Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Во нашата земја до 12 часот состојбата со активни пожари и пожари за кои опсасност за повторно активирање е следна: Струмички регион Пожарот во месноста Погана кој започна на ден 01.08.21 година околу 12:30 часот и зафати површина од околу 800 Ха ниско стеблеста шума (даб, габер, прнар и јасен) е сеуште активен. Од синоќешниот состанок на Кризниот штаб, на кој учествуваше и Директорот на ЦУК договорено е во текот на денешниот ден да интервенираат ТППЕ Валандово со 7 пожарникари и 2 ПП возила, ШС со 20 вработени, ПО ДЗС Валандово со 7 вработени, ТППЕ Неготино со 3 пожарникари и…
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец јули2021 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 август 2021 година. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе…
Активни во моментов се девет пожари, а состојбата е најсериозна во Општината Старо Нагоричани, околу селото Дренак. Состојбата се менува од час во час, но ние ги имаме ангажирано сите расположливи ресурси, и верувам доколку не се појават нови, во текот на денешниот ден ќе воспоставиме целосна контрола врз сите пожари, изјави за МИА в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека состојбата е најкритична околу селото Дренок, а во овој момент таму дејствуваат три хеликоптери од Србија, заедно со еден наш Армиски хеликоптер. Ангелов очекува наскоро тој пожар да биде ставен под контрола.…
Дополнителни 438 невработени лица ќе бидат опфатени со меркaтa за субвенционирање на плати преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Владата на Република Северна Македонија, на последната седница, преку пренамена на средства во Оперативниот план во износ од 100.000.000 денари обезбеди поголем опфат на невработени лица. Со овој вид на поддршка бројот на невработени лица, што ќе бидат опфатени со мерката субвенционирање на плати, од 866 ќе се зголеми на 1.304. На тој начин, вкупниот опфат на невработени лица со Оперативниот план ќе се зголеми од 10.279 на 10.717 лица. Со Оперативниот…
Александар Гацевски е единствениот македонски супер-финалист кој од 7 – 18 Август 2021 година ќе учествува на 11-тото Суперфинале на Светскиот куп во параглајдерство во Дисентис, Швајцарија. Минатиот месец, Гацевски со освоеното 17-то место, на Свесткиот куп кој се одржа во Србија, успеа да стане првиот супер-финалист кој од просторите на Балканот оваа година учествува во Суперфиналето. Ова Суперфинале ќе ги собере победниците на шест од осумте последователни Светски купови, како и сите шампиони на Суперфиналињата од 2014 година па наваму. За Александар Гацевски, летањето со параглајдер е страст што го води во животот. Минатата година во јули тој оствари…
Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување ученички и студентски стипендии за учебната/студиската 2021-2022 година и соопшти дека годинава се зголемени износите и се воведени нови категории стипендии. Во секој од конкурсите се наведени условите, критериумите, потребните документи и роковите за аплицирање за да се оствари правото на користење на соодветната стипендија. – МОН и Владата оваа година одлучија значително да ја променат политиката на стипендирање ученици и студенти, со цел да се излезе во пресрет на што повеќе млади, но и да добијат зголемени месечни износи со кои навистина ќе ја почувствуваат поддршката која државата им ја…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 519.106 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442 дози вакцини, а ревакцинирани се 401.336 граѓани. Со последните бројки 64% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 57% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина…
Силен земјотрес ги разбуди утринава олимпијците во олимпиското село во Токио, кој бил со јачина од шест степени по Рихтер, јавија светските медиуми со епицентар на североисточниот брег на Јапонија во Тихиот Океан. Земјотресот кој бил почувствуван во Токио каде се одржуваат Летните Олимписки Игри траел 20 секунди, а се случил во 5.33 часот наутро по локално време, а според првите информации засега не е издадено предупредување од цунами и наводно нема опасност од такво нешто. – Го почувствував земјотресот околу 5.33 часот наутро. Интересно, екипата која беше три ката под нас не ни почувствува ништо. Јапонската метеролошка агенција објави…
Нема планови за издавање федерални пасоши за вакцинација против коронавирус во Соединетите Американски Држави, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. – Нема да издаваме пасоши за вакцинација од федералната влада, рече Псаки. Сајрус Шахпар, директор за статистика за пандемијата во Белата куќа, претходно рече дека повеќе од 70 отсто од возрасните американски граѓани примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19.
Американскиот претседател Џо Бајден го повика гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо демократ и гувернер со три мандати, да поднесе оставка, откако независна истрага покажа дека обвинувањата за сексуално вознемирување упатени од повеќе жени се веродостојни. „Мислам дека тој треба да поднесе оставка“, рече Бајден. Други врвни демократи, вклучително и спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси (демократ-Калифорнија), и двајцата сенатори од Њујорк, исто така, повикаа Куомо да се повлече. Повеќето од обвинувањата првично беа објавени минатата зима, а Бајден тогаш рече дека ако истрагата покаже дека тврдењата на жените се веродостојни, тој ќе го повика Куомо да поднесе оставка. Говорејќи во…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на ГП Богородица е нормализиран и се пропуштаат возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –…
Во близина на граничниот премин Богородица, на хотел казиното „Фламинго“ и Граничната караула на АРМ, околу 13 часот изби пожар. Екипи на ТППЕ Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“ се излезени на лице место и се обидуваат да го изгаснат пожарот кој ја зафати и боровата шума. Граѓанското здружение „Спас за Гевгелија“ информира дека четири дена по ред градот е прекриен со густ чад предизвикан од пожар кој е предизвикан во градската депонија. – Вчера беа измерени 44 степени во Гевгелија. Депонијата се уште гори и граѓаните на Гевгелија дишат високо канцероген воздух. Денес и во наредните денови се очекуваат екстремно високи…