Author: Ivana

Во последните 24 часа се направени 3.480 тестирањa, а регистрирани се 296 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 143, Гостивар – 60, Кичево – 23, Струмица – 11, Штип – 10, Тетово – 9, Куманово – 8, Струга – 6, Охрид – 5, Прилеп, Радовиш и Дебар – по 3, Битола, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 2, Велес, Кавадарци, Виница и Кратово – по 1. Регистрирани сe 109 оздравени пациенти од: Тетово – 42, Скопје – 33, Гостивар – 12, Куманово – 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Кичево, Радовиш, Битола и Пехчево – по 2, Велес –…

Read More

Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот денеска кај наплатната станица „Глумово“ продолжија со едукативно превентивната акција „Вози одморен!”. Целта на кампањата, стои во денешното соопштение од МВР, е да се потсетат возачите за влијанието на заморот, за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од заморот и да се поттикнат да прават повеќе паузи, да консумираат повеќе течности, да патуваат одморени и наспиени и да го запрат своето возило веднаш штом ги почувствуваат првите знаци на замор. – Покрај брзото возење и алкохолот, заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни незгоди во летниот период.…

Read More

Бројот  на вакцинирани вработени во скопските детски градинки е поголем и тој сега изнесува 65 проценти. Оваа информација ја  добивме од Министерството за здравство,  рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, по состанокот со директорите на градинките на територија на Град Скопје Оваа средба со директорите на градинките се организира во пресрет на септември кога се очекува зголемен обем на присуство на децата во градинките. -Упатувам апел до вработените во градинките кои што досега не успеале од различни причини да се имунизираат, да пристапат кон процесот на вакцинација. Нивната одговорност е особено значајна, бидејќи тие пред сè со личната…

Read More

Здружението на новинари на Македонија бара од Министерството за внатрешни работи гарантирање на безбедноста на присутните новинари и сниматели, на протестите кои се одржуваат против новите анти ковид мерки. Слободата на говор и правото на протест е загарантирано право и уставна категорија, меѓутоа кога со злоупотребата на овие права се загрозува безбедноста и животот на другите, во случајов новинарите, бараме итна превентивна реакција на институциите Говорот на омраза кон одредена група може да поттикне насилство од омраза за кое кривичниот законик предвидува поголеми затворски казни. Исто така, новинарите кои се службено присутни на јавни протести со цел истите да ги…

Read More

Докторите од сите нивоа на здравствениот систем во изминатите година и половина активно, одговорно и пожртвувано се борат за зачувување на животите на илјадници пациенти кои директно се засегнати од пандемијата, реагираат од Лекарската комора. Во таа борба, како што додаваат лекарите го доведуваат во опасност својот живот, животот на блиските, а дел од нив и платија со сопствениот живот. – Во часовите поминати со пациентите заболени од ковид, облечени во заштитна опрема, борејќи се со многу неизвесни и непредвидливи ситуации лекарите акумулираа стрес и трауми кои исто така стануваат дел од нивниот живот. Во пандемиски услови докторите не се…

Read More

Хелсиншкиот комитет за човекови права со загриженост реагира на изјавите и пораките упатени на вчерашните протести против вакцинацијата и мерките за заштита од ширење на коронавирусот Комитетот секогаш го поддржува правото на протест и слободно изразување на мислењето, но истовремено, секогаш треба да биде присутна свеста дека граѓаните, покрај уставно гарантираните права, имаат и уставно регулирани должности. – Во таа насока, потсетуваме на членот 39  од Уставот на Р.С Македонија, според кој граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје, но и здравјето на другите. Токму затоа, забраните во случај на одбивање на вакцинацијата, во ниту…

Read More

Од денеска ќе започне со работа модуларната болница до инфективната клиника и инфективното оделение во болницата 8 ми Септември, еден дополнителен тријажен центар на Институтот за ТБЦ и два тријажни центри во рамките на Здравствениот дом информира Министерот за здравство Венко Филипче – Евидентно е дека расте бројот на нови случаи, се зголемува и бројот на пациенти на кои што им е потребан хоспитализација.  Најголем притисок има во болниците во Тетово и во Гостивар, во Струга исто така се засилува. Во Тетово се хоспитализирани 90 пациенти, во Гостивар 70 пациенти, нивните интерни инфективни одделнија се со исполнет капацитет и имаат…

Read More

Се уште се активни пожарите во скопско, прилепско, струмичко и штипско. Под контрола се ставени три пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) Според известувањето од ПС Сарај што ЦУК го добило во 6:30 часот, дел од пожарот во село Раовиќ – село Буковиќ е локализиран во текот на вчерашниот ден, но на потегот село Букович – село Чајлане кон Матка се уште е активен. Активен е пожарот и во атарите на селата Ракле – Никодин – Топлица. Гори кракот од село Ракле – село Крстец и се проширува кон местото викано Фаришки Лозја. Пожарот е активен на тешко…

Read More

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го повика својот наследник Џо Бајден да поднесе оставка поради ситуацијата во Авганистан – Време е Џо Бајден да поднесе оставка поради ова што се случува во Авганистан. Тоа не би требало да биде голема работа со оглед на тоа што тој не беше легитимно избран, рече Трамп, критикувајќи го Бајден за ситуацијата во Авганистан, но и порастот на случаи на коронавирус во САД, имигрантската, економската и енергетската политика. Тој тврди дека повлекувањето од Авганистан би било многу поразлично и многу поуспешно доколку тој беше претседател. – Ова ќе биде запаметено во историјата како еден…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска се сретна со американската амбасадорка Кејт Брнз, која му го претстави новиот заменик-амбасадор на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија Ерик Мејер Заменик-амбасадорот на САД  изрази задоволство од доаѓањето во земјата позитивно оценувајќи ги условите за зголемена економска соработка и обезбедување економски просперитет на сите граѓани во земјата. Премиерот Заев посакувајќи му добредојде на новиот заменик-амбасадор на САД и поздравувајќи ја амбасадорката Брнз, истакна дека Владата успешно ја остварува реформската и економската агенда, следејќи ги политиките на отворен дијалог со земјите од регионот. „Нашата посветеност за демократизација на земјата, почитувањето…

Read More

Денес сме собрани да се потсетиме на храброста на мажите и жените пред 20 години и да ја изразиме нашата најголема почит кон нив со ветување дека ќе го спроведеме и прифатиме духот на мирот договорен на 13 август 2001 година, истакна првиот вицепремиер Артан Груби на конгеенцијата по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор – Драги пријатели, рамнотежата бара целосна еднаквост. Рамнотежата да се живее заедно значи да живееме еднакво. Бидејќи само еднаквите можат да живеат заедно. Оваа рамнотежа во општеството ја наоѓам од сите познати политички системи на државен поредок само во демократијата, каде што вредноста и…

Read More

Три документи се издвојуваат по своето значење за стабилноста и иднината на земјата: првиот устав од 17 ноември 1991-та кој комисијата на Бадинтер го дефинира како точка на наша формална дисолуција од поранешна Југославија, потоа, Охридскиот договор од 2001-та и Преспанскиот договор од 2018-та, кој ни овозможува влез во меѓународните организации со дефинирани идентитетски маркери и за државата и за македонскиот народ, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на Конференција “После Охрид” по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор -За Охридскиот договор коментарите надвор од земјата беа позитивни, речиси, без исклучок, меѓутоа, внатре во земјата, тие не можат да…

Read More