Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

М-Смарт картичките најефикасно решение за српските туристи

0
By Ivana on June 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 12, 2021 09:34

Согласно со Одлуката на Владата за ослободување од плаќање патарина за возила на српски туристи за време на летната сезона, М-Смарт картичките во предвидената количина од 200.000 парчиња веќе се изработуваат сукцесивно, според утврден акциски план, вели во интервју за МИА директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, во пресрет на спатувањето во сила на владината одлука предвидена за 15-ти месецов, донесена во знак на благодарност за вакцините што ги донираше Србија за државава.

Јавното претпријатие за државни патишта, посочува Рустеми, е подготвено во секој поглед, организациски и логистички да одговори на зголеменото движење и транзитирањето на сите учесници во сообраќајот домашни и странски возила кои ќе поминуваат на наплатните станици.

-На сите кабини на наплатните станици од Коридор 10, има читачи на електронски М-Смарт картички, видно обележани со портокалова рамка и  доволно е само да се доближи картичката за да се изврши отчитување и со тоа и да се наплати патарина со одземање средства од картичката. Сумата која е ставена како припејд кредит е пресметана сума за патарина за 1Б категорија (патнички возила) за наплатните станици од Куманово (Романовце) до Гевгелија во висина од 760 денари, надомест за патарина во двата правци. Но, со оглед на тоа дека електронската картичка М-Смарт Кард чини 100 денари, вкупната сума за изработка на картичка чини 860 денари. Веќе изработените М-Смарт картички ЈПДП ќе ги предаде на Министерството за внатрешни работи кои потоа ќе ги распредели на возила со српски туристи кои ќе поминат на ГП Табановце, вели Рустеми.

Нашата детална анализа, наведува, покажа дека употребата на М-Смарт картички е најефикасен начин да се одговори на Одлуката за ослободување од плаќање патарина за возилата на српските туристи. Имено,  предноста на смарт картичките е таа што им се овозможува на корисниците на патот брзо и непречено поминување на Наплатните Станици од Коридор 10, без чекање, со што ќе им се олесни самото патување.

Во однос на тврдењата дека поефикасно ќе било одлуката да се спроведе така што само ќе се кренат рампите на патарините Рустеми укажува дека со тоа само ќе се создаде дополнителна гужва и нервоза на наплатните станици. Ќе се прави, појаснува, огромен притисок на нашите вработени, затоа што секое возило што поминува на наплатна станица ќе треба да се евидентира и тоа ќе резултира со создавање на гужви (колони). Многу важен момент е како што реков и контролата, затоа што со М-Смарт картичките ќе се има точна бројка на поминати возила, а само со кревање на рампа тоа би било значително отежнато. Со М-Смарт картичките се минимизира човечкиот фактор, а се зголемува ефикасноста, како и почитувањето на законот.

-За жал, поради целата ситуација со пандемијата на Ковид 19 поради која доцни проектот на имплементација на Електронската наплата на патарина на наплатните станици од Коридорот 8, М-СМарт картичките не можат да се употребат на патниот правец кон Охрид. Сепак, ако не на сите, постои можност со картичките да се помине на две наплатни станици, Романовци и Миладиновци, со што сепак се намалуваат трошоците за патарина за српските туристи, посочува  Рустеми.

картички патарина Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.