Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Министерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на ГККШ предложи полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територија на цела држава. Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови. Епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центрите на териториј на цела држава. На КИБФС за прв пат од почетокот на пандемијата, лекарите прегледуваат пациенти и од други инфективни патологии. Според последната епидемиолошка…
Повеќе од 100 поранешни премиери, претседатели и министри за надворешни работи ги повикаа лидерите на Г-7 да платат две третини од 66 милијарди долари потребни за вакцинирање против Ковид-19 во најсиромашните земји. Во писмото, во кое Гардијан имаше увид, се наведува дека лидерите на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Канада мора да ја направат оваа година „пресвртница во глобалната соработка”. Меѓу потписниците на писмото се поранешните британски премиери Гордон Браун и Тони Блер, поранешниот генерален секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун и 15 поранешни африкански лидери. Потписниците на писмото наведуваат дека анкетите покажуваат дека јавноста го поддржува…
Утрово на вакциналниот пункт во Куманово ја примив втората доза од вакцината на “Синофарм”, соопшти на својот фејсбук профил, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. – Ве повикувам да го сторите истото, сите вакцини се безбедни и се единствениот начин да ставиме крај на пандемијата со Ковид-19, рече Спасовски. Граѓаните кои досега не се регистрирале, тоа може да го сторат на веб страницата www.vakcinacija.mk.
Конзервативците на Ангела Меркел забележаа убедлива победа на изборите во Саксонија-Анхалт на своевидниот последен регионален тест пред првите избори. ЦДУ под водство на новиот шеф на партијата Армин Лашет освои меѓу 35 и 36 проценти од гласовите, а антиимиграциската Алтернатива за Германија има околу 23 проценти. Саксонија-Анхалт е една од најмалите држави во Германија со население од само 2,2 милиони жители, но чистата победа во неделата им дава големо засилување на конзервативците и нивниот нов лидер Армин Лашет во пресрет на националните избори во Германија на 26 септември. Партијата на Меркел е доминантна сила во источниот регион со децении од…
Македонскиот идентитет и јазик не се, ниту пак би можеле да бидат предмет на какви било преговори. Нашиот идентитет и македонскиот јазик се резултат на културен и научен факт, резултат на долгогодишниот историски и културен развој. Впрочем, процесот на развојот на нашиот идентитет и јазик по ништо не се разликува од развојот на јазиците и културите на соседните народи, истакнува претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за белградска „Политика“ објавено денеска. – Северна Македонија споредено со своите соседи, најдоцна ја заокружува својата државност низ еден сложен процес на борба за национално ослободување и еманципација и веројатно тој фактор има…
Сите ученици запишани во тригодишните дуални паралелки ќе добијат стипендии, додека за оние од четиригодишните паралелки услов ќе биде успехот покажан во основното образование. Информациите ги објасни министерката за образование, Мила Царовска, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“. „Оние коишто се во четиригодишните сепак, треба да постигнат еден минимум, мислам 3,5 просек, којшто го имале во основното образование, но сметам дека тоа се речиси и сите ученици коишто ќе бидат во дуални паралелки. Тоа се некаде 2.000 ученици коишто ќе добијат стипендии во висина од 3.500 денари за целиот период на учење, 9 месеци, четири години или три…
Српскиот претседател Александар Вучиќ заедно со рускиот и аргентискиот претседател Владимир Путин и Алберт Фернандез преку видео врска го означија почетокот на производството на првата комерцијална серија на вакцината Спутник В на Институтот Торлак во Белград. Производството на руската вакцина воедно започна и во Аргентина, јави дописникот на МИА од Белград. Предвидено е за четири до шест месеци со компонентите кои пристигнаа од Русија во „Торлак“ да се произведат четири милиони вакцини Спутник В. Се очекува првата вакцинанација со вакцината од Торлак да биде за 10 дена. Вучиќ денеска истакна дека е горд и дека Србија ќе им понуди руски…
Под мотото „Вози одморен“, РСБСП ќе спроведе сообраќајно превентивни активности во летниот период, информираат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот во рамките на денешната работна средба на Претседателот на РСБСП, Гордана Кожуваровска, со директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија, Душко Пешиќ. Целта на состанокот, како што велат оттаму, било унапредување на соработката помеѓу двете институции преку размена на искуства знаење и позитивни пракси и реализација на заеднички сообраќајно превентивни активности во летниот период под мотото „Вози одморен“. – Како составен дел на состанокот беше организиран стручен собир на кој присуствуваа претставници на двете институции. На стручниот…
Министетството за животна средина никогаш нема дадено дозвола за увоз на индустриски отпадни горива. Ако биле увезени вакви горива во нашата земја под лажна претстава дека тоа е мазут, тогаш тоа е криминално дело бидејќи ние никогаш не сме го дозволиле тоа, изјави министерот Насер Нуредини, кој смета дека за спорниот мазут што бил узвезен и користен во земјава одговорност не треба да чувствува само тој, туку и Владата и сите граѓани. Во Дневникот на ТВ Сител Нуредини кажа дека без одобрение на Министетството со кое раководи, каков било отпад не може да биде увезен во нашата земја и дека…
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски вечерва искажа пофални зборови за настапот на младите играчи кои добија шанса и ја искористија запишувајќи се во листата на стрелците на средбата во победата над Казахстан. – Тие се тука затоа што добро ги знам нивните квалитети. Јас како селектор морам да мислам и на македонската иднина. Тие што добија шанса покажаа дека можам да сметам на нив. Честитки за нивните првенци во репрезентативниот дрес, изјави Ангеловски на прес-конференцијата по мечот со Казахстан. Запрашан за состојбата на Барди, Ангеловски уште еднаш изрази надеж дека Енис ќе добие негативен тест на коронавирус и…
Премиерот Зоран Заев, во врска со контролите на бензиските станици во земјава за неквалитетни горива и дали има затворено бензиски станици, денеска рече дека прелиминарниот извештај поминал на Влада, а во вторник ќе го имаат и комплетниот сублимат каде што ќе има и санкции од страна на Државниот пазарен инспекторат, а ќе има и препораки до Регулаторна комисија за енергетика за одземање лиценци или слично. – Тоа се дејствијата. Веќе е соопштено во јавноста каде е надминат процентот на вода, на пепел, немаат доволно петдневни резерви како што е пропишано по Законот и по Правилникот и соодветно сите институции ќе…
Во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на КОВИД-1 од:Скопје – 8, Куманово – 2, Битола, Тетово, Гостивар, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 1. Регистрирани се 38 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 7 починати лица: 2 лица од Скопје (77г и 73г) и по едно лице од Битола (67г), Тетово (71г), Кичево (80г), Кавадарци (86г) и Кочани (70г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 5 во болнички услови.Досега во земјата се направени вкупно 807.837 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од…