Author: Ivana

Бензините и дизелот од полноќ поевтинуваат за денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за 1,5 денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на литар од моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 72 денари, а 74 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98, додека дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 62,5 денари за литар, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 62 денари. Поевтинува и мазутот М-1 НС за 1,105 денари за килограм и ќе се продава по 36,876 денари. Со одлуката на РКЕ, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените…

Read More

Центарот за управување со кризи на денешната прес-конфернеција го претстави системот НИКС (Следна генерација на систем за командување), што претставува посебен систем за командување во итни ситуации, којшто всушност ги дигитализира сите податоци од терен, со цел да бидат регистрирани во централата од кадешто раководи со состојбите Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК. – Преку овој систем имаме просторно прикажување на ситуацијата на терен одосно, членовите на Главниот штаб на едно место на екран ги гледаат сите податоци, гледаат на кои места имаме активен пожар, гледаат каков е неговиот интензитет, гледаат каде има изгаснат пожар, за којшто постои…

Read More

Против едно физичко и едно правно лице Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 од кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје. – Обвинетото правно лице – ресторан и неговиот управител на 18.08.2020 година не постапиле согласно прописите со кои беа определени мерки за превенција и заштита на населението од заразни болести. Имено, при контрола од Државниот пазарен инспекторат во ресторанот било утврдено дека спротивно на протоколот за работа на угостителските објекти, во две целосно затворени сали на ресторанот се организирале прослави и се послужувале гости. Во…

Read More

Во активностите за гаснење и превенирање на пожарите во изминатото деноноќие биле ангажирани 644 полицајци. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека биле реализирани и 222 мото патроли, при што се користени 205 возила. На терен, како што посочува МВР, секојдневно се и припадниците на сите специјални единици на полицијата – специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка. Во соопштението од МВР се наведува и дека вчера се лишени од слобода две лица кои се сомничат дека подметнале пожар. Приведен е 30-годишен жител со иницијали Д.К. од село Баница, осомничен за подетнување на пожарот…

Read More

Речиси 50.000 хектари е изгорената површина од пожарот на островот Евија, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, кои во соработка со групата „UpStories“ кои со дронови снимаат низ Грција, објавија видео на кое се гледа големината на катастрофата предизвикана од огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина. Видеото е снимено со дрон во текот на вчерашниот ден во северниот дел на Евија. Во пожарот, што сè уште не е ставен под контрола, илјадници објекти претрпеа материјална штета, а многу од нив се целосно уништени. Како што пишува порталот „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, согласно…

Read More

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике го критикуваше раководството на клубот по заминувањето на Аргентинецот Лионел Меси. – Во последниве години, менаџментот на тимот дозволи некои работи што не смееше да се случат. Еве не се успеа ниту во целта да се задржи Меси. И претходно имаше промашувања во трансферите. Од друга страна, ние фудбалерите бевме казнувани, но носиме дрес на Барселона и должни сме да се бориме за клубот, изјави Пике. На 5 август, Барселона објави заминување на 34-годишниот Меси. Фудбалерот го напушти клубот поради финансиски проблеми на Каталонците. Вчера Меси одржа проштална прес-конференција на „Камп Ноу“, на којашто не…

Read More

Правниот сектор на Политичката партија Левица до Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, поради, како што соопшти партијата, постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ – казниво по чл. 353, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна од шест месеци до три години. – Пријавениот се терети дека – во својство на овластено службено лице, како претседател на Собранието на РМ – на 22 јули 2021 година, без да го врати на доработка и неопходно доуредување, а…

Read More

Активистката за животна средина, Грета Тунберг се најде на насловната страница на новото издание на „Вог Скандинавија“, па ја критикуваше „брзата мода“. Младата Швеѓанка вчеравечер ја објави насловницата, каде таа е облечена во голем капут за дожд, во шума и гали еден коњ. „Модната индустрија во голема мера придонесува за климатските и еколошките кризи, а да не зборуваме за нејзиното влијание врз безброј работници и заедници експлоатирани низ целиот свет за некои да уживаат во брзата мода што многумина ја третираат како за еднократна употреба“, напиша Тунберг на Инстаграм и Твитер. Таа смета дека не може масовно да се произведува…

Read More

Министерството за здравство информира дека во земјава досега се детектирани триесетина случаи со Делта варијанта, која рапидно се шири насекаде во светот, во регионот, па многу е веројатно истото да се случи и кај нас. Делта сојт на СарсКов2 ја прави вакцинацијата уште поважна, оттука мора да се вакцинираат што поголем број граѓани како би се избегнало повторно затворање, полициски час и слично. Граѓаните мора да покажат висока дисциплина, да се вакцинираат, за да се заштитат самите себе, семејствата, децата, пријателите, колегите на работа. Мерките кои ќе стапат на сила ги најавуваме, ние не сме единствена земја која ќе воведе…

Read More

Зошто на Економскиот форум во Скопје на 29 јули реков дека започнува нова ера на соработката во регионот?„Отворен Балкан“ е спротивно на се’ она што до сега е синоним или стереотип за Балканот. Политичките лидерства на Србија, Северна Македонија и Албанија седнаа и во пријателска атмосфера, без ниту најмало оптеретување која земја е поголема, која земја е подемократска, која има повеќе историја, која има повеќе право на било што, седнаа на маса, најотворено разговараа и се договорија дека стереотипите создадени во минатото не се правило и не се судбина. Наместо судбина, ние избравме иднина. Наместо некни – денес и утре.…

Read More

На територијата на целата држава до синоќа беа активни дестина пожари, од кои дел беа локализираани или ставени под копнторла. На терен продолжуваат напроти за справување со огнените стихии во кои се вклучени припадници на противпожарните единици од земјвва и тимови од Австрија, Бугарија, Словенија и Романија, припадници на Армијата и МВР, вработени во шумските стопанства, но и локални жители. Претседателот Стево Пендаровски обраќајки им се на армиските припадниците вклучени во гаснењето на пожарите во прилепскиот регион порача дека никој нема да им го заборави извонредниот напор што го прават, додека министерката за одбрана Радмила Шекеринска нагласи дека Армијата дава…

Read More

Државната изборна комисија, на денешната 12-та седница, наведе дека е одбиена жалбата за набавка на уреди за биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст, со што во наредниот период ќе се склучи договор со економскиот оператор за набавка на истите. – Комисијата пред околу половина час доби известување од Државната комисија за решавање по жалби за јавни набавки, дека жалбата поднесена во постапката за тендерската постапка за набавувањето на уредот на биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст е одбиена. Што значи дека конечно ДИК како договорен орган има правосилна одлука, односно конечна одлука во постапката. Избран е…

Read More