Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Собранието вчера го усвои Законот со кој се овозможува продажба на становите кои потекнуваат од станбениот фонд на поранешна ЈНА. Честитки!, напишна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на нејзиниот ФБ профил. – После долги години, корисниците на овие станови ќе можат да ги откупат становите во кои живеат одамна, а во буџетот ќе се влеат дополнителни средства од продажбата. Ставивме крај на повеќедецениска неизвесност и правна несигурност. Покажавме грижа кон наши сегашни и поранешни вработени и воени пензионери. Дадовме пример за одговорност кон државниот буџет и државниот имот, објави Шекеринска. На нејзиниот фејсбук таа упати благодарност до пратениците кои, како…
Пред претстојниот голем муслимански празник Курбан Бајрам, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски одржа работен состанок со претставници на Исламската верска заедница, Министерството за внатрешни работи и општинските комунални и инспектори за заштита на животната средина, со цел координирање на активностите на секоја од институциите, за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојба на животните. Инспекциските служби, како што е наведено во денешното соопштение од АХВ, спроведувааат вонредни засилени контроли на добиточните пазари и локациите надвор од нив, а за кои имаат сознанија дека таму се врши нелегална трговија со добиток и недозволено колење.…
Северна Македонија бележи напредок во спроведуњето на реформата на јавната администрација во полето на отчетноста и транспарентноста, како и управувањето со јавните финансии. Ова го покажуваат резултатите од Националниот монитор за реформи во јавната администрација за 2019/2020 година објавен од Институтот за европска политика. Во извештајот се наведува дека сите институции објавуваат документи, закони и прописи, како и тоа дека повеќето инстутции објавуваат документи за политики, студии и анализи. Исто така, се истакнува дека новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, суштински ги подобри правните основи за спроведување на ова право. Најголемиот напредок во реформите во јавната администрација…
Од сите пријавени инциденти со огнено оружје во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), онаму каде што е наведен и родот, во 98 отсто сторителите се мажи, се наведува во годишниот извештај за 2020-та на Центарот за контрола на малото и лесно оружје во Југоисточна и Источна Европа (SEESAC). Станува збор за вкупно 3566 регистрирани инциденти на териториите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Во 2700 инциденти за кој е наведен родот, 2646 биле мажи, а само 2 отсто или 54, биле жени. Речиси една третина од инцидентите биле сторени во Косово, по што следуваат…
Бројот на загинати во поплавите во Германија достигна 133 и со таа цифра, веќе има 160 жртви на природната катастрофа во области во Западна Европа. Полицијата во западногерманската покраина Рајнска област-Пфалц утрово соопшти дека веќе има 90 загинати – 27 повеќе од вчера. Стотици луѓе во регионот се исчезнати,и според дел германски медиуми, таму може да има околу 600 жртви. Во соседната провинција Северна Рајна-Вестфалија, досега е потврдена смртта на 43 лица. Претседателот Франк-Валтер Штајнмаер денеска ќе ги посети погодените области. Најмалку 25 лица загинаа во поплавите во Белгија, според последните податоци. Покрај Западна Германија и Белгија, од тешки поплави…
Пензионерите со јулската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кој во првото полугодие од 2021 година (период: јануари-јуни 2021 година), во однос на второто полугодие од 2020 година (период: јули-декември) изнесува 1,2%. Зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 188 денари на ниво на просечна пензија и 125 денари на ниво на најниска пензија. Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност…
Во Зоолошката градина – Скопје денеска ќе биде отворено надворешното живеалиште за пингвини. Зоо Скопје првпат во своето постоење од 1926 година е дом на пингвини. -Вкупно имаме девет пингвини, од кои три пристигнаа од Италија, а шест од Русија. По карантинскиот престој и адаптација првпат ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште кое е градено по светски стандарди и со идеални услови за овој вид на јужноамерикански пингвини, информираат од Зоолошката градина. Проектот е целосно финансиран и поддржан од Градот Скопје, а по тој повод обраќање до јавноста ќе има и градоначалникот Петре Шилегов. Отворањето на надворешното живеалиште за пингвини…
Големите оператори со социјалните мрежи на кои се шират дезинформации за вакцините „ги убиваат луѓето“, обвини во петокот американскиот претседател Џо Бајден. „Тие ги убиваат луѓето. Единствената пандемија којашто ја имаме ги погаѓа луѓето коишто не се вакцинирани. Тие ги убиваат луѓето“, одговори американскиот претседател Џо Бајден на прашање за неговата порака до Facebook. Белата куќа претходно седмицава значително го заостри тонот во однос на големите технолошки компании и бараше од нив да ја засилат борбата против лажните информации во врска со вакцините против короанвирусот. САД во моментов се ангажирани на повторно зајакнување на кампањата на вакцинирање, особено поради многу…
Опозицијата пак бара да се повелече предложеното лого за прославата на 30-годишнината од независноста. – Продолжува сквернавењето на националните и идентитетските симболи од страна на оваа власт. И покрај острата реакција од страна на граѓаните, Владата на Зоран Заев сеуште е глува за целосно повлекување на логото. Непостоењето на терминот „Република“ како одредница за општественото уредување и пренебрегнувањето на фактот дека на 8-ми Септември 1991 година, македонскиот народ гласаше за суверена и независна држава Република Македонија, го прави ова решение за целосно неприфатливо.Со ваквото решение од страната на владата на Зоран Заев е прекршен и Законот за употреба на грбот,…
Силно невреме во текот на ноќта зафати делови од Хрватска, а најкритично било во Бел Манастир и Нова Градишка каде биле измерени дури 159 литри на метар квадратен. Според информациите на метеоролозите циклонот во Хрватска стигнал од Босна и Херцеговина, каде има огромна материјална штета, а кризниот штаб издал предупредување до граѓаните да реагираат брзо и да си ги заштитат имотите. Поројниот дожд во Бродско-посавската жупанија, конкретно во Нова Градишка поплавил повеќе од 80 домаќинства кои побарале помош од пожарникарските служби. Домови биле поплавени и во Славонски Брод, а најритично било во Бел Манастир, каде што од две заглавени возила…
Со цел да се стави под контрола ширењето на коронавирусот, расте бројот на земји во Европа и светот кои воведуваат ограничувања за невакцинираните граѓани и бараат задолжително приложување на вакцинален сертификат за оние кои сакаат да имаат целосен пристап до јавните и угостителските услуги, и да присуствуваат во затворен јавен простор. Во регионот, со последната одлука на грчката влада, сите затворени места во Грција наменети за забава и рекреација, како што се ресторани, барови, кафулиња, театри, ќе работат исклучиво за вакцинирани граѓани, до 85 отсто од капацитетот, а сертификатите за имунизација или прележан Ковид-19 ќе се проверуваат преку апликацијата „Covid…
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски денеска одржа работен состанок со директорката на Институтот за хигиена и технологија на месо од Белград, Република Србија Весна Ж. Ѓорѓевиќ и генералниот директор на компанијата за производство на месни производи „Златиборац“ Душан Кнежевиќ, како претставник на српската месна индустрија. Целта, како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, е унапредување на соработката во делот на лабораториските анализи од областа на безбедност на храната и подобрување на трговската размена на македонските и српските месни производи. На состанокот, како што се наведува, се разменија податоци за условите за трговска размена на производи…