Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Илија Псалтиров, Сузана Тунева, Бекри Ајдини и Абдилџемил Саити, економски советници во амбасадите на Република Северна Македонија во Варшава, Анкара и Абу Даби и конзулатот во Минхен. Новоименуваните економски советници го информираа претседателот Пендаровски за своите планови за претставување на потенцијалите на Република Северна Македонија како дестинација за инвестирање, за промоција на извозните потенцијали, како и за промоција на државата како туристичка дестинација. Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, изрази уверување дека со нивниот ангажман четворицата економски советници ќе дадат придонес во насока на зајакнување на економската дипломатија и на привлекување на директни странски…
ССМ ги повикува сите работодавци, во услови кога се најавува дека во наредните денови, целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, да ги почитуваат мерките предвидени со Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението. -Сите работници кои работат во услови на изложеност на високи температури, се изложени на топлински стрес. Топлински стрес се дефинира како физичка и физиолошка реакција на работникот на температурата на која е изложен на неговото работно место. Согласно Законот за безбедност и здравје при работа, работодавецот е должен да обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат животот…
Околу 150 пациенти со малигни болести на коските годишно се лекуваат на Клиниката за ортопедија, каде за првпат е направена трансплантација на коскено ткиво на млада пациентка која има малигна болест на бутната коска на едната нога. Трансплантирана е со посебен систем за фиксација дел од коскеното ткиво што беше донирано од еден од починатите донори во изминатиот период, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој ја посети Клиниката по повод одбележувањето на Месецот на остеосаркомите. Тоа, посочи министерот, е една патологија што означува малигни заболувања на коскениот систем и ексклузивно се лекува тука на Клиниката за ортопедија. Потенцира…
Прилично добро се одвива целокупниот процесот на вакцинација, а денес веројатно ќе ја надминеме бројката од 500 илјади вакцинирани граѓани со најмалку една доза, од нив над 330 илјади се веќе ревакцинирани, соопшти министерот за здравтство Венко Филипче. – Добро се одвива и теренската вакцинација, околу 20 илјади граѓани се вакцинирани. Помеѓу 3000 до 5000 дневно се вакцинираат со теренската вакцинација. Во однос на заболените, некаде 92 пациенти има заболени од 330 илјади кои се ревакцинирани. Во проценти тоа би значело дека само околу 0,02 проценти се заболени. Што значи дека вакцината е корсна и граѓаните треба да се вакцинираат.…
Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 92. седница, на која, меѓу другото, ќе биде разгледана Информацијата за проектот за човечки капитал и изработка на стратегија за унапредување на човечкиот капитал во Северна Македонија, во соработка со Групација Светска банка. Како што соопшти владината прес-служба, на дневен ред на денешната седница е и Информацијата за Оперативните насоки за мерка 27 – финансиска поддршка со креирање на мечинг фонд за претприемачи Роми. На предлог на Министерството за здравство на седницата ќе биде ставена и усвојување и 64. Предлог – програмата за дополнување на Националната годишна програма за јавно…
Косовскиот олимписки тим најави напад на неколку одличја на актуелниоте Олимписки игри, но по три комплетирани натпреварувачки дена, оваа земја дојде и до вториот златен медал во Токио. Дистрија Красниќи го донесе првиот златен медал за Косово во џудо, а сега во истиот спорт, денеска победи Нора Ѓакова во категорија до 57 килограми во женска конкуренција. На овој начин, Косово пишува своја историја на летните Олимпиоски игри, но и се истакнува како една од најдобрите школи за борење од овие простори. Нора до влезот во финалето се бореше со Цукаса Јошида, Каја Кајзер и Сан Вархаген, додека на завршниот меч,…
Центарот за современа ликовна уметност во Прилеп го претстави новиот мурал на македонскиот писател Стале Попов. Идејното решение и изведбата на муралот е изработен од академските ликовни уметници Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар Џинго. Муралот е нацртан на ѕидот на зградата кај одделението за имотно- правни работи – Прилеп, спроти општинската зграда. Муралот е нацртан во рамки на проект за изработка на два ѕидни мурала на уникатно избрани локации и две кратки документарни видеа за промоција и презентација на делата на Блаже Конески и Стале Попов. Муралот на Стале Попов е првиот претставен мурал, а се очекува да биде…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.473 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 7, Прилеп , Тетово и Струга – по 1. Регистрирани сe 16 оздравени пациенти од:Тетово – 10, Скопје и Гостивар – по 2, Прилеп и Штип – по 1. Пријавени се две починати лица од:Гостивар (67г) и Тетово (62г) починати во болнички услови. Досега во земјата се направени вкупно 955.617 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.086 бројката на оздравени пациенти…
Актуелностите во однос на состојбите во регионот и очекувањата врзани за европската перспектива чие доследно реализирање подразбира приоретизирање на политиката на проширување преку одлучност и динамика на пристапниот процес, беа во фокусот на денешната средба помеѓу Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Србија во Северна Македонија, Невена Јовановиќ. Средбата беше остварена со цел размена на мислења за билатералната соработка на двете држави во контекст на евроинтеграцискиот процес, а во светло на Економскиот форум за регионална соработка во Скопје неделава, на кој ќе учествуваат премиерите од двете држави. На средбата…
Постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак, ја поздравува одлуката Охридскиот регион да не биде ставен на Листата светски културни и природни богатства во опасност, со нагласок дека дадениот рок треба да се искористи за итно делување и подобро менаџирање. Според Дуџак, одлуката носи три пораки, дека одлуката на Комитетот за светско наследство да не го стави Охрид на листата не ја намалува итноста да се делува и покрај дополнителните две години што се дадени за да се избегне таа судбина. -Со децении, Охрид е оптоварен со несоодветно и често нелегално градење, со слаб менаџмент на рибниот…
Ние не се откажуваме од зголемување на паричниот надомест на лицата со попреченост. Зголемување на надоместот кој што е предвиден во програмата, е за 15 проценти. Јас не дадов рок, но ќе испорачаме се она што беше наше ветување и што беше дел од владина програма, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Запрашана зошто по денешната средба со претставниците од Коалицијата „Менуваме“ нивните барања повторно не се испорачани, министерката посочи дека поради Ковид-19 реализацијата на покачување на надоместот беше пролонгирана, а ребалансот на буџетот веќе е затворен. Покачувањето на овој надоместот, како што рече, ќе се планира…
Премиерот Зоран Заев денеска во одговор на новинарско прашање дали Бугарите ќе бидат вметнати во нашиот Устав, рече дека пред самото пристапување во ЕУ се отвора Уставот со цел да се смени заедничкиот дел со земјите членки на ЕУ, и тогаш се вградуваат и помалку бројните етнички заедници кои се присутни и живеат во земјава, а не се вградени во него. – Уште пред неколку години се отвори ваква дебата на барање на Хрватите во државата, но и на Црногорците. Ние последни го следиме примерот на сите европски земји, односно земјите посебно Балканот, јас ја кажувам Хрватска, еве Албанија веќе…