Author: Ivana

Во рамки на официјалната посета на Министерството за внатрешни работи на Романија, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, оствари работна средба со државниот секретар – шеф на романската полиција, Богдан Деспеску. На средбата, меѓу другото, државниот секретар Деспеску изрази задоволство од досегашната соработка меѓу полициите на двете земји, која во последниов период бележи развојна линија. Исто така, директорот Тасевски оствари работен состанок и со генералниот инспектор на романската жандармерија, Алин Јонел Мастан, на кој фокусот беше ставен на унапредување на заедничката соработка меѓу полициите од двете земји, особено во делот на отворање можности за заеднички тренинг и обука…

Read More

Денес за прв пат по 2 септември 2020 не бележиме ниту еден починат од Ковид. Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.068 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3, Тетово – 2, Велес, Кичево и Охрид- по 1. Регистрирани се…

Read More

Почитувани македонски репрезентативци и членови на стручниот штаб, во пресрет на вашиот прв настап на Европското првенство во фудбал, сакам со вас да ја споделам мојата целосна и безрезервна поддршка, напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев. – Со пласманот на #ЕУРО2020 вие веќе ја испишавте најсветлата страница од историјата на македонскиот фудбал, но јас сум убеден дека деновиве ќе испишете и нови успеси. Навиваме за голови, за победа, но пред сѐ навиваме и за овој досегашен македонски успех. Навиваме за ова ваше и наше време! Велат дека фудбалот е најважната споредна работа на светот, но вие во нашите…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе ги вложи сите напори во среда да биде во Скопје и да се обрати пред пратениците и членовите на Комисијата за надворешна политика во Собранието. Побара од пратеникот Антонио Милошоски, претседател на Комисијата да ја закаже и седницата и да бидат избрани новите амбасадори. – Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во Скопје за да се обратам пред пратениците и членовите на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Северна Македонија. Очекувам најмалку со иста ревносност претседателот…

Read More

Втората Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 26 јуни 2021 (сабота), во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ). Рутата на Прајдот, како и други организациски детали, ќе бидат дополнително споделени со јавноста во текот на идната недела. Оваа година Парадата на гордоста повторно се враќа на улиците, во физичкиот јавен простор. После првата, успешно и беспрекорно спроведена парада во 2019 година, пандемијата нѐ принуди сите минатогодишни настани за одбележување на Месецот на гордоста да ги одржиме онлајн. Неизвесноста во која нѐ втурна пандемијата е сѐ уште присутна, но среќни сме што состојбата се стабилизира и што…

Read More

Македонскиот премиер Зоран Заев за српски „Курир“ ја раскажа својата животна приказна. Откри дека во младоста продавал лубеници, пиперки и домати на пазарот до Горњи Милановац, а и дека првите заработени милиони му се повразани со Србија. – Првата голема заработка – 2,4 милиони марки е од црвен пипер, кој го сушевме во Струмица, и му го дадовме на Хоргос за производство на сушен црвен пипер. Во 2001 година, во Суботица, преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Договорот падна, профитот беше 2,4 милиони марки. И со тој капитал купивме циглана. И кога ќе го прашате моето семејство од каде е создаден…

Read More

Кристијан Ериксен се наоѓа во центарот на вниманието на фудбалската јавност после вчерашниот немил настан на натпреварот помеѓу Данска и Финска. Од фудбалскиот сојуз на Данска утрово се огласија со официјални информации дека Ериксен и натаму е во стабилна состојба. „Ова утро зборувавме со Кристијан Ериксен кој испрати порака за благодарност до своите соиграчи. Неговата состојба е стабилна и ќе остане во болница додека завршат сите тестови и прегледи.“ – се наведува во соопштението. „Екипата и стручниот штаб беа во шок после вчерашните случувања, но продолжуваме да бидеме заедно еден до друг. Благодариме на сите за пораките за поддршка за…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18 часот во Букурешт ќе игра со Австрија, и тоа ќе биде историски прв натпревар на едно Европско првенство. Мигот кој го чекавме 30 години, конечно, се оствари. Македонија е дел од ЕУРО и ќе оди на успех во групата, во која покрај Австрија се Украина и Холандија. Македонските фудбалери подготвени го очекуваат почетокот на ЕУРО кое веќе трае два дена. Од националниот тим во последните неколку дена низ прес-конференции најавуваат давање на максимум и беспоштедна битка за добар резултат и успешен настап на ЕП.

Read More

Кина денеска остро ги предупреди лидерите на Г-7 дека деновите кога „малите“ групи земји одлучуваа за судбината на светот веќе одамна се минато, возвраќајќи им го ударот на најбогатите демократии во светот, кои побараа унифициран став кон Пекинг. – Деновите кога глобалните одлуки беа диктирани од мала група земји одамна се минати, изјави портпаролот на кинеската амбасада во Лондон. „Ние секогаш веруваме дека државите, големи или мали, силни или слаби, сиромашни или богати, се еднакви и дека светските прашања треба да се решат во консултација со сите држави“, додаде тој. Појавата на Кина како водечка глобална сила се смета за…

Read More

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 68 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 3 пациенти, во Велес се лекуваат 6 болни, а во Куманово 18 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 6 пациенти, во Прилеп 3, во ковид центарот…

Read More

Пратеникот на Вмро Дпмне и претседател на Собраниската комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски на својот ФБ профил извести дека седницата на која би реферирал Министерот за надворешни работи Бујар Османи за суштината и текот на разговорите со Бугарија , ја закажува на 16 јуни (среда) во 15.00 часот. Се дотогаш, пишува Милошоски на социјалните мрежи, ќе имало протести од 17-19 часот пред Министерството за надворешни работи. Ова доаѓа по ,,фрлената ракавица“ од шефт на Македонската дипломатија Османи, дека планира да се појави и да реферира пред пратениците кога ќе се усогласат слободните термини поврзани со неговите активности и активностите…

Read More

Ноќеска (13.06.2021) во 01.28 часот по добиена пријава во СВР Скопје, полициски службеници  од Полициска станица Карпош извршиле контрола во стан на бул.„8 Септември“, во кој престојува П.П.(25). При контролата, покрај П.П., биле затекнати уште седум лица на домашна забава, на возраст од 25 и 26 години и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Read More