Author: Ivana

Историскa, гастрономска, адреналинска, градска и крафт се уникатните туристички доживувања кои може секој турист да ги доживее прекугранично во регионите на Пелагонија и Корча Ова се овозможува преку проектот Смарт-Кул-Тур финансиран од ЕУ и кофинансиран од Министерство за локална самоуправа од Програмата ИПА 2 за прекугранична соработка помеѓу С. Македонија и Албанија 2014-2020. – Smart-Cul-Tour е партнерство кое претставува акцелератор кој го поттикнува туризмот, го промовира и заштитува културното и природното наследство, поттикнува соработка помеѓу жителите на заедниците во прекуграничниот регион, иницира разменување на знаење и искуство, со цел да се овозможи рамномерен и одржлив социо-економски развој во прекуграничниот регион…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на маргините на Бледскиот стратешки форум, оствари средба со претседателот на Република Словенија Борут Пахор Словенечкиот претседател Пахор на средбата го афирмираше ставот на неговата земја дека Словенија го поддржува европско проширување со земјите од Западен Балкан и очекува, со посредство и поддршка на словенечкото претседателство, да се најде прифатливо решение за блокираниот процес за интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Премиерот Заев и претседателот Пахор на средбата споделија дека лидерите постојат за да наоѓаат решенија и дека современото живеење и глобалните текови бараат храбри и мудри чекори од страна на…

Read More

Првиот потпретседател на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Јирген Ригтерник во понеделник и вторник ќе престојува во посета на земјава. Предвидено се средби со државниот врв и бизнис заедницата на кои ќе се разговара за посветеноста на ЕБОР во однос на активностите во земјава Од ЕБОР најавуваат дека Ригтеринк ќе оствари средби со премиерот Зоран Заев, со вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, со министерот за финансии Фатмир Бесими и со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Ригтеринк ќе разговара и со претставници на локалната и меѓународната бизнис заедница и ќе учествува на Годишната конференција што ја…

Read More

Рано утрово се случи убиство во населбата Топанско Поле во Скопје. Според првичните информации, убиен е маж, но засега нема повеќе детали Од полицијата велат дека во 9.12 часот е пријавено дека во населба Топанско Поле било пукано во Е.Б., кој починал од повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска имаше средба со новоизбраниот директор на Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) во Република Северна Македонија, Рене Шлее. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, активностите на оваа политичка фондација се темелат врз основните идеи и вредности на социјалдемократијата – слобода, правда и солидарност. -Нашата соработка со ФЕС значи квалитетен дијалог и размена на искуства, од области поврзани со права на работниците, социјален дијалог, родови прашања. Во моментов ја подготвуваме Националната стратегија за безбедност и здравје при работа, Акцискиот план за нејзина имплементација и новиот Закон за безбедност и здравје при…

Read More

На Клиниката за инфетктивни болести и фебрилни состојби почина 15 годишна пациентка од село Селце тетовско., информираат од Министерството за здравство. – Пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена, велат од министерството. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка е со обезитас. – Епидемиолошката анкета е позитивна односно, според кажувањата на таткото на пациентката нејзината мајка е почината со Ковид 19, додаваат од ресорното министерство.

Read More

Во 16 часот  денеска ќе се направи пресек колку ученици се со физичко присуство, а колку сакаат да посетуваат онлајн заради различните причини кои се дадени во планот за спроведување на настава, информираше денеска министерката за образование Мила Царовска на првиот училишен ден во ООУ „Панко Брашнаров“ во Велес -Тоа значи дека ние како МОН на дневна основа како минатата година така и оваа  година ќе известиме преку апликација. Собираме податоци од секое школо колку ученици и наставници се во училница, колку се онлајн, колку се појавиле со позитивен Ковид-19 и како излегла Епидемиолошката служба што сме утврдиле дали во…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска по средбата со неговиот дански колега Јепе Кофод изјави дека иако политичката ситуација во Бугарија е доста комплексна, со оглед дека таму ќе има трет изборен циклус, земјава ќе продолжи да работи и со Софија и со европските партнери, со цел побрзо почнување преговори за членство во ЕУ – Јас сум оптимист по природа, но од искуството од претходните месеци ќе биде сигурно не така лесно да се стигне до решение. Но, ние ќе продолжиме да работиме и со Република Бугарија, меѓутоа и со европските партнери. Присуството на министерот овде, неговите силни зборови…

Read More

Претседател на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев го започна учеството на Бледскиот стратешки форум кој оваа година е посветен на темата „Иднината на Европа“ Премиерот Заев во Блед беше пречекан од претседателот на Владата на Република Словенија Јанез Јанша, по што заедно се упатија на првиот лидерски панел на кој свое обраќање имаше претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли. Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев со свој активен придонес ќе учество на попладневниот лидерски панел „Иднината на Европа – Проширувањето“ на кое воведно обраќање ќе има претседателот на Република Словенија Борут Пахор. На овој панел учествуваат и…

Read More

Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, со коешто раководи Народната банка, а во коешто членуваат претставници на сите финансиски регулатори – Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност (КХВ),  Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), го усвои Кодексот на добри практики за финансиска едукација Со ова продолжуваат активностите за спроведување на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, усвоена во јули годинава. Со оглед на сѐ побројните иницијативи за финансиска едукација, како и растот на бројот на вклучени субјекти од јавниот, приватниот и…

Read More

Триесет и петгодишен скопјанец кој се барал со потерница синоќа е приведен од полициски службеници од ЕВР Кисела Вода. Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, лицето Р.К. е барано со потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци. Приведениот е спроведен во затворот Идризово.

Read More

Првиот училиштен ден е возбудлив ден за учениците. Возбудата се должи на отпочнувањето нова фаза во нивните животи, фаза во која откриваат нови знаења и вештини, но и сопствените бескрајни можности. Училиштето не е само зграда. Тоа е место за учење, место во кое децата стекнуваат независност, се прилагодуваат на нова рутина и развиваат значајни релации со наставниците и учениците, порача претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани Ди Џовани вели дека првиот училиштен ден за учениците од Северна Македонија е од голема важност бидејќи за голем дел од нив тоа претставува можност првпат по 54 седмици поминати пред дигиталните екрани да се вратат во…

Read More