Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Традиционалната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ оваа година ќе се одржи на 13ти јуни, во недела, со почеток од 7:30 часот. Стартот и целта на овогодинешната десет километарска трка ќе бидат на улицата Илинденска, пред фонтаната Лотос. Оваа брза улична трка повторно ќе ги исполни скопските улици со спортски и позитивен дух. Стартните пакети учесниците ќе може да ги подигнат во петок и сабота, на 11 и 12 јуни, во период од 12:00 до 19:00 часот, во кугланата на СРЦ „Борис Трајковски“. Натпреварувачите, пред стартот на трката ќе бидат поделени во пет стартни боксови, согласно одбраното време за трчање и ќе трчаат еден…
Министерството за здравство информира дека во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од починат донор. Двајца пациенти на возраст од 30 и 23 години кои подолго време се на дијализа ќе добијат бубрег од 44 годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со мозочна смрт. Рано утрово заврши трансплантацијата на срце кај пациент кој подолго време боледува од срцева слабост. Пациентот е во стабилна состојба и закрепнува по операцијата. Благодарност до тимовите за експлантација и трансплантација од Клиниката за Урологија предводени од д-р Сашо Дохчев и д-р Сотир Ставридис, кои изминативе 20 часа ги работеа…
Македонската фудбалска репрезентација го одработи утринскиот тренинг на „Национална арена Букурешт“. Ова е четвртиот ден подготовки за избраниците на селекторот Игор Ангеловски по пристигнувањето во романската престолнина во пресрет на Европското првенство. „Црвено-жолтите“ својот прв настап на ЕВРО 2020 ќе го имаат в недела од 18 часот против австрискиот национален тим
Анализите укажуваат дека преку дигитализацијата, судењата на далечина или онлајн судењата за 60 проценти ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста, а дополнително, на овој начин се намалуваат и трошоците, порача министерот за правда Бојан Маричиќ, на отворањето на Конференцијата за ефикасност на работата на судиите и судската администрација. Пандемијата, посочи тој, беше катализатор на процесот кој е од суштинско значење за подобрувањето на ефикасноста на работата на судиите и судска администрација, а тоа е дигитализацијата. – Дигитализацијата, за жал во некои сегменти во општеството наидува на отпор. Судството секако нема да биде заобиколено. Се надевам дека набрзо ќе бидеме сведоци на…
Кривичниот суд Скопје ги прогласи за виновни Фарук Буки, Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ обвинетите во случајот „Двојник“. Обвинетиот Буки, од страна на судот е осуден на три години затвор, додека на обвинетите Колевски и Шпишиќ им изрече условни казни од една година затвор во случај да го повторат кривичното дело во следните три години. Застапникот на обвинението Спасенка Аднонова, по објавување на пресудата предложи да се продолжи мерката притвор за обвинетиот Буки. Воедно, таа побара да продолжат и мерките за претпазливост за обвинетите Колевска и Шпишиќ . Судењето за овој предмет го води судијката Оља Ристова.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 73 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 7 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19.Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 11 болни, а во Куманово 15 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 7 пациенти, во Прилеп 3, во ковид центарот во…
Иако се смета за национален симбол и се наоѓа на монетите, балканскиот рис освен декларативно, всушност не се штити од страна на државата. За да постигнеме заштита, потребно е да се заштитат подрачјата во кои живее, се движи и размножува, со фокус на националниот парк Маврово. Препораките на Бернската конвенција ја препознаваат важноста и итноста за поголема легална заштита на Балканскиот рис. За жал, националниот парк Маврово сè уште не е репрогласен и нема закон, а со тоа нема ни мерки за заштита и план за управување, истакна Ана Чоловиќ Лешоска, координаторка за политики во Светскиот фонд за природата (ВВФ)…
Развојната банка на Северна Македонија на својата веб страница го објави јавниот повик за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за кредитната линија „Ковид 2”. Јавниот повик ќе трае седум дена, заклучно со 18 јуни, кога е последниот ден за поднесување на барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за 12 месеци. – Преку објавата на јавен повик со кој се овозможува корисниците на кредит од „Ковид 2” да побараат продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата се реализира мерка објавена во петтиот сет економски мерки. Објавата на јавниот повик е во согласност со Одлуката…
Британскиот премиер Борис Џонсон очекува дека на собирот на седумте најмоќни во светот кој почнува денеска, да се донираат милијарда вакцини против корона вирусот за најсиромашните земји. Џонсон само неколку часа по ветувањето на Американскиот претседател Џо Бајден дека САД ќе донираат 500 милиони дози од фајзеровате вакцина, рече дека Британија ќе даде најмалку 100 милиони од вишокот на вакцини за најсиромашните. Британскиот премиер ги повика лидерите од групата 7 да се обврзат дека до крајот на 2022 ќе бидат вакцинирани сите жители на планетава. Пандемијата и климатските промени покрај светските безбедносни ризици и планетарната соработка и на полето на…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 447.543 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 254.154 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани. Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина…
Од утре полицискиот час во Грција ќе биде пократок и ќе почнува во 01.30 часот, наместо 00.30 како што беше досега, а на угостителските објекти ќе им биде дозволено да пуштаат музика, соопшти попладнево заменик министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. По позитивната препорака од комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство, Хардаљас информираше за одлуките на Владата за дополнително олабавување на мерките. Од сабота 12 јуни, дозволена е музика во угостителските објекти, кои и понатаму ќе работат само во надворешните делови и само за посетители кои седат на маса, а на…
Дека нема случајности кога е во прашање политиката, поготово високата и светската, говори и натписот од задната страна на сакото на Американската прва дама Џил Бајден која придружувајќи го сопругот, претседателот на САД, Џо Бајден ја почнаа европската турнеја со посета прво на Велика Британија и премиерот Џонсон. ,,Љубов“ е пораката испишана на сакото од модниот бренд ,,Задиг&Волтер“ кое Џил Бајден го носеше врз бел со црни точки фустан. ,,Донесуваме љубов од Америка. Ова е глобална конференција се обидуваме да донесеме единство ширум светот. Мислам дека тоа сега им е потребно на луѓето, да почувствуваат единство ширум светот. Мислам дека…