Author: Ivana

Никаде во највисокиот ешалон па дури и во вториот ешалон, не е препознаена корупција, потенцира премиерот Зоран Заев при посетата на отпочнувањето на работите на атмосферската канализација во општината Шуто Оризари. – Таа не е пронајдена кај министрите, кај директорите пронајдена е по анализа во административното функционирање на јавните институции. И затоа ние поставивме подпретседател на влада меѓу другото задолжен за борба против криминалот и корупцијата, истакна Заев. Премиерот потенцираше дека поставувањето на потпретседателот на владата за борба против криминал и корупцијата е решителност на власта за уште пофголемо давање на ефекти. – Денеска на ова транспарентно и отворено општество…

Read More

Премиерот Зоран Заев, градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш и директорот на ТАВ, Метин Батак, денеска присуствуваат на отпочнувањето на работите на атмосферската канализација во оваа општина од средствата од ТАВ.

Read More

На вистинскиот пат сме да изградиме систем и политики кои ќе ги поддржуваат нашите претприемачи, да се охрабрат и да почнат да ги реализираат своите идеи. Условите за започнување на нов бизнис и создавање на старт-апи се подобруваат, а младиот претприемач полека, но сигурно, го зазема централното место во домашната економија, посочува вицепремеирот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. Во колумна за порталот Фактор, Битиќи нагласува дека новите, иновативни бизниси се моторот на денешницата во современите економии и информира дека како дополнителна поддршка за домашната економија, пред околу шест месеци е формиран Националниот старт-ап совет,…

Read More

Теренската вакцинација за петок 23.07.2021 ќе се одвива во следните населени места: Тетово – Шипковица, Вешала, Бродец, Лисец, Гајре, Бозовце Гостивар – Речане, Вруток Ресен – Дрмени, Г.Д.Перово, Лавци, Волкодери, Покрвеник, Шурленци, Прељубље, Крушје, Златари, Иабишта, Лева Река Штип – Козјак, Аргулица, Црвулево Свети Николе- Сарамзалино, Аџиматово Берово – Двориште Струга – Делогожда Ростуше Струмица – Банско, Баница Неготино – Дрен, Чифлик Пробиштип – Петршино Кочани – Нивичани Кичево – Грешница, Бачишта, Лешница, Речани Битола – Ореово, Паралово, Маково, Орле, Рапеш, Брник, Зович, Старавина, Будимирци, Градешница Охрид – Пештани, Трпејца, Љубаништа Македонски Брод- Г.Манастирец, Д.Манастирец, Сушица, Тополница Велес –  Д.Чичево, Г.Чичево, Подлес Скопје…

Read More

Израелскиот амбасадор во Македонија, Дан Оријан го завршува својот мандат откако седум години ја извршуваше оваа функција. Изминатите денови тој имаше неколку проштални средби со државниот врв, но и со други политички личности. Денеска беше во Битола, каде во текот на денот ги посети сите локации поврзани со еврејската култура и минато и каде израелската амбасада помагаше во голема мера. Новиот лик на Еврејските гробишта, преименувањето на Здравствениот дом, Маршот на живите, како и многу други настани, но и донации. Негов наследник ќе биде жена амбасадорка, за која вели дека добро ја информирал за досегашните активности. Исто така истакна дека…

Read More

По повод 118-годишнината од Илинденското востание, традиционалните научно-културни средби „10 Дена Крушевска Република“ од 1 до 10 август ќе понудат повеќе настани, информираат од крушевската локална самоуправа. Манифестацијата, официјално ќе биде отворена на 1 август, во 20 часот на платото на Гумење во Крушево. Претходно, од 18 часот сите учесници ќе тргнат од пред црквата „Свети Никола“ во центарот на Крушево, а потоа со полагање свежи цвеќиња пред бистата на Веле Марков, на партизанските гробишта во Крушево, пред вечното почивалиште на Тоше Проески и во криптата пред Македониумот на Гумење, ќе им биде оддадена почит на сите значајни дејци. На…

Read More

Обвинетите за производство и дистрибуција на детска порнографија во предметот „Јавна соба“ која е истоимена група која била отворена и користена од повеќе членови преку социјалната мрежа Телеграф, со умисла дозволиле да се направи достапно на членовите на групата содржина со аудио-видео материјал во кој се прикажани полови дејствија со дете. Ова денеска во Кривичниот суд во воведните зборови го истакна обвинителот Владимир Милошевски на првото рочиште за предметот „Јавна соба“ во кој се обвинети Д.К. 32 години и М.П. 22 години. Првиот како основач и администратор на групата, а второобвинетиот како администратор и модератор на групата кои, според обвинителот,…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 473.657 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.976 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.521 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 760.961 дози вакцини, а ревакцинирани се 305.804 граѓани.    Со последните бројки 61% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 58% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 53% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина…

Read More

Експресниот пат од Градско кон Прилеп се гради. Оваа Влада покажа решителност да ги изгради и најтешките инфраструктурани проекти во државата. Избрани се нови изведувачи за првата и втората фаза и патот активно продолжува да се гради, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при увид на градежните работи на првата фаза од експресниот пат од Градско до Дреново. Првата фаза од Градско до Дреново е со должина од 15,5 км и вредност од 24,7 милиони евра. До сега се изградени 35% и градежните работи ги презема компанијата Штрабаг. Во однос на втората фаза, од Дреново до Фаришка клисура,…

Read More

Комисијата за спречување на корупција, на денешната 50 седница утврди дека во предметот „Шпанско село” против Илир Хасани, Горан Филипов и родителите на сопругата на атуелниот министер за здравство Венко Филипче, поднесено од страна на ВМРО-ДПНМЕ, не постои судир на интереси. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, при реферирање на овој предмет истакна овој случај го поделиле на две дела (финански дел и дел за имотот). Во однос на првиот таа изјави дека утврдиле дека не постојат наводи, односно дека има конкурентност и дека имало електронска аукција. Во однос на парцелите претседателката Ивановска наведе дека од историскиот преглед добиен од Агенцијата…

Read More

Услугата помош и нега во домот ја доближуваме до старите лица во нивните домови. Таа е креирана согласно нивните потреби, индивидуализирана во смисла на поддршка во делот на одржување на личната хигиена, исхрана, купување на прехранбени продукти, обезбедување на лекови прошетки во домот и надвор од домот, она што претставуваат елементарните потреби на старите лица над 65 години, рече денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на доделувањето  лиценца за вршење на дејност од социјална заштита односно за вршење на услугата помош и нега во домот на стари лица во општините Бутел и Чучер Сандево. Ова, додаде министерката,…

Read More

Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ поднесе писмо до Комитетот за светско наследство, поддржано од 18 македонски и 15 албански организации, со апел за впишување на Охридскиот регион во Листата на светски наследства во опасност. Триесет и четири организации изразуваат загриженост за состојбата на Охридскиот регион, која, како што велат, не е последица на војна или природна катастрофа, туку најчестите причини за уништени вредности и прогласување на светски наследства во опасност се директен резултат на управувањето со наследството од страна на локалните и централните власти на двете држави. – За жал, алармот во 2019 година не ги разбуди нашите влади, и дополнителното време кое го добија…

Read More