Author: Ivana

Иницијативата Зелен хуман град успеа да ги собере потребните потписи за  независната листа на советници за Град Скопје и за кандидатката за градоначалничка на Скопје Ана Петровска на престојните локални избори. Од таму како што објавија на својот фејсбук профил, успеале за 6 дена да ги соберат потребните 1.000 потписи. – Фактот што за толку кусо време се собраа и повеќе од доволно потписи, ја покажува големата желба на скопјани да живееме во зелен хуман град. Огромна благодарност до сите вас за поддршката што ни ја дадовте, се гледаме на избори во октомври, велат од Зелен хуман град. Носители на…

Read More

Саемот на книга оваа година започнува на 8 септември, а ќе трае до 14 септември. Саемот ќе се организира на отворено, непосредно до Аква паркот кај А1 Арена „СЦ Борис Трајковски“. – Искуството од минатата година покажа дека со почитување на мерките, Саемот за книга може да се одржи во добар ред и со одлична промоција на наслови. При тоа Скопје покажа дека Саемот на книга му е неопходен како еден вид духовна храна каде читателите може да ги изберат своите омилени парчиња, велат организаторите на настанот. Годинашното мото на Саемот на книга е „Безбедни саеми“, а настанот е поддржан од Министерството за култура.

Read More

Доколку е потребно ќе донесеме нови мерки за поддршка на угостителите и граѓаните заради воведувањето на последните рестриктивни мерки за посета на угостителските објекти и затворените трговските центри, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи – Како секогаш ги пратиме донесените рестриктивни мерки и доколку заеднички одлучиме дека финансиските импликации се толку големи што бараат одредена поддршка ќе седнеме и ќе разговараме. Секако мерките ќе бидат за тие кои се најмногу погодени, рече Битиќи во одговор на прашање дали Владата размислуваме за некоја нова мерка за поддршка на угостителите и граѓаните заради неодамна донесените рестриктивни мерки при денешниот увид…

Read More

Одморот на малдиот српски фудбалер Никола Стевановиќ во Охрид заврши кобно откако при скок од карпа во езеро, удрил во подводен камен и го повредил рбетниот мозок. По 12 дена кома и борба за својот живот вчера починал на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје Според информациите на директорката на КАРИЛ д-р Маја Мојсова – Мијовска, повредите на момчето биле фатални. Според неа момчето со сериозни повреди на мозокот бил директно донесено во Скопје. – По скокот пациентот веднаш беше реанимиран од докторка која се наоѓала на плажата при што беше извршено срцево, белодродбно и мозочно оживување. Скокот…

Read More

Заклучно со вчерашниот ден, потписи за кандидирање на локалните избори собрале независни кандидати од неколку општини, а потписи се собрани и за советнички листи, информира Државната изборна комисија Потписи за независни кандидати за градоначалници се собираат во Битола, Врапчиште, Македонска Каменица, Росоман, во Кичево каде кандидатот Фатмир Лимани веќе има собрано 422 потписи и таму постапката е завршена, во Охрид каде Сенат Усеиноски исто така има собрано 380 потписи од граѓани и постапката е завршена, во Прилеп каде Жарко Стеваноски исто така собрал повеќе од доволно потписи -386. Потписи за кандидат за градоначалник се собираат и во Свети Николе, во…

Read More

Затворени простори само за вакцинирани; задолжителни рапид тестови еднаш или два пати седмично за невакцинираните вработени во јавниот и приватниот сектор, но на сопствен трошок, по десет евра од тест; задолжителен негативен тест за патување со брод, автобуси, воз или авион за невакцинираните, се дел од мерките во Грција, кои стапуваат во сила на 13 септември и ќе важат до 31 март следната година, а ги соопшти министерот за здравство Василис Кикиљас, а, јави дописничката на МИА од Атина Кикиљас истакна дека согласно податоците од Националната организација за јавно здравје, над 90 отсто од пациентите на Одделите за интензивна нега…

Read More

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 23.08.2021 до 07.00 часот денеска во активностите за гасење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 534 полициски службеници Како што соопштија денеска од МВР, реализирани се 204 мото-патроли и користени 162 моторни возила. На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата. МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не…

Read More

Кон крајот на денов и утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) Оттаму посочуваат дека утре и в четврток ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец. Изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја ќе има во четврток. Од УХМР препорачуваат да се внимава во случај на појава на електрични празнења и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Read More

Заштитата на децата од насилство е процес кој е комплексен и обединува повеќе ресорни министерства, изјави Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по состанокот со Националното координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување – Заштита на децата од насилство е приоритет и значајна заложба на нашето општество  бидејќи сите форми на насилство, злоупотреба и занемарување на децата, кои потенцијално го загрозуваат или го нарушуваат физичкиот, психичкиот и моралниот интегритет на личноста на детето, претставуваат повреда на основните права на детето содржани во Конвенцијата за правата на детето, рече министерката. Националното координативно тело со поддршка на…

Read More

Судењето за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности, продолжува на 14 септември Преседателот на судечкиот совет Осман Шабани го одложи денешното рочиште поради поднесеното вештачење на обвинителството за аудио снимките, за да можат обвинетите да го добијат материјалот, а на следнито рочиште судот ќе одлучи кои докази од обвинетите ќе се прифатат во новата постапка. Денешното рочиште беше прво по назначувањето на нов судија – поротник, откако Судскиот совет неодамна разреши двајца судии – поротници, кои беа дел од судечкиот совет на неколку предмети од поранешното СЈО, поради навршени 60 години возраст. Случајот го води судијата Осман Шабани,…

Read More

Внесена е иновација во приодите за учење математика во функција на остварување повисоки постигања на учениците и зголемување на функционалната писменост по математика, велат авторите на првиот дигитален учебник по математика за четврто одделение, проф. д-р Татјана Атанасова – Пачемска и наставниците Валдета Алија и Добри Јовевски -Приодот кој го има низ целиот материјал е истражувачко – откривачки, текстот е динамичен, ја одржува љубопитноста на ученикот и креира стимулативна средина за учење, преку избор на содржини и активности кои ќе придонесат во постигнувањето на исходите од учењето. Учениците можат лесно да се движат низ содржините, кои имаат динамички и дигитални…

Read More

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности Ова е прво рочиште по назначувањето на нов судија – поротник, откако Судскиот совет неодамна разреши двајца судии – поротници, кои беа дел од судечкиот совет на неколку предмети од поранешното СЈО, поради навршени 60 години возраст. Случајот се наоѓа во фаза на доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова. Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана…

Read More