Author: Ivana

Центарот за управување со кризи излезе со соопштение за состојбата со активните пожари до 13:00 часот. Штипски регион Пожарот кој започна на ден 02.08.2021 година во атарот на с.Нов Истевник, маало Пасјак сеуште е активен и е во дијаметар од 9 км. До овој момент опожарена се околу 750 ха борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04:00 часот. Интервенираат 200 припадника на АРСМ; 25 вработени во ШС Голак – Делчево со 4 теренски возила; ТППЕ Делчево со 13 пожарникари, 2 цистерни и теренско возило; 5 припадника на Гранична…

Read More

Хеликоптерите се вратени во Скопје за да наполнат гориво и повторно ќе се вратат на терен, изјави за МИА директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Со цел да не се враќаат хеликоптерите до Скопје за гориво, Ангелов истакна дека во моментот се работи на надминување на правните пречки за да може да биде доставена цистерна со керозин најблиску што може. – Ние се обидуваме што поблиску да однесеме цистерна со керозин за да не мора хеликоптерите да се враќаат назад до Скопје, но протоколите и законите тоа го отежнуваат. Се обидуваме овој момент да го надминеме. Во…

Read More

Кризна состојба во траење од 30 дена на целата територија на државата прогласи денеска Владата на предлог на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба, поради состојбата со пожарите. Во Законот за управување со кризи кризната состојба е дефинирана како состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на државата, за чија превенција или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси. Одлуката за нејзино прогласување не може да трае подолго од 30 дена. Доколку има потреба да биде надминат овој период, односно состојбата да трае подолго,…

Read More

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 72 години, осомничено дека сторило кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 од Кривичниот законик“, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Како што информира ЈО, на 1 август, во неговиот дом во Битола, осомничениот извршил други полови дејствија врз девојче родено 2011 година. Вознемирено, девојчето се расплакало и го напуштило станот. Ценејќи дека постојат законските основи, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог…

Read More

Пристигна конвојот на Тимот за заштита од пожари од Словенија кој е составен од 45 лица, команда, ИТ експерти, медицинска екипа, пожарникари со 11 противпожарни возила и транспортни возила. Во координација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) конвојот е испратен во Берово од каде пожарникарите ќе се распоредат во критичните места опфатени од пожарот. -Денеска во граничниот премин табановце директорот на ДЗС, го пречека конвојот на Тимот за заштита од пожари од Словенија кој е составен од 45 лица, команда, ИТ експерти, медицинска екипа, пожарникари со 11 противпожарни возила и транспортни возила. Во координација на ДЗС конвојот е испратен…

Read More

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени во детските градинки кои не се вакцинирани да пристапат кон процесот на имунизација, со цел непречено одвивање на воспитно образовниот процес за време на пандемијата. Како ресорно Министерство упатуваме на општествена одговорност на сите вклучени во процесот на воспитување и образование на децата од предучилишна возраст, имунизацијата да продолжи со несмалено темпо во текот на целиот летен период. Истовремено информираме дека досега се вакцинирани речиси 60 проценти од вработените во градинките во државава и воедно апелираме и останатите 40 проценти  на воспитувачи, негуватели и технички персонал да се вакцинираат за…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 519.106 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.905 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.984 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 932.603 дози вакцини, а ревакцинирани се 409.186  граѓани. Со последните бројки 65% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 57% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина…

Read More

Најмалку 150 куќи се уништени во пожарот што окружи манастир и десетина села на грчкиот остров Евија, додека земјата се бори со повеќе од 100 пожари среде најголемиот жежок бран од 1987 година. Пожарникарите продолжуваат да се борат со огнот и во околината на Атина, додека градоначалникот на Олимпија побара помош бидејќи пожар му се заканува на родното место на Олимписките игри. „Водиме битка со титаните! Најтешкото допрва доаѓа“, изјави заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалијас. Десетици жители и туристи синоќа беа евакуирани со бродови од плажа во Евија, откако биле принудени да избегаат кон морето пред налетот на…

Read More

Од ЕВН Македонија известуваат дека денес без електрична енергија ќе останат: • Во период од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од селата Вртекица, Долно Количани, Пагаруша, Равни Габер и Горно Количани (општина Студеничани – Скопје); • Во период од 09:30 до 15:00 часот, корисниците од улиците Борка Влачарот и Сотка Ѓигиџик (општина Прилеп); • Во период од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од дел од с.Владимирово (општина Берово); • Во период од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од каменолом Модрич и ХПП Модрич (општина Струга); • Во период од 06:30 до 07:30 часот, корисниците од дел од улиците Методија А.Ченто,…

Read More

Во попладневните часови околу 12 часот, во Гевгелија избувна уште еден пожар над БП „Лукоил“- Гевгелија, на боровата шума покрај стариот пат кон Богородица. Од ТППЕ- Гевгелија информираа дека пожарот навремено е локализиран и истиот е изгаснат. Со помош на две пожарникарски возила, механизација и возило на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, механизација на градежната компанија „МЛАЗ ИНЖЕНЕРИНГ ТРАСНПОРТ“, граничната полиција, странската полиција, ПС- Гевгелија, вработените од хотелите „Скај“ и „Принцес“ БП „Лукоил“ и жителите од населеното место Богородица. Пожарот зафатил површина од 1 хектар борова шума и сува трева. – Навремената интервенција го спречи пожарот да се прошири кон населеното место…

Read More

Застрашувачки се сликите од огнената стихија која ја зафати нискостеблестата шума во градот Пехчево, вели првиот човек на градот,  Драган Тренчовски. Во изјавата за Нова ТВ  вели дека теренот каде што во моментов беснее пожарот е непристапен, потенцирајќи дека чекаат поддршка за воздушно гасење. – Во гаснењето на големиот пожар се вклучени Противпожарната екипа на Берово, Дирекцијата за заштита и спасување како и Македонски шуми. Единствено во моментов може да ни помогне воздушното гасење, истакна Тренчевски. Најважно од се, ккао што потенцираше, е дека засега пожарот не зафати куќи, а нема ни човечки жртви. – Штетата е огромна бидејќи е…

Read More

Голем пожар се шири во градот Пехчево. Локален жител на социјалните мрежи сподели фотографии на кои се гледа дека пожарот кој моментално беснее во Пехчево и побара помош од граѓаните и надлежните. “Моментално се случува ова во близина на Пехчево. Не можеме сами, ни треба помош”, апелираат локалните жители од Пехчево. Состојбата според фотографиите можеме да забележиме дека е алармантна и дека надлежните треба да реагираат. – Ова го остава пожарот зад себе. Моментално многу брзо се движи кон Археолошки локалитет Света Петка, велат локалните жители.

Read More