Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини спроти утрешниот премиерен натпревар против Австрија им посака успешен настап на македонските фудбалери на ЕУРО 2020, порачувајќи им да уживаат во секој момент од историскиот пласман на континенталниот собир. – Како Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) сигурни сме дека фудбалерите и на натпреварите од Европското првенство ќе дадат сè од себе за да го вивнат македонскиот фудбал во нови височини и одново да покажат дека припаѓаме меѓу најдобрите во Европа. А, ние ќе бидеме заедно со нив и заедно со многубројните фанови и целокупната јавност од срце ќе ги бодриме, порача Сејдини. Тој изрази надеж…
Годинешната Пулицерова награда во најпрестижната категорија „Во служба на јавноста“ ја доби весникот „Њујорк Тајмс“ за неговото „храбро и сеопфатно“ известување за пандемијата на коронавирусот, соопштија организаторите во Њујорк. Новинарот Ед Јонг од списанието „Атлантик“ и фотографот Емилио Моренати од новинската агенција Асошиејтед Прес (АП) исто така беа наградени за известувањето за пандемијата. Покрај наградите за следење на пандемијата на коронавирусот, значаен дел од признанијата беа доделени и за известувањето за протестите по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд кои прераснаа во движењето „Црните животи се важни. Американскиот весник „Минеаполис стар трибјун“, пак, е добитник на годинешната Пулицерова награда во категоријата ударни вести…
Сојузот на средношколци соопшти дека во изминатите неколку дена се повторува проблемот од минатата година – добива поплаки од средношколци од повеќе градови во земјава дека нивните средни училишта наплаќаат такси за издавање свидетелства. Сојузот бил информиран за ова од средношколци, а информациите му биле потврдени и од мрежата на активисти во тие градови. Сојузот посочува дека средното медицинско училиште во Тетово наплаќа меѓу 150-200 денари за свидетелство, додека економското училиште во Тетово бара износ од 150 денари за издавање на свидетелството и на дипломата за крај на средното образование. Исто така, и скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“ им наплаќа…
Со Меѓународен поетски митинг во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, синоќа беа отворени 58-те Рацинови средби. На поетскиот митинг настапија поети од земјава, како и гости поети од Србија, Бугарија, Црна Гора и Италија. Традиционалната Беседа за Рацин ја одржа проф. д-р Атанас Вангелов, а кој потоа прв со свои стихови го отвори Меѓународниот поетски митинг. Вангелов го постави прашањето што би рекол Рацин да е денес тука и појасни дека тоа ќе го одговори на еден индиректен начин, преку една негова песна Работник од 1930 и друга од 1936 година. Тој потсети дека во 1939 година кога…
Германија ја тргна Македонија, како и некои други држави од Балканот од листата на ризични земји за ширење на коронавирусот. Ова доаѓа како резултат на намалување на бројот на нови случаи во нашата земја. Покрај Македонија, од листата се тргнат уште и Србија, БИХ, Косово и Црна Гора, кои не се третираат повеќе како земји од висок ризик за ширење на коронавирусто, објави Институтот „Роберт Кох“. Отстранувањето од списокот на ризични земји го олеснува патувањето во оваа земја. Се очекува и другите земји да ја тргнат Македонија од листата. Во моментов Македонија е на листата на ризични земји на Холандија,…
Согласно со Одлуката на Владата за ослободување од плаќање патарина за возила на српски туристи за време на летната сезона, М-Смарт картичките во предвидената количина од 200.000 парчиња веќе се изработуваат сукцесивно, според утврден акциски план, вели во интервју за МИА директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, во пресрет на спатувањето во сила на владината одлука предвидена за 15-ти месецов, донесена во знак на благодарност за вакцините што ги донираше Србија за државава. Јавното претпријатие за државни патишта, посочува Рустеми, е подготвено во секој поглед, организациски и логистички да одговори на зголеменото движење и транзитирањето на сите…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со многу емоции им се обрати синоќа на новинарите во Париз по триумфот над Рафаел Надал и пласманот во финалето на Ролан Гарос. – Оваа победа е една од најдрагите и најголемите во мојата кариера. Дефинитивно тоа беше еден од моите трите највозбудливи натпревари, и најдобар што го имам одиграно на Ролан Гарос, имајќи ги предвид квалитетот на тенисот и поддршката која доаѓаше од трибините и за мене, и за него, изјави српскиот тенисер по големиот триумф над кралот на земјените терени и 13-кратен освојувачот на Грен-слем турнирот во Париз. Ѓоковиќ синоќа по голема борба и четиричасовен врвен тенис…
Министерството за здравство информираше дека во последното деноноќие се регистрирани 20 нови случаи на КОВИД-19 и тоа пет во Куманово, по четири во Скопје и Битола, три во Прилеп, а по еден новозаразено лице е регистрирано во Прилеп, Охрид, Кичево и Крива Паланка. Од министерството истакнуваат дека во последните 24 часа се пријавени две починати лица од Скопје (63 и 78 години), а и двете лица починале во болнички услови. Регистрирани се 30 оздравени пациенти. „Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот…
Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Судиите сметаат дека Камчев може да се крие, но и да се даде во бегство, па затоа сметаа и дека треба да му се определи оваа мерка за обезбедување присуство. – Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи мерката притвор за лицето Ј.К за 30 дена, поради постоење на околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП – информираа од Кривичен суд. Камчев, по одредувањето на првиот притвор и…
По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое за прв пат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА, испрати свој тим од 5 полициски службеници кои во периодот од 11.06 до 18.06 2021 година ќе бидат присутни во Букурешт, Романија. Задачата на нашите полициски службеници е заедно со полициските тимови на Романија, Австрија и Украина да создадат безбедносни услови овој значаен спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди, истовремено и да им излезат во пресрет на нашите граѓани кои ќе…
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирани 2 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 43 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Два примени пациенти имало во ковид центарот во ГОБ 8 Септември.Немало приеми ниту на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти. Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 3 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 15 болни,…
Се ангажираме на највисоки нивоа во Владата за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти, напиша на Твитер Нед Прајс, портпарол на американскиот Стејт департмент САД поддржуваат отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, без одложување, нагласува портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс. „Поддржуваме отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија без одложување. Се ангажираме на највисоки нивоа во владата, за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти“, напиша Прајс на Твитер. РТС, повикувајќи се на европски дипломатски извори, јави вчера дека Западен…