Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Премиерот Зоран Заев, во одговор на новинарски прашања за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека се водат тајни преговори со Бугарија, и дали опозицијата е запознаена со разговорите, изјави дека не се преговара за нов договор со Бугарија, туку се бараат формулации за преговарачката рамка со ЕУ. Повтори дека не се преговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик. – Ние немаме преговори, ниту пак правиме нов договор со Бугарија, се бараат формулации за делот на преговарачката рамка што ја носи Европскиот совет, значи одлуката е таму, не се одлучува нешто во Бугарија или во Северна Македонија, рече Заев. Предлогот како што рече…
Вишото јавно обвинителство Скопје се согласува Драги Рашковски да излезе од притвор со гаранција, потврдија за „360 степени“ од обвинителството. Ваквиот став на второстепената обвинителска инстанца следи по жалбата на Рашковски на продолжувањето на мерката притвор против него во втората половина на мај од страна на Кривичниот суд во Скопје. Од обвинителството, на прашањата на „360 степени“ објаснија и дека понудената гаранција е во висина од околу 500 илјади евра. „Ве известуваме дека Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот оформен по поднесена Жалба на обвинетиот Д.Р. со понудена гаранција, до Апелациониот суд Скопје согласно законските надлежности достави писмен предлог со…
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има 3 хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 57 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември исто така е примен еден пациент, и еден нов заболен е хоспитслизиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 8 пациенти. Во ГОБ…
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, како ко-претседател на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Северна Македонија и Руската Федерација, во рамки на официјалната посета на Економскиот форум во Санкт Петербург, Русија одржа работна средба со заменик-министерот за земјоделство на Русија, Сергеј Левин. На средбата Николовски и Левин, ја потврдија досегашната успешна трговска размена. Oбемот на трговијата меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација во 2020 година изнесуваше 190,3 милиони американски долари, што е повеќе за 6,2% во споредба со 2019 година. Во исто време, извозот…
Премиерот Зоран Заев негира дека утрешното изненадување на Ахмети има било каква врска со заеднички кандидат Албанец за градоначалник на Скопје. – Не се работи за тоа, се работи за нешто кое што претставува модернизација на нашиот коалиционен партнер и нормално е за деталите да зборуваат тие а секако и во духот на тоа што го работиме и како Влада. Ќе ги видите деталите, како што ги презентиравме нашите промени, како најголем партнер на нашата коалиција кои се правеа со еlктронската евиденција со непосредното гласање, еднаквата застапеност на мажите и жените, поголема застапеност и на младите во партијата, така и…
Нашите трупи во Авганистан се таму уште навистина кусо време и очекуваме најголемиот дел од силите да бидат повлечени до јули. Сето тоа се прави со многу внимателно организирана воена операција која што ќе има една единствена цел, а тоа е сигурноста на сите припадници на НАТО-мисијата, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. На претходниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, укажа, земјите членки дискутиравме за најдолгата НАТО-мисија, тоа е мисијата во Авганистан во која и ние како држава учествуваме веќе 20 години. Беше донесена со консензус одлука да ја завршиме таа мисија, како што сме влегле заедно…
По формално новинарско барање преку воспоставените правила за достап до информации за увид во содржината на словенечкиот нонпејпер кој ја разбрани балканската јавност пред еден месец, службите на Советот на ЕУ одбија, но потврдија дека документот постои, јави дописничката на МИА од Брисел. Во одговорот на генералниот секретаријат на новинарското барање за увид во словенечкиот нонпејпер, Советот на ЕУ одговори: – Генералниот секретаријат успеа да идентификува само еден документ кој спаѓа во оваа дефиниција. По внимателно разгледување, жалам што морам да ве информирам дека пристап до овој документ не може да се дозволи, затоа што ова барање јасно спаѓа во…
Работниците од штипската фабрика „Баргала“ добија поддршка од претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски и од претседателот на Синдикатот од текстилната, кожарската и чевларската индустрија Љупчо Радоски. Синдикатот, како што информираа оттаму, има поднесени поединечни пријави за сите работници против сопственикот на фабриката за тој да биде санциониран за неисплатени плати за септември и април. Од ССМ велат дека доколку работниците побараат, ќе бидат поднесени и тужби за наплата на платите по судски пат. Димовски им укажал на работниците дека доколку одлучат, ССМ може да покрене и стечајна постапка и на тој начин од капиталот на фабриката…
Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК Јаким Неделков денеска на Фејсбук напиша дека пари за прекувремено ангажирање на наставниците се префрлени од Министерството за образование и наука до општините. – На денешната средба со министерката Царовска добивме уверување уште еднаш дека пари за прекувремено ангажирање на наставниците се префрлени од МОН до општините. Исто така министерката се обврза дека МОН во текот на денов ќе искомуницира со сите училишта и општини каде има проблем со исплата на средства за прекувремена работа, напиша Неделков на Фејсбук.
Никој во светот, ниту во било која земја не може да даде точно предвидување што може да се случи. Може да се случи да има мутација на вирусот која што е поконтагиозна од сите претходни соеви и тоа да ја смени епидемиолошката слика, смета министерот за здравство Венко Филипче. – Нашата проценка со резерва, е дека следниот период од два месеца летни кои што се пред нас ќе биде мирна епидемиолошката ситуација. Сепак граѓаните треба да знаат дека мерките се дадени да се почитуваат, маската секогаш е тука, иако не е задолжително да се носи надвор. Но кога има групирање, не…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 438.879 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 243.832 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.249 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.521 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 369.661 дози вакцини, а ревакцинирани се 125.829 граѓани. Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 %…
Агенцијата за бегалци на ООН (УНХЦР) изрази силно спротивставување на законот усвоен од данскиот Парламент со кој треба да се дозволи процесирање на апликациите на барателите на азил надвор од Европа, нарекувајќи го „откажување“ од сопствената одговорност според меѓународното право. Данска во четвртокот усвои закон со кој ќе се дозволува обработка на апликациите на барателите на азил надвор од Европа, со што предизвика гнев кај поборниците за човекови права и Европската комисија. Филипо Гранди, висок комесар на ООН за бегалци, во писмена изјава наведува дека барателите на азил, доколку се спроведе законот, можат да бидат присилно преместени и да се…