Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во понеделник почнува уписот во средно образование

0
By Ivana on June 12, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: fakulteti.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 12, 2021 14:56

Од понеделник почнува запишувањето во прва година средно образование во учебната 2021/2022 година. Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, во јавните средни училишта слободни се 30 053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши согласно изготвен распоред од страна на училиштето.  Во јунскиот уписен рок има три пријавувања и запишувања – првото е на 14 јуни од 12 до 19 часот, на 15 и 16 јуни училиштата ќе примаат пријави од 7 до 19 часот и на 17 јуни – од 7 до 15 часот. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 17 јуни по 16 часот. Квалификациското тестирање ќе се организира во училиштата на 21 јуни 2021 година и тој ден ќе бидат објавени конечните ранг-листи со резултатите. Второто пријавување овој месец е на 23 и 24 јуни, а третото е на 30 јуни.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок, односно на 23 август 2021.

Од вкупниот број слободни места во прва година средно, 19 602 се во стручно образование во 604 паралалеки, 9261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1190 места во 35 паралелки се за училиштата од уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и за математичко-информатичка гимназија.

Во фокусот на МОН годинава е средното стручно образование и пролетта организираше кампања „Учи паметно, работи стручно“ во општините низ земјава, во соработка со стопанските комори, локалните самоуправи и средните училишта, за да се утврди кои се потребните профили што треба да се отворат во одредено училиште или кои треба да се стават во мирување. Целта на проектот беше да се креира уписна политика која им одговара на сите, а најмногу ќе придонесе за намалување на младинската невработеност и за развој на економијата во државата.

Со  годинашниот Конкурс, отворени се 97 дуални паралелки (во 46 средни училишта во 25 општини), кои заедно со над 200 компании ќе спроведуваат концепт на дуално образование и зголемен обем на практична обука за 2001 ученик. Од нив, 11 паралелки се од веќе постојните програми, а 86 паралелки се резултат на нови соработки помеѓу училишта и компании кои изразиле подготвеност да примаат ученици на практична обука директно на работно место.

За да се мотовираат учениците да се запишат во средно стручно образование, воведени се и стипендии во текот на деветте месеци од идната учебна година: две илјади стипендии во вредност од 3.500 денари за сите ученици кои ќе се запишат во дуална паралелка или во тригодишно стручно образование, а 200 стипендии од 2.200 денари ќе им бидат доделени на ученици запишани во прва година во дефицитарните струки, како електротехничката, машинската, угостителско-туристичката, градежно-геодетската, земјоделско-ветеринарната и текстилно-кожарската струка.

МОН Средно образование упис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.