Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пред Курбан Бајрам, засилени инспекциски контроли на добиточните пазари

0
By Ivana on July 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 17, 2021 11:32

Пред претстојниот голем муслимански празник Курбан Бајрам, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски одржа работен состанок со претставници на Исламската верска заедница, Министерството за внатрешни работи и општинските комунални и инспектори за заштита на животната средина, со цел координирање на активностите на секоја од институциите, за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојба на животните.

Инспекциските служби, како што е наведено во денешното соопштение од АХВ, спроведувааат вонредни засилени контроли на добиточните пазари и локациите надвор од нив, а за кои имаат сознанија дека таму се врши нелегална трговија со добиток и недозволено колење.

-Целта на овие активности е да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и да се гарантира консумација на безбедно месо, кое потекнува од здрави животни, почитувајќи ги културните и религиските барања на верските заедници. Агенцијата за храна и ветеринарство како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните, апелира до граѓаните за претстојниот празник да не купуваат добиток од дивите пазари, бидејќи таму нема гаранција за здравствената состојба на животните, со што во прашање може да се доведе здравјето на купувачите и нивните семејства, вели Бабовски.

Во соопштението од АХВ се посочува, движењето на животните да се врши исклучиво со поседување на сертификат за здравствена состојба на секоја единка, а колењето на животните да се врши во одобрени кланици од страна на Агенцијата, освен за животните кои се колат за сопствени потреби, за што треба да биде известен официјален ветеринар или овластено ветеринарно друштво кое треба да изврши одјавување на закланата единка од Ветеринарно информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Бабовски апелира граѓаните да бидат внимателни и при набавка на месо кое треба да се купува од одобрени месарници, кои ги имаат имаат имплементирано стандардите за безбедност на храната.

добиток контроли Курбан Бајрам Пазар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.