Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Пожарот во атарот на штипското село Добршани оди во правец кон реката Брегалница. Градоначалникот на Штип, Сашко Николов, за МИА изјави дека благодарение на интервенцијата на пожарникарите огнот ги нема зафатено куќите, кои дел се и стари и напуштени. -Немаме штета на објекти, ниту пак повредени во овој пожар. Во моментов девет пожарникари, заедно со командирот на ТППЕ-Штип, се во атарот на селото Доброшани и таму тие го гасат пожарот, рече Николов. Во атарот на селото Криви Дол пожарот е локализиран, но на терен се триесетина припадници на АРМ, пожарникари од Штип со едно возило. Николов вели дека и на…
Компанијата Амазон го одложи враќањето на вработените во канцелариите до почетокот на следната година поради наглото зголемување на бројот на заразени со Делта сојот на Ковид -19. Првично беше планирано вработените во тој гигант за е-трговија во неколку земји, вклучувајќи ги и САД, да започнат да се враќаат во канцелариите од 7 септември оваа година, но тој датум сега е преместен на 3 јануари 2022 година, изјавија од Амазон за Си-Ен-Ен. Кога ќе се вратат на работа, вработените ќе мора да носат маски во канцеларија, освен ако не покажат потврда дека се вакцинирани.
Уште се активни пожарите во Делчево, Пехчево, Свети Николе, Штип, Прилеп, Куманово, Валандово и Радовиш. Повторно гори и во Гостивар, а под контрола е ставен пожарот во Сарај, во атарот над селата Раовиќ и Буковиќ, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во Делчево, согласно состојбата до 14 часот, уште е активен пожарот во атарот на селото Нов Истевник, и е во дијаметар од 15 километри, а опожарени се околу 1.000 ха. Во овој момент, најкритично е кај Света вода, меѓу селата Тработивиште и Разловци. На терен интервенираат 60 припадници на Армијата, 22 припадници на МВР ЕБР, МВР Тигри…
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) апелира на зголемена внимателност и сoвесно и одговорно однесување, бидејќи во услови на екстремно високи температури што подолг временски период ја зафатија нашата земја и најмало невнимание може да биде причина за пожар со катастрофални последици по здавјето на луѓето, природата и животната средина. – Пожарите не само што ја уништиваат природата туку прeдизвикуваат и зголемување на концентрациите на суспендирани честички во воздухот, поради што и во текот на вчерашниот ден е забележано надминување на пропишаната среднодневна гранична вредност речиси на сите мерни места во државата. Пожарите во близина на водните тела…
Од Центарот за управување со кризи денеска го соопштија пресекот на активни пожари до 8:30 часот при што потенцираа дека е активен пожарот во Делчево, и истиот, заедно со Пехчево е третиран како едни од најголемите пожари. Горан Стојановски од Центарот за управување со кризи информираше дека во текот на вчерашниот ден имало 18 пожари во Скопје од кои 17 се целосно ликвидирани. Како што нагласи, остана пожарот во Сарај, кој се спушти од Тетовскиот регион од Желино и движејќи се кон селата Раовиќ и Буковиќ зафатил добар простор од Јасен. – Пожарот во Охрид е целосно локализиран кај Косел и село…
Рамиз е добар градоначалник и за Mакеднците и за Aлбанците, Tурците и Rомите и со порака од Ахмети пред присутните соопштив дека Рамиз Мерко ќе биде новиот кандидат за уште еден мандат во Општина Струга за локалните избори на 17 октомври, истакна вицепремиерот Артан Груби. – Убедени сме дека со Мерко ќе победиме и ќе продолжи успешно да менаџира со Струга затоа што тоа го бараат и граѓаните, додаде Груби. Груби, кој во Струга учествува на трибина по повод 20 години Рамковен договор, изјави дека лидерот на партијата Али Ахмети одлучил на Генералниот совет на ДУИ да му предложи Рамиз…
Најмалку шест лица загинаа, а 37 се повредени во судир на автобус и камион во областа Сома, турската провинција Маниса, пренесува агенцијата Анадолија. Се наведува дека автобусот, кој се движел на релација Истанбул-Измир, удрил во камион што стоел на лента за застанување на автопатот. – Видовме дека многу медиуми објавуваат погрешни податоци за бројот на загинати во несреќата кај Сама. Моменталната ситуација е дека шест лица загинаа, а 37 се повредени. Шестмина од повредените се хоспитализирани во различни болници во Баликесир, додека другите се хоспитализирани во Маниса, соопшти администрацијата на провинцијата Маниса. Се посочува дека 30 повредени патници се хоспитализирани…
Операторот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид, информира АХВ. Од пазарот, како што прецизираат, се повлекуваат и отповикуваат сладолед KIT KAT стапче 20х90 мл со сериски број/лот- PL1048 и рок на употреба до 28.02.2023, со потекло од Франција. -Причина за отповикување е небезбеден производ поради присуство на етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето, велат од АХВ. Заради истата причина се повлекува и сладолед Милка…
Од Владата информираат дека во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор. – Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки, додаваат од таму. Владата посочува дека согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно. – Овие…
Министерството за животна средина и просторно планирање информира, согласно информациите добиени од Државниот инспекторат за животна средина утврдени при вонредниот надзор во кругот на ОХИС, каде вчера избувна пожар, дека станува збор за опожарена сува трева до малата депонија со линдан, но и на дел од поранешна административна зграда. Пожарот е локализиран, а дополнителна опасност по животната средина и здравјето на луѓето од запалување на линданот или други опасни материи не постои од причина што во кругот на ОХИС нема веќе складиран опасен хемиски отпад, а линданот е на безбедно, покриен е со глина и земја.
Центарот за управување со кризи излезе со соопштение за состојба на денешните пожари до 08:00 часот. Штипски регион Пожарот кој започна на ден 02.08.2021 година во атарот на с.Нов Истевник, маало Пасјак сеуште и е во дијаметар од 15 км. До овој момент опожарена се околу 800 ха борова шума и нискостеблести растенија. Пожарот го зафати маалото Балабанци во с.Нов Истевник, каде зафати и 3 куќи, а истиот брзо се шири и ја зафати и Курачка Маала каде досега изгореа 3 плевни. Поради големиот пожар регионалниот патен правец Делчево – Пехчево бил затворен за сообраќај. Со пожарот е зафатена површина…
Лошо е луѓе, пожарот над селото Робово е на неколку стотина метри од селото, апелира локалното население преку социјалните мрежи. – Лошо е луѓе, со пожарникарите од Австрија и припадници на АРМ го гаснеме пожарот кој е неколку стотина метри над селото, вели Марјан од Пехчево. На фотографиите што се објавени на неговиот Фејсбук профил, може да се види како припадници на АРМ и пожарникари од Австрија се обидуваат да се справат со огнената стихија.