иднина, користете ги парите паметно“ (Build your future, be smart about money), ја доловува важноста на размислувањето за сопствената иднина при донесувањето важни финансиски одлуки. Оваа тема не само што ги поттикнува младите луѓе да размислуваат за иднината, туку и ги охрабрува организациите учеснички на Глобалната недела на парите да размислуваат за иднината…

Read More

Американскиот претседател Џозеф Бајден в петок ќе отпатува за Полска на разговори со полскиот претседател Анджеј Дуда посветени на украинската криза, соопштои Белата куќа. Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, рече дека Бајден ќе отпатува во Полска за да разговара за „хуманитарната криза и кризата во човековите права создадени од неоправданата, неиспровоцирана војна на Русија против Украина“. Американската Влада ги негираше шпекулациите дека претседателот Бајден ќе ја посети Украина за време на неговата посета на Европа. Псаки во објава на „твитер“ прецизираше дека „патувањето ќе бдие фокусирано на обединување на светот за поддршка на украинскиот народ и против инвазијата на…

Read More