Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Да бидеме одговорни и рационални во борбата со пандемијата

0
By Ivana on August 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 16, 2021 11:57

Хелсиншкиот комитет за човекови права со загриженост реагира на изјавите и пораките упатени на вчерашните протести против вакцинацијата и мерките за заштита од ширење на коронавирусот

Комитетот секогаш го поддржува правото на протест и слободно изразување на мислењето, но истовремено, секогаш треба да биде присутна свеста дека граѓаните, покрај уставно гарантираните права, имаат и уставно регулирани должности.

– Во таа насока, потсетуваме на членот 39  од Уставот на Р.С Македонија, според кој граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје, но и здравјето на другите. Токму затоа, забраните во случај на одбивање на вакцинацијата, во ниту еден момент не може да се подведат под сомнение дека би биле основ за дискриминација или во спротивност со Уставот и основните човекови слободи и права. Пандемијата на Ковид-19 го отежна нормалното функционирање насекаде на светот, а рестриктивните мерки, кои се составен дел од справувањето со здравствената криза, го ограничи правото на движење, а задира и во други човекови права. Но, со оглед на фактот дека пандемијата може да се стави под контрола само преку висока стапка на имунизација и со почитување на здравствените протоколи, апелираме на повисока граѓанска свест и одговорност кон овие прашања, велат од Хелсиншки.

Од таму додаваат дека паралелната пандемија на лажни вести и дезинформации претставува голема опасност која го минира справувањето со најголемата здравствена криза на нашето време.

– Апелираме до граѓаните да се информираат од релевантни извори, засновани на научни сознанија и препораки и да ги отфрлат информациите базирани на лаги и теории на заговор. Истовремено, ги повикуваме сите општествени чинители присутни во јавниот живот, да бидат свесни за потребата од одговорен и рационален пристап во борбата со пандемијата и да не ги охрабруваат ваквите наративи, кои не само што се на штета на јавното здравје, туку водат и до понатамошна општествена поларизација, што е особено опасно при криза од вакви размери, додаваат од Хелсиншки.

Од таму остро ги осудија навредите и омаловажувањата упатени кон лекарите и истовремено предупредуваме на опасноста од евентуални физички напади иницирани од ваквиот однос.

– Уште од почетокот на пандемијата, здравствените работници се на првата линија на борбата, и без оглед на личните ризици со кои се соочувааат, доследно и професионално ја извршуваат својата работа и спасуваат човечки животи, велат од Хелсиншки.

вакцинација Хелсиншки комитет човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.