Author: Ivana

Последните анализи на Националниот институт за јавно здравје на Италија покажуваат дека по февруари, речиси 99 отсто од смртните случаи од Ковид-19 се евидентирани кај лица кои не биле целосно вакцинирани, напиша на својот фејбук профил, Министерот за здравтсво Венко Филипче. – Вакцинацијата е единствен начин да се стави крај на пандемијата. Во оваа заедничка борба сите подеднакво ја делиме одговорноста. Секој граѓанин кој не е имунизиран го изложува на ризик своето, но и здравјето на останатите. За да го спречиме враќањето на рестриктивните мерки и да го вратиме нормалното секојдневие, важно е секој од нас да даде свој придонес…

Read More

Денеска во Скопје се претставници на преку 350 компании од Албанија, Србија и Северна Македонија и уште стотина претставници на стопанските комори и на деловните заедници од другите земји од Западен Балкан, како и од повеќе други земји пошироко од регионот, истакна премиерот Зоран Заев, на отворањето на Економскиот форум од иниџијативата ‘Мини Шенген’. Според него овој масовен одзив на нашата покана да учествуваат на овој настан и да бидат активни чинители на уште посилно и поорганизирано поврзување на регионот е силна порака дека Балканот почнува да создава највисоко ниво на разбирање дека економското поврзување и создавањето на динамичен и…

Read More

Министерството за економија обезбеди дополнителни 23 милиони денари за ваучери за туризам од 12.000 денари за лица со ниски приходи кои што аплицираа на Јавниот повик. Со ребалансот на Буџетот за 2021 година, обезбедени се дополнителни средства за ваучери за туризам, со што над 3.500 граѓани со ниски приходи оваа година ќе може да летуваат во домашните туристички капацитети, објави на својот фејсбук-профил министерот за економија Крешник Бектеши. Според Бектеши, досега се издадени 1.250 ваучери од 12.000 денари за туризам во вредност од 15 милиони денари колку што беа предвидени во Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи…

Read More

Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година се смета за клучен меѓународен договор. Оценуваат дека одновото правење заложба кон духот и фундаменталните принципи на Конвенцијата денес е поитно од кога и да е, наведуваат од УНХЦР – Агенцијата на ОН за бегалци. Филипо Гранди, висок комесар за бегалци при Обединетите Нации по повод одбележувањето 70 години од документот вели Конвенцијата продолжува да ги штити правата на бегалците насекаде низ светот. Благодарение на Конвенцијата, милиони животи се спасени, додава Гранди. – Седумдесет години откако е напишана, клучно е меѓународната заедница да ги брани нејзините принципи, изјави Гранди. Во колумна по…

Read More

Денеска во Скопје се одржува економскиот форум за регионална соработка помеѓу членовите на мини-шенген зоната, каде што ќе се работи на зајакнување на економската соработка помеѓу Македонија, Србија и Албанија.

Read More

Шумата како дел од Националниот парк Маврово е впишана на Листата на светско наследство на природата на УНЕСКО. По Охридскиот Регион кој е прогласен за мешано наследство, природно и културно, буковата шума која се наоѓа по течението на Длабока Река е второ природно добро од земјава што се најде на листата на УНЕСКО. Со прогласувањето стана дел од досието „Древните и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа“, впишано на листата во 2007 година. Територијата на доброто е проширена во 2011 и во 2017 година, а деновиве уште десет земји се вкулени во споменикот на природата: Босна…

Read More

Границите лесно се поставуваат, но отстранување на границите е тежок процес. За жал, ние бевме сведоци на тоа, требаше веројатно година дена да се постават границите, а 30 години да се отстратнат бариерите за слободна трговија. Секако и со Берлинскиот процес, со иницијативата за заеднички регионален пазар, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање дали утрешниот Форум ќе придонесе да се подобрат бизнис условите. – Секако и со Берлинскиот процес но и со иницијативата за заеднички регионален пазар ние докажавме дека како земја сме еден од клучните чинители во…

Read More

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат. Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза  во текот на следните денови , почнувајќи од четврток 29.07. до 01.08.2021 година. Општите мерки кои треба да се почитуваат се следниве: 1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години.…

Read More

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев соопшти дека договорил соработка за локалните избори со претседателот на ДПА, Мендух Тачи. На својот фејсбук-профил Заев утрово напиша дека СДСМ и ДПА ќе соработуваат и реципрочно ќе се поддржат во повеќе општини. – Со цел за граѓаните да ги обезбедиме најдобрите градоначалници и советници на кои служењето на народот им се главна цел и определба. Во некои општини соработката ќе ја реализираме во прв круг, а во други општини во втор круг. СДСМ продолжува ја гради и развива најголемата и најдобра коалиција за локалните избори во октомври, напиша Заев на Фејсбук.

Read More

Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски го освои второто место и сребрениот медал на Олимпијадата во Токио. Тој попладнево во финалето во категоријата +80 килограми, загуби од Русинот Владислав Ларин со 15:9. Рускиот натпреварувач подобро го отвори мечот и се стекна со водство од 2:0 по првата рунда. Рамноправно беше во вторите две минути. Запишани беа по седум поени на двете страни за 9:7 пред стартот на решавачката, трета рунда. На една минута до крајот на борбата Георгиевски губеше со 8:13, недостижно за конечен триумф. Сепак, и покрај поразот, Георгиевски се запишува во историјата на македонскиот спорт, како втор освојувач на медал…

Read More

Во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19: Тетово – 14, Скопје – 12, Гостивар – 5, Куманово – 4, Кичево – 2, Битола и Валандово по 1. Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 6, Скопје, Гостивар и Дебар по 2. Не се регистрирани починати пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 959.456 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.124 бројката на оздравени пациенти е 150.307, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 326.

Read More

Теренската вакцинација за среда 28.07.2021 ќе се одвива во следните населени места: Тетово – Брвеница, Д.Седларце, Пирок, Раковец Гостивар – Беловиште, Лакавица Струмица – Ангелци, Градашорци, Кочани – Кучичино Кичево – Извор, Малкоец, Попоец, Душугубица, Подвис,Добреноец Македонски Брод – Г.Крушје, Д.Крушје, Црешнево,Слатина, Грешница Велес –  Сливник, Клуковец Берово – Митрашинци Министерството за здравство секојдневно ќе информира преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид 19. Замолуваме за поддршка на овој процес.

Read More