Author: Ivana

Не ни треба Европска унија, ако некој сака да преговараме за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Затоа што ќе бидеме обезличени. Нема кој да влезе во ЕУ, затоа што мнозинството народ во државата се Македонци. Ниту оваа, ниту пак која било влада има право да разговара за македонскиот јазик и македонски идентитет, нагласи премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, зошто нема почеток на преговори со ЕУ, кога тој тврдел дека Преспанскиот договор ни гарантира членство, и побара од претседателот на Владата да го прочита предлогот со кој тој заминал во Софија. – Истите вие…

Read More

Нашата држава има долгогодишна интензивна и плодна соработка со сите агенции на Обединети нации. Вие сте наши големи поддржувачи, партнери и соработници  во креирањето  и имплементацијата на  политики и решенија кои имаат за цел  градење на општество кое ќе им понуди на сите граѓани еднакви можности и пристап до ресурси, со посебен акцент на  ранливите категории на граѓани“,  истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната средба со претставниците на Агенциите на Организацијата на Обединетите нации – UNRCO,OHCHR,UNDP,UNICEF,UNFPA и Светска банка. Министерката Шахпаска заедно со тимот од Министерството за труд и социјална политика ги презентираше приоритетите на…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со потпретседателот на Хабитат за хуманост Интернешнл, за Европа, за регионот на Среден Исток и за Африка, Рик Хатавеј. На средбата, Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, бил информиран за активностите и проектите на оваа непрофитна организација којашто преку изградба на нови или реконструкција на постојни објекти обезбедува соодветно домување за посиромашните луѓе. Пендаровски, изразил благодарност за досегашниот ангажман на оваа интернационална организација во нашата држава, притоа искажувајќи поддршка за тековните и најавените проекти на Хабитат – Македонија, којашто е дел од глобалната мрежа којашто е активна во повеќе од 70 држави и…

Read More

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју во „Топ Тема“ изјави дека Фудбалската федерација на Македонија треба да го промени своето име според „Преспанскиот договор“. – Сите институции кои не се државни, а примаат пари од државата за нивно претставување надвор, имаат обврска според Преспанскиот договор да се променат. Очекувам федерациите дури и кои не примаат пари или други здруженија, да го следат уставното име на државата. Не дека не е горчина и кај мене. Тоа е завршена работа и тоа е нешто што ни обезбедува иднина. И треба да тераме во тој правец. Не ни требаат нови непријателства. Дефинитивно сите…

Read More

Еколошката такса е наш одговор за грижата за животната средина и на повикот на граѓаните да преземеме мерки во однос на ова важно прашање, и затоа сите пари прибрани од оваа такса ќе одат во Еколошкиот фонд кој ќе ја помогне праведната транзиција од фосилните кон енергенсите од обновливи извори на енергија“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за ТВ Телма. Премиерот Заев објасни дека граѓаните и стопанствениците не треба да бидат загрижени дека оваа мерка ќе ги зголеми цените на моторните горива. „Оваа мерка никој не би ја донел во време на изборна година и треба граѓаните…

Read More

Раководството на СДСМ викендов во Струга ќе ја доработи стратегијата за претстојните локални избори, а ќе паднат и првите одлуки за кандидатите за градоначалници, најави вицепремиерот за борба против корупцијата и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Во вечерашното гостување на ТВ Сител, Николовски истакна дека е во тек повикот за пријавување кандидати за градоначниици кои не мора да се членови на СДСМ. Постапките течат, а рокот е до 30 јуни. – Интерните и анкетата на ИРИ покажуваат дека и СДСМ и коалицијата е фаворит на претстојните локални избори. Имаме висока реализација на проектите и ветувањата, како и предкампањска активност…

Read More

Владата на Република Северна Македонија на денешната 82 седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на законот за животна средина. Со предложените измени се предвидува зголемување на еколошката такса, односно се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос…

Read More

„Причината за реакцијата на Бугарија е предлогот на ЕУ целото европско законодавство да се преведе на македонски јазик. Тоа беше нашата битка, интерес на Северна Македонија и наша победа во т ој момент. Тоа беше причина Бугарија да ја издаде декларацијата во Собранието“ рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и министер за правда, Бојан Маричиќ во емисијата „24 анализа“ на ТВ24. Во дебатата со секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, Маричиќ кажа дека опозициската партија, знае да понуди само лажни вести, блокади и бојкот и затоа нивната поддршка опаѓа. „ВМРО-ДПМНЕ ја остави Македонија како заробена држава, потврдено…

Read More

Политиките треба да се креираат преку реалните потреби на граѓаните, треба да се слушне гласот на граѓаните, а потоа да се донесат потребните решенија, ова го истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче на денешната панел дискусија на тема „Здравствени услуги по мерка на ранливите граѓани – како да се подобри системот врз основа на досегашното искуство“. На панел дискусијата учествуваа претставници на граѓанските ораганизации „Заедно послини“, ХЕРА, од здружението ЕСЕ, како и д-р Милена Стевановиќ, директор на КИБФС. – Во рамките на  Министерството за здравство со години наназад постои програмата за превенција од ХИВ и во последните 2-3 години…

Read More

Владата на денешната 81. седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јуни 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28 јуни годинава. Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29 јуни 2021 година. Како што соопшти владината прес-служба, на банките им се препорачува преку нивните филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи…

Read More

Продолжува растот на просечната плата. Во април годинава таа изнесувала 28.438 денари, што е зголемување од 10,1 отсто или за 2.608 денари во споредба со април 2020, кога била 25.830 денари, објави денеска премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил. – Согласно податоците од Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28,6%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24,0%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,7%), напиша Заев. Платите, нагласи, ќе растат и понатаму, бидејќи се грижиме за сите граѓани…

Read More

Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства, напиша министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на Фејсбук. Како што наведува Бесими, според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали од 18 на 5 отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 и 10 отсто за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година. – Целта е  да им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се…

Read More