Author: Ivana

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Анталија оствари средба со Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамки на неговата работна посета на Турција, а по повод учеството на Самитот на Претседатели на држави и влади на членките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа и учеството на Анталија дипломатскиот форум. Претседателите Пендаровски и Ердоган на средбата изразија задоволство од долгогодишното партнерство меѓу двете држави и од позитивниот тренд во развојот на билатералните односи и соработката во повеќе сфери од заемен интерес. Претседателот Пендаровски посочи дека и во услови на пандемија одржувањето редовен политички дијалог покажува дека односите…

Read More

Со резултат од 2:1 за екипата на Украина, заврши и вториот натпревар на Македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство. Во првото полувреме Македонската фудбалска репрезентација губеше со резултат од 2:0, кога Андриј Јармоленко во 29. минута им донесе водство на Украинците. Пет минути подоцна, Роман Јаремчук ја удвои предноста. Еден гол во 39. минута постигна капитенот Горан Пандев, но поради офсај беше поништен од страна на судиите . Следниот гол на македонската репрезентација го даде преку Езѓан Алиоски во 57. минута, по одбиената топка, откако во претходниот обид украинскиот голман му одбрани пенал. Пенал одбрани и македонскиот голман Столе Димитриевски во…

Read More

Јасната европска перспектива на Северна Македонија е од големо значење за Бугарија и нејзиното конкретно остварување е во прилог на заедничката иднина на двете земји во ЕУ. Ова, како што соопшти владината прес-служба, било истакнато на средбата на премиерот Зоран Заев со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија. На средбата присустуваа и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи. На средбата беше истакнато дека посетата на делегацијата на Владата на Северна Македонија на Бугарија на највисоко ниво, е од исклучителна важност и доаѓа во момент кога силната динамика на контактите и дијалогот е од…

Read More

Членството на Северна Македонија во НАТО е резултат на храбри одлуки. Верувам дека на фронтот на ЕУ треба да има геополитичка политика, а тоа за Балканот е проширувањето и тоа беше рецепт кој беше успешен, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска која учествуваше на панел дискусија на форумот ГЛОБСЕК во Братислава, заедно со министрите за одбрана на Словачка, Јарослав Над и на Канада, Харџит Саџан. Според министерката, блокадата на почетокот на преговорите со ЕУ креира вакуум, што ја отвора вратата за старите сценарија кои ништо добро не му донеле на Балканот и на Европа. – Кога станавме членка на…

Read More

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски, заедно со министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски, директорот и заменик-директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и Благочје Трпевски, беа на локацијата каде во моментов се врши рехабилитација на регионалниот пат Куманово – Страцин, патна делница која е составен дел од Коридорот 8, информираат од Владата. Оттаму посочуваат дека регионалниот пат Куманово-Страцин се рехабилитира во две фази. Првата фаза од Куманово до село Војник е во должина од 15 километри, со инвестиција во износ од 4,7 милиони евра, пари обезбедени дел преку ИПА…

Read More

Останува само еден час до натпреварот во кој Македонската фудбалска репрезентација и тимот на Украина ќе пробаат да се изборат за првите бодови на Европското првенство 2020. Натпреварот ќе се игра на Националната арена во Букурешт, а ова за нашата екипа ќе биде  вториот натпревар од групата Ц на ЕУРО2020. Македонскиот селектор на Игор Ангеловски на вчерашната официјална прес – конференција истакна дека неговите избраници ги очекува најважниот натпревар во кариерата. – Дојдовме на ЕУРО со цел да се пласираме во втората фаза и таа фаза за нас е активна. Имаме пред нас ривал кој исто така има нула бодови, што значи…

Read More

Подготвени сме на искрени разговори со добра волја за постигнување на взаемно прифатливо решение со соседот Бугарија, но не по секоја цена и не на штета на државните интереси, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, на собраниската седница на Комисијата за надворешна политика, зборувајќи за преговорите што се водат поинтензивно во последните недели за изнаоѓање решение за деблокирање на ЕУ агендата за нашата држава. Посочи дека процесот е сложен и дека немањето политичка влада во Бугарија е сериозна пречка, поради што не сакаат да ги подигаат очекувањата на граѓаните. – Важно е да се нагласат следните факти и…

Read More

Европската фудбалска асоцијација донесе одлука за инцидентот во кој учествуваше австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, што се случи на мечот со македонската репрезентација на ЕВРО 2020. Дисциплинската комисија на УЕФА одлучи да го суспендира Арнаутовиќ на еден натпревар за навреда на играч на македонската репрезентација. На 13 јуни, Австрија ја победи македонската репрезентација со 3:1. Напаѓачот влезе како замена во текот на второто полувреме и успеа да погоди во 89-та минута, поставувајќи го конечниот резултат. Арнаутовиќ го прослави погодокот постигнат многу емотивно извикувајќи навредливи зборови кон Езѓан Алиоски и другите македонски фудбалери.

Read More

Обвинителството смета дека пратениците отишле да гласаат во парламентот согласно протоколите и заедно со Џафери не прекршиле ниту еден пропис. На одлуката на Основното јавно обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ има право во рок од 8 дена да се жалат до Вишото јавно обвинителство Скопје Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ги отфрли кривичните пријави на ВМРО-ДПМНЕ и Левица против претседателот на Собранието Талат Џафери и пратениците Бисера Костадиновска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ, кои беа позитивни на ковид-19, но дојдоа во парламентот со своите гласови да обезбедат мнозинство за носење на економскиот антикризен пакет мерки. Двете опозициски партии ги пријавија за…

Read More

Платени дежурства и надомест за здравствено осигурување е нешто што за првпат го добиваат специјализантите во нашата држава. Решавањето на ова прашање ги опфаќа сите идни приватни специјализанти и придонесува за зголемување на мотивацијата при работењето. На овој начин се стремиме кон дополнителна мотивација за оваа група на лекари. Министерството за здравство активно ги слуша барањата на здравствените работници и прави напори истите да ги реализира во рамките на своите можности. – Со здравственото осигурување којашто процедура е во тек за првпат приватните специјализанти се здравствено осигурани  што значи дека може бесплатно да се лекуваат во установите во коишто работат.…

Read More

Министерот за надворешни работи денеска се обрати на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2021“ во Братислава, на тема „Геополитичката Европа на крстопат: Западниот Балкан во Ера на Пост-Ковид-19 “. Осврнувајќи се на регионалните и геополитички последици доколку се изгуби посветеноста на Европската унија кон земјите од Западен Балкан, Османи потенцираше дека иднината на регионот е во ЕУ, што истовремено е географски и геополитички факт. Земјите се наоѓаат во фаза на засилена меѓусебна економска соработка која неминовно ќе доведе до прием во заедничкиот европски пазар. „Тоа е суштината на европската интеграција. Надворешната и безбедносната политика на ЕУ ќе биде предмет на натамошен…

Read More

Во разговорите помеѓу Косово и Србија се чувствува една новина и мислам дека двете страни сериозно се припремаат за продолжување на разговорите во рамките на она што го припреми Европската Унија, изјави во дебатната емисија Клик плус на ТВ21, хрватскиот европратеник Тонино Пицула. Според него Соединетите Американски Држави го продолжуваат својот ангажман, овој пат нешто посериозно, а доколку ги следиме и пораките на Претседателот Бајден упатена кон српските лидери и косовските политичари, тие пораки се јасно индикативни. – После се е јасно дека без меѓусебен договор за цела низа на прашања и едната и другата страна не може да очекуваат брз…

Read More