Утрово на вакциналниот пункт во Куманово ја примив втората доза од вакцината на “Синофарм”, соопшти на својот фејсбук профил, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Ве повикувам да го сторите истото, сите вакцини се безбедни и се единствениот начин да ставиме крај на пандемијата со Ковид-19, рече Спасовски.

Граѓаните кои досега не се регистрирале, тоа може да го сторат на веб страницата www.vakcinacija.mk.