Author: Ivana

На самитот на лидерите на Г7 во Корнвол денеска беше поддржан новиот глобален план, инициран од САД, за помош на сиромашните земји во градење инфраструктура, како обид да и се одговори на кинеската иницијатива „Појас и пат“, соопшти Белата куќа. Британските медиуми јавуваат дека лидерите на Г7 денеска го одобрија стартот на планот „Изгради подобар свет“ (B3W) на американската администрација, вреден 40.000 милијарди долари, што ќе помогне да се намали недостатокот на инфраструктура во земјите во развој. „Претседателот Бајден денеска се состана со лидерите на Г7 за да разговара за стратешкиот натпревар со Кина и да се фокусираат на конкретните…

Read More

Од понеделник почнува запишувањето во прва година средно образование во учебната 2021/2022 година. Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, во јавните средни училишта слободни се 30 053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши согласно изготвен распоред од страна на училиштето.  Во јунскиот уписен рок има три пријавувања и запишувања – првото е на 14 јуни од 12 до 19 часот, на 15 и 16 јуни училиштата ќе примаат пријави од 7 до 19 часот и на 17 јуни – од 7 до 15 часот. Ранг-листите со резултатите од…

Read More

Најмалку 13 луѓе беа ранети во пукотница во центарот на Остин, Тексас. Полицијата соопшти дека осомничениот напаѓач се уште е на слобода. Двајца од ранетите се во животоазагрозувачка состојба се вели во соопштението. Инцидентот се случил изутринава и засега нема починати. „Во овој момент не се познати причините и мотивите за инцидентот, но поради претпазливост за настанот се известени работите групи за борба против тероризам на ФБИ“ се наведува во полициското соопштение.

Read More

Премиерот Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Во Канцеларијата вработена е Душка Белчовска, мајка на Верица, девојката чие срце беше донирано. -Оваа канцеларија претставува уште една алатка за комуникација со граѓаните, место каде што тие ќе можат да ги адресираат своите прашања, проблеми и предлози. На едноставен и лесно достапен начин секој граѓанин од Општина Струмица, но и од соседните општини ќе можат да закажат средба со премиерот Заев, а за време на викендите тие средби ќе можат и да се реализираат. Поддршка во овој процес граѓаните ќе добиваат од вработените во Канцеларијата,…

Read More

Во последните 24 часа се направени 4.370 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19 од:Кичево – 6, Скопје и  Тетово – по 4, Прилеп  –  2, Битола, Велес, Дебар, Куманово и Охрид- по 1. Регистрирани се 7 оздравени пациенти од: Скопје – 4, Кичево –  2 и Струмица –  1. Пријавено е 1 починато лице:  од Куманово (72г), во болнички услови. Досега во земјата се направени вкупно 831.031 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.528, бројката на оздравени пациенти е 149.619, на починати е 5.471, а бројот на…

Read More

Македонскиот фудбалски дрес на коj е симболизирано државното осмокрако сонце во двете црвено – жолта и бела комбинација е најубав во конкуренција на 24-те учесници на ЕУРО2020, во избор на американската телевизиска мрежа ЕСПН. – Ни се допаѓа буквално сè што содржи овој дрес. Тие се нација за која повеќето луѓе не знаат дека постои, но ми се допаѓа фактот дека нивното знаме е толку директно претставено на нивните дресови. Нивното знаме е импресивно, тоа го нарекуваме намера, а доколку го имате и на дресот тогаш дефинитивно имате и шанса, го образложија својот заеднички избор, еден од уредниците на „ЕСПН“ Клинтон Јетс и поранешниот американски фудбалски…

Read More

Училиштата не смеат да наплаќаат такси на родителите и учениците за издавање на свидетелствата, за што од страна на Министерството за образование и наука им беше укажано со писмен допис уште пред крајот на учебната година. Педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образование при што секое училиште добива дополнителни 5% во случај на грешки и слично. МОН потсетува дека, согласно Уставот на Република Северна Македонија како и член 3 од Законот за основно образование, и член 3 од Законот за средно образование (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 161/19 и…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција, коментираше за спорот со Бугарија. Тој вели дека во последно време сме сведоци на невобичаена ангажираност на сите земји членки на ЕУ да биде решен спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, и да добиеме датум за почеток на преговорите. „Гледаме невобичаена ангажираност на сите земји членки. Ете го слушнавме ставот на Макрон и на другите челници. Прашањето на овој регион се сведува на Северна Македонија. Ако на ова перфектно досие не се одговори позитивно, навистина остава сомнеж на ЕУ колку сака интеграција на земјите од Западен Балкан. Земјите се согласуваат дека…

Read More

Мал авион од типот Цесна го надлетува централното градско подрачје на Скопје со транспарент ОДИМЕ НА ЕВРОПСКО. Инаку, Македонската фудбалска репрезентација ги одбројува последните часови пред дебитантскиот настап на Европските првенства и натпреварот против Австрија в недела од 18 часот на Националната арена во Букурешт. На 17 јуни С. Македонија во Букурешт ќе игра против Украина, а на 21 јуни во Амстердам ќе ги одмери силите со Холандија. Македонија се пласираше на европско првенство за прв пат од осамостојувањето.

Read More

Полесно ќе ја одбраниме Европа од криминалот ако бидеме дел од ЕУ и нашата позиција е јасна: ние сме на европскиот пат и притоа сме доследни, вели министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за словенечкиот весник „Дело“. – Мнозинството граѓани сакаат да влеземе во ЕУ, целиот регион нема алтернатива во однос на членството во ЕУ. Ќе сториме сè за да ја постигнеме целта и да ги започнеме преговорите со ЕУ. Се надевам дека ќе се случи поместување уште пред почетокот на словенечкото претседателство на Советот на ЕУ, наведува Спаовски. Тој посочува дека криминал и корупција нема само на…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 448.502 граѓани.   На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 255.808 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.477 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.431 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 442.928 дози вакцини, а ревакцинирани се 187.120 граѓани.   Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  42 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 35 %…

Read More

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирани 4 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 36 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Нема примени пациенти во ковид центарот во ГОБ 8 Септември, а 4 пациенти биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти. Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 2 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно…

Read More