Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Услугата помош и нега во домот ја доближуваме до старите лица

0
By Ivana on July 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 22, 2021 11:54

Услугата помош и нега во домот ја доближуваме до старите лица во нивните домови. Таа е креирана согласно нивните потреби, индивидуализирана во смисла на поддршка во делот на одржување на личната хигиена, исхрана, купување на прехранбени продукти, обезбедување на лекови прошетки во домот и надвор од домот, она што претставуваат елементарните потреби на старите лица над 65 години, рече денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на доделувањето  лиценца за вршење на дејност од социјална заштита односно за вршење на услугата помош и нега во домот на стари лица во општините Бутел и Чучер Сандево.

Ова, додаде министерката, претставува дел од имплементација на социјалната реформа, проект што МТСП го работи со поддршка на Светска банка за подобрување на социјалните услуги.

– Дополнително овозможуваме ангажман на негуватели коишто поминуваат низ систем на обука, конкретно за овие две општини, 25 негуватели ќе ја пружат помошта во домовите на возрасните лица над 65 години. И ова не е само една општина односно две општини каде ншто оваа услуга се имплементира. Работиме насекаде во државата со 24 општини на вкупно 19 проекти, истакна Шахпаска.

Таа појасни дека во овој систем треба да поминат 900 корисници, а околу 300 негуватели ќе ја даваат услугата.

– Бенефитот е обостран како за корисниците кои добиваат индивидуализирана квалитетна услуга во нивните домови, значи услугите ги пуштаме во домовите и заедницата, а дополнително успеваме да ангажираме негуватели коишто се лица долго време отсутни од пазарот на трудот, тешко вработливи лица, лица коишто не го заокружиле своето образование и овозможуваме да заработуваат за сопствена егзистенција. На тој начин го подобруваме и нивниот животен стандард и генерално го подобруваме животот на сите чинители во една заедница, истакна министерката за труд и социјална политика.

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, пак, посочи дека ова е значаен проект за помош и поддршка на повозрасните лица во општината.

– Денеска потпишуваме и ја примаме лиценцата за невладината организација Адра која што ќе биде претставник за Општина бутел и Чучер Сандево. Со тоа сум сигурен дека 25 луѓе коишто ни се одбрани да помагаат на оваа социјално грижливите семејства ќе успееме да ги погодиме сите потребни потреби на лицата коишто ќе им помагаме, реле Смилевски.

Тој се надева дека во иднина ќе има повеќе вакви проскти со кои ќе се излезе во пресрет на потребите на жителите на општината.

Јагода Шахпаска стари лица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.